Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЦУК

301161724_590774289354954_6823866186930323195_n

Врнежи од дожд ја зафаќаат целата земја, можно зголемување на водостоите

Според хидролошката информација добиена од УХМР, за време на вечерните часови и ноќта започнувајќи најпрво од западните делови се очекуваат врнежи од дожд кои за време на раните утрински часови се очекува да се прошират и во источните делови и да ја зафатат целата територија на земјата.„Иако на места се прогнозираат пообилни количини, поголемите реки се очекува да можат да ги прифатат овие врнежи без излевање на водата надвор од нивните речни корита и без предизвикување на поплави.Единствено, доколку на места врнежите бидат интензивни и со пороен карактер, можно е да дојде до брзо зголемување на водостојот на суводолиците и помалите реки (со помали сливни површини), а исто така поради можноста од појава на невреме можни се и локални проблеми во дел населените урбани места.На планините особено во западните делови врнежите се очекува да бидат од снег и да се зголеми снежната покривка што позитивно ќе влијае на хидролошката состојба во наредниот период.Поради очекуваниот повремено силен ветер од јужен правец можна е појава на високи бранови на Охридското Езеро во Охрид каде водостојот на езерото е прилично висок.На места каде врнежите локално ќе бидат поројни и интензивни предупредуваме на внимателно движење покрај суводолиците и помалите реки.

Македонија | пред 4 дена

media-libraryq01sddkshk654bO34jw

Во тешка сообраќајка загина оперативен работник во ЦУК Битола

Вчера, во тешка сообраќајна несреќа, на 52-годишна возраст, загина Љупчо Бучукоски, оперативен работник во Регионалниот центар за управување со кризи во Битола.Колективот на Центарот за управување со кризи изразува длабоко жалење за загубата и упати искрено сочувство до семејството Бучукоски.„Драг Љупчо,Центарот за управување со кризи ќе те памети по твојата беспрекорна професионалност, посветеност во извршувањето на службените обврски, коректниот однос кон колегите и несебичната поддршка и помош кон граѓаните и градот Битола и Демир Хисар секогаш кога тоа беше потребно.Денес, кога се простуваме од тебе, со тага но и со гордост за твоите дела, ти благодариме за сè што направи во твојот прерано прекинат животен пат. Ќе останеш запаметен по добрината, човечноста и професионалноста.Последна почит кон нашиот драг колега Бучукоски ќе се оддаде во Капелата од Црквата Света Петка во селото Жван, Општина Демир Хисар, од 13.00 часот на ден 07.03.2026 година, а погребот ќе се изврши на локалните гробишта во селото Жван во 13.30 часот“, пишуваат од ЦУК.

Македонија | пред 3 седмици

media-library2jdksi4fhtjh5su9eDb

(Фото) Голем одрон кај Катлановскиот тунел на автопатот Скопје–Велес, сообраќајот се одвива по една лента

Голема карпа се одрони на автопатот Скопје-Велес кај Катлановскиот тунел, а камења и натаму паѓаат. Од АМСМ информираат дека сообраќајот се одвива по една коловозна лента.„По тунелот од Скопје кон Велес кај Катланово има голем одрон на една лента. Паѓаат камења и е опасно. Од страна на Центарот за управување со кризи, случајот е пријавен во ЈП за одржување на магистрални и регионални патни правци, како и во МВР – во нивниот оперативен центар“, велат од ЦУК.

Македонија | пред 1 месец

reka

Зголемени водостои на повеќе реки низ државата, се излеа Сива Река во близина на локалитетот Хераклеа

Центарот за управување со кризи информира дека поради врнежите од дожд и снег во изминатите 24 часа, на повеќе локации е забележано зголемување на водостоите на реките. Состојбата се следи континуирано, а надлежните служби постапуваат согласно потребите на терен.„Кумановски регионНа подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане водостоите се зголемени, но засега нема опасност од излевање.Во Општина Кратово, поради повремени врнежи од дожд, зголемено е нивото на Кратовска Река и Крива Река, без излевање.Пелагониски регионБитола:Регистриран е одрон на магистралниот пат Е-65, за што е известено ЈП „Македонија пат“ – Битола.Забележано е излевање на Сива Река во близина на локалитетот Хераклеа, за што е известено ЈП „Нискоградба“ – Битола.Новаци:Нивото на Црна Река изнесува околу 280 см.Демир Хисар:Зголемен е водостојот на реката Црна, без значителни излевања.Охридско-кичевски регионКичево:Евидентирани се 250 евакуирани лица, односно 63 семејства, на кои им се обезбедува храна, вода и неопходна поддршка.Екипи на комуналните служби работат на расчистување и продлабочување на речното корито на Зајашка Река, како и на чистење на канализационата мрежа.ТППЕ врши испумпување на вода од подруми на повеќе улици по пријави од жители“, велат од ЦУК.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryd9bcsqum2on2bs6HdpD

Силен ветер во Скопје, паднати дрвја, скинати кабли, материјална штета на повеќе автомобили

Од Центарот за управување со кризи известуваат дека поради силниот ветер на шест локации во Скопје се пријавени паднати дрвја и скинати кабли.„Во Скопје, како резултат на силниот ветер во скопската котлина, на шест локации се пријавени паднати дрвја и искинати кабли, при што е причинета материјална штета на повеќе автомобили.За состојбата се известени СВР Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, кои преземаат мерки во рамки на своите надлежности“, велат од ЦУК.

Скопје | пред 1 месец

media-library6poa935mug0ffNt0zM2

Паднато дрвo оштети три возила во општина Кисела Вода

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека денеска околу 15:30 часот преку единствениот број за итни повици 112 пристигнала пријава за паднато дрво на улицата Вера Јоциќ во општина Кисела Вода, во непосредна близина на средното економско училиште Васил Антевски – Дрен.Според првичните информации, дрвото предизвикало материјална штета на три возила и го попречува сообраќајот на наведената локација. Во соопштението на ЦУК се наведува дека се чувствува мирис на изгорен кабел, но нема активен чад.За настанот известени се СВР Скопје и ЈП Паркови и зеленило. Екипи од МВР треба да извршат увид на местото на настанот, а од ЈП Паркови и зеленило ќе го отстранат дрвото од коловозот.

Скопје | пред 1 месец

izlea-reka

Нема нови поплави во Тетово и Кичево, нивото на реките и водотеците е во континуирано намалување

По обилните врнежи од дожд, состојбата со поплавите во земјата се стабилизира. Во Кичево продолжува испумпувањето на водата од подрумите, додека во Тетовскиот регион се воведени ограничувања за сообраќај поради лизгави патишта. Евакуираните лица се згрижени и има обезбедена храна, вода и хигиенски средства.„Тетовски регионВо Тетовскиот регион нема нови пријави за излевање на реката Вардар кај село Форино, ниту на останатите водотеци каде што во текот на вчерашниот ден беше евидентирано излевање и поплавување.Во 05:45 часот, поради врнежи од снег, воведени се следните ограничувања во сообраќајот:Забрана за движење на товарни моторни возила на патните правци Гостивар–Стража–Кичево и Гостивар–крак Маврово–Дебар.На патниот правец Тетово–Попова Шапка е воведена забрана за движење на автобуси, додека за останатите патнички моторни возила е задолжителна употреба на зимска опрема.Битолски регионВо Битолскиот регион, преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава од жител на ул. „Буквски Мост“ за поплавена куќа. Случајот е пријавен во ТППЕ Битола за понатамошно постапување.Нивото на реката Црна Река во село Новаци изнесува 310 см.Во ЕЛС – Долнени утрово е остварен контакт и се очекува интервенција на патниот правец од село Сливје кон село Костинци, кој е во лоша состојба. Активностите ќе се реализираат со механизација од ЈП „Македонија пат“.Кичевски регионНа подрачјето на Кичево нема нови поплавувања на објекти. Состојбата останува непроменета, а нивото на реките и водотеците е во континуирано намалување.250 евакуирани лица се сместени во спортската сала „Христо Узунов“, каде им се обезбедени храна, вода и хигиенски производи.Екипи на ЈП „Комуналец“ и ТППЕ вршат испумпување на водата од подрумите на улиците Прилепска, Пиринска, Први Мај и 29 Ноември“, информират од ЦУК.

Македонија | пред 1 месец

media-librarypbi7vdkhfmqr284iJ13

Вонредна состојба во Полошкиот регион: Поплави и свлечишта во Тетово и Желино

Центарот за управување со кризи информира за поплавите на територијата на државата до 13:30 часот.„Тетово и Полошки регионКако последица од обилните врнежи од дожд во северозападниот регион, подрачјата што ги покриваат РЦУК Тетово и РЦУК Гостивар бележат поголем број интервенции поради поплави и свлечишта.Во Тетово:Пријавен е паднат потпорен ѕид врз семејна куќа на улица 146. На терен се излезени Кризниот штаб на Општина Тетово, полициска екипа од ПС Тетово и општинските инспекциски служби.Евидентирано е свлечиште на патот кон Попова Шапка, на околу 150 метри од жичарата. Одронот претставува ризик за околните станбени објекти.Големо свлечиште е регистрирано на улица 195, на патниот правец од с. Џепчиште кон с. Џермо. Патот е непрооден за цело маало.Свлечиште е пријавено и на улица „Прохор Пчински“.Во село Вејце пријавено е свлечиште над куќа со веќе постоечки оштетувања од земјотресот.Во Општина Желино, реката Вардар се излеа во село Стримница, при што се поплавени пет куќи. Поради конфигурацијата на теренот, пристапот за интервенција е отежнат.Во Општина Теарце пријавени се поплавени подрумски простории во село Теарце. Известени се надлежните институции.Во Општина Јегуновце поплавен е локалниот пат од село Сиричино кон село Јегуновце. Општината испрати механизација и се очекува нормализирање на сообраќајот.Во Гостивар состојбата се стабилизира по престанокот на врнежите. Реките во селата Лакавица, Беловиште, Мало Турчане и Балиндол се повлечени во своите корита.Во село Форино, по излевањето на реката Вардар, водата е повлечена од улиците. Поплавени се околу 200 куќи. Во тек е испумпување на водата со ангажирање на служби и локално население.Кумановски регионНа подрачјето на Куманово, како и во Општина Липково и Општина Старо Нагоричане, во моментов нема опасност од излевање на реките – водостојот е намален и водата е повлечена во коритата.Од вчерашните врнежи:Во село Опае (Општина Липково) поплавено е земјоделско земјиште по излевање на Слупчанска Река.Дел од земјоделските површини се поплавени и во село Оризаре.Во село Доброшане, кај мостот кон село Шупли Камен, имало насобран отпад и локално излевање на обработливо земјиште. Во моментов нема опасност.Во населба Бедиње е однесен дрвен мост од надојдената река. Известени се надлежните служби.Кичевски регионВо Кичево врнежите престанаа и нивото на реките е намалено. Состојбата во градската болница е нормализирана. Евакуирани се 250 лица (62 семејства), на кои им се доставува храна, вода и неопходни средства.Екипите на ЈП „Комуналец“ и ТППЕ вршат испумпување на водата од подрумите на улиците: Прилепска, Пиринска, Први Мај и 29 Ноември, како и кај домовите покрај реките Треска и Зајашка. Поплавени се и земјоделски површини покрај речните корита во општината.Скопски регионВо Скопје е пријавена надојдена вода кај мостот во Јурумлери (граница меѓу општините Аеродром и Гази Баба), како и минимално излевање на реката Вардар кај село Пакошево – Ново Село, во Општина Зелениково. Засега нема други пријави“, информираат од ЦУК.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryigm347k2t35hbQgL0r2

Критична ситуација во Гостивар и Кичево – поплавени куќи и земјоделски површини, евакуирани 220 лица

Во Полошкиот регион, во Гостивар, екипи на противпожарната служба интервенирале во текот на целата ноќ поради обилните врнежи од дожд и поплавувањата. Најкритична состојба е регистрирана во селото Форино кое е најпогодено од поплавите. Поплавени се и земјоделски површини во селата Чајле, Турчане, Врапчиште и БеловиштеВо Југозападниот регион, во Кичево, на улица Прилепска е регистрирано најголемо поплавување на куќи и евакуирани се 220 лица кои се сместени во спортската сала Христо Узунов. Заезерувања има и на улица 29 Ноември во населбата Подварош каде се поплавени подруми во повеќе куќи. Поплавени се и објекти на болницата во Кичево. Организирана е достава на храна и вода за загрозените лица со поддршка на Црвен крст, а на терен активно работат екипи од полицијата, комуналното претпријатие и противпожарната службаВо Североисточниот регион, во Општина Липково, во дел од селото Опае поплавени се земјоделски површини поради излевање на Слупчанска река, при што засега нема пријавени материјални штети. Поплавени земјоделски површини има и во селото Оризаре. Во Куманово, во селото Доброшане на локацијата Шупли Камен, кај мостот на Кумановска река има насобрани пластични шишиња, но засега нема опасност од излевање на рекатаВо Скопскиот регион, во Општина Сарај состојбата е мирна и се следи, додека во Општина Зелениково има минимално излевање на реката Вардар кај селата Пакошево и Ново Село без непосредна опасностВо Југоисточниот регион, во Струмица, засега нема пријавени штети од врнежите од дожд. Пријавен е одрон кај селото Суви Лаки кон Берово и за истиот се известени надлежните службиВо Источниот регион, во Пробиштип, регистриран е прекин во снабдувањето со електрична енергија во селата Долни и Горни Стубол и екипи на ЕВН работат на отстранување на дефектот.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryt7g9tqus3ouu5WR5zus

Вонредни информации по обилните врнежи: Поплави во повеќе региони, евакуации во Кичево и интервенции во Скопско, Тетовско и Гостиварско

Центарот за управување со кризи информира дека до 17:00 часот попладнево се евидентирани поплави и излевања на водотеци во повеќе региони во државата, по обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјата во изминатите часови.Во скопскиот регион, во Општина Сарај, поплавени се селата Буковиќ и Семениште. На терен интервенирале екипи на Општина Сарај, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување. Активностите се насочени кон расчистување на зафатените подрачја и одводнување на поплавените површини, со цел постепена нормализација на состојбата.Во кумановскиот регион, во Општина Липково, реката Слупчанка излегла од своето корито во село Опае, при што е зафатен дел од населеното место. Излевање е регистрирано и во атарот на село Оризаре, каде се поплавени земјоделски површини. Засега нема пријавени материјални штети од жителите, освен штети на обработливо земјиште. Во Кратово и Крива Паланка не се пријавени поплави.Во тетовскиот регион, интензивните врнежи довеле до зголемен водостој и проблеми со одводните канали. Пријавени се свлечишта на патните правци Тетово – Џепчиште и кон село Једуарце. Првиот патен правец е затворен за сообраќај, додека вториот е расчистен и повторно прооден. На делницата Тетово – Попова Шапка сообраќајот се одвива отежнато, а од утринските часови е воведена забрана за тешки товарни возила и автобуси. Засега нема опасност од излевање на поголемите водотеци, а снабдувањето со струја и вода е стабилно.Во гостиварскиот регион се пријавени поплавени куќи, подрумски простории и стопански објекти во Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше. Во село Беловиште се интервенирало по пријава за заглавени лица во поплавен објект, кои се безбедно извлечени. Во село Форино е регистрирано излевање на реката Вардар, при што се зафатени земјоделски површини и постои ризик за објектите во близина на мостот кон село Тумчевиште. Ангажирана е механизација за расчистување на речното корито.Во охридско-кичевскиот регион, во Охрид состојбата е стабилна и нема пријави за излевање или поплави. Во Кичево, по излевањето на Зајашка река, поплавени се повеќе куќи и дворови, а по пладне се пријавени дополнително околу 30 зафатени семејни домови. Извршена е евакуација на стари и изнемоштени лица, како и на деца од поплавените објекти.Од Центарот за управување со кризи соопштуваат дека состојбата се следи континуирано во координација со надлежните институции, а јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошниот развој на настаните.

Македонија | пред 1 месец

sneg-sk-1

Патиштата проодни, службите на терен – стабилна состојбата по снежните врнежи

Според информациите од регионалните центри и надлежните служби, на територијата на државата во моментов нема активни врнежи од снег, соопшти Центарот за управување со кризи. Патните правци на кои претходно беше формирана снежна покривка се расчистуваат и се врши опесочување, при што сообраќајот се одвива во зимски услови, претежно по влажни коловози.Екипите на ЈП „Македонија пат“, општинските зимски служби и јавните комунални претпријатија се постојано на терен и работат согласно утврдените приоритети. Главните магистрални и регионални патни правци се проодни, додека локалните патишта се расчистуваат на местата каде што претходно имало насобран снег.Забраните за сообраќај на тешки товарни возила на одредени планински превои и понатаму остануваат во сила таму каде што беа претходно воведени. Од надлежните служби информираат дека нема пријави за нови застои или посериозни проблеми во одвивањето на сообраќајот.Снабдувањето со електрична енергија и водоснабдувањето се стабилни, без евидентирани прекини на територијата на државата. Надлежните институции ја следат состојбата на терен и постапуваат согласно информациите од Авто-мото сојузот и теренските извештаи.Од Центарот за управување со кризи најавуваат дека и натаму внимателно ќе ја следат состојбата и навремено ќе ја информираат јавноста доколку дојде до какви било промени.

Македонија | пред 2 месеци

media-library5k8oa9s3sgot4uMOl1p

Состојбата со поплавите се смирува, водата се повлекува од земјоделските површини во Пелагонија, информира ЦУК

Во Пелагонискиот регион, водата полека се повлекува од поплавените земјоделски површини во атарите на Битола, Могила и Новаци, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).Од обилните врнежи кои го зафатија поголемиот дел од државата, најголемата житница во државата, Пелагонија беше една од најпогодените.Центарот за управување со кризи информираше дека во Пелагонискиот регион, во подрачјата во кои имаше излевање на реките, водата постепено се повлекува од поплавените површини. Нивото на реката Црна кај селото Новаци во 18 часот синоќа изнесувало 320 сантиметри.Според ЦУК во Демир Хисар, поради оштетување на мостот на Боишка река затворен е локалниот пат кон селото Мренога. Реките се вратени во коритата, но, Црна сè уште се излева во атарот на селата Жван и Единаковци каде се поплавени земјоделски површини.Во Ресен евидентирани се поплавени ниви од поројни води, па се интервенирало  со градежна механизација за расчистување на коритото на Голема Река.Обилните дождови освен во Пелагонија, направија проблеми во југозападниот и западниот регион.Во Кичево во тек е расчистување и дезинфекција на погодените домови, додека на евакуираните жители згрижени во спортската сала им е обезбедена неопходната помош.Поплавите и одроните на патиштата предизвикаа проблеми низ повеќе региони во државата, но, се забележува постепено стабилизирање на состојбата.

Македонија | пред 2 месеци

media-library5k8oa9s3sgot4uMOl1p

Вонредна состојба по врнежите: одрони кај Тетово и Гостивар, поплавави во Охридско и Струшко

Обилните врнежи што ја зафатија територијата на Република Северна Македонија предизвикаа одрони, поплави и отежнато одвивање на сообраќајот во повеќе региони, но според вонредната информација од Центарот за управување со кризи, состојбата до 18:30 часот е под контрола и надлежните служби се постојано на терен.Во тетовскиот регион, на патниот правец Тетово – Бањиче, пред ресторанот „Лумаре“, падната е голема карпа на коловозот со опасност од дополнителни одрони. За настанот се известени ЈКП Тетово, СВР Тетово и Дирекцијата за заштита и спасување, кои преземаат мерки согласно своите надлежности. Во градот Тетово и околината состојбата е стабилна, патната инфраструктура е проодна, а коловозите се претежно влажни. На патниот правец Гостивар – Маврово, кај каменоломот, е евидентиран одрон, при што е најавено расчистување и обезбедување на сообраќајот.Во тиквешкиот регион, во ридско-планинските делови околу Кавадарци се интервенира со два камиона на повеќе патни правци, при што сите патишта се проодни во зимски услови, а снежната покривка изнесува до 15 сантиметри. Во останатите населени места нема снег.Североисточниот регион е без поголеми проблеми. Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане нема излевање на реките, а водостоите се во опаѓање. Патот од селото Пелинце до граничниот премин Пелинце беше подмрзнат и небезбеден, но по интервенција е расчистен. Во Крива Паланка сите патни правци се проодни, а интервенирано е и на патот кон манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ поради одрон. Во Ранковце патот од селото Пклиште до селото Герман е затрупан со снег и е испратена механизација за расчистување, додека во Кратово сите локални патишта се проодни и водостоите не претставуваат опасност.Во источниот регион, во Штип нема активни врнежи. Водостоите се зголемени, но без опасност од поплавување, а на неколку патни правци има помали одрони кои редовно се расчистуваат.Југозападниот регион и понатаму се соочува со последици од врнежите. Во Охрид реката Сушица е ставена под контрола со насип, но на повеќе локации сè уште има поплавени подруми и дворови. Во Струга, во селата Мислешево и Калишта, поплавени се дворови, а санирањето е отежнато поради непречено истекување на водата. Во Дебар реката Радика има зголемен водостој, но без опасност од излевање, додека помалите одрони на патните правци Жировница – Дебар и Дебар – Струга редовно се расчистуваат. Во Кичево водостоите на Зајашка Река и Треска се намалени и нема опасност од нови поплави, а општинскиот кризен штаб одржува состанок за проценка на штетите и планирање на санација.Во пелагонискиот регион, поради оштетување на мостот на Боишка Река, локалниот пат кон селото Мренога кај Демир Хисар е затворен за сообраќај. Во Битола состојбата е нормализирана, а водата постепено се повлекува од поплавените површини во околните места. Во Крушево сите локални и регионални патни правци се исчистени, посолени и проодни, додека во Ресен поплавените земјоделски површини се ослободуваат од вода и се интервенира со механизација на коритото на Голема Река. Во Новаци, нивото на реката Црна изнесува 320 сантиметри и се следи континуирано.Од Центарот за управување со кризи апелираат на внимателно движење, особено на планинските и ридските патни правци, и најавуваат дека состојбата и понатаму ќе се следи со засилено присуство на терен.

Македонија | пред 2 месеци

media-library3hnubop6vppq7VaXwuC

Обилните врнежи предизвикаа поплави и евакуации во повеќе региони низ Македонија

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија територијата на Република Северна Македонија во изминатите денови предизвикаа поплави, излевања на реки, оштетување на патна инфраструктура и евакуација на население во повеќе региони, информира Центарот за управување со кризи, според состојбата до 9 часот утринава.Во Демир Хисар, поради оштетување на мост на Боишка Река, затворен е локалниот пат кон селото Мренога. Пријавени се излевања на реката кај селото Обедник и на потегот меѓу селата Обедник и Смилево, додека ЈП „Комуналец“ интервенира со проширување на речното корито во населбата Мургашево. Состојбата ја следат Регионалниот центар за управување со кризи и локалната самоуправа.Во Ресен поплавени се земјоделски површини, дворови, куќи и магацински простории, а нивото на Голема Река е значително зголемено. Јавните претпријатија и општинските служби интервенираат со пумпи и градежна механизација, додека Територијалната противпожарна единица учествува во испумпување на вода од подрумски простории.Во Крушево водата за пиење е заматена и надлежните препорачуваат задолжително превривање пред употреба. Реката Црна има покачено, но стабилно ниво, а ЈП „Комуна“ работи на зајакнување на насипите. Паралелно се следи и состојбата на Крушевска Река во координација со Општина Кривогаштани.Во општина Долнени, во селото Лажани пријавена е штета на двор и приземни простории од куќа, додека во селото Пешталево има поплави поради неисчистени одводни канали. На двете локации интервенирано е со градежна механизација.Во охридскиот регион реката Сушица се излеала на повеќе места, при што се поплавени дворови и подруми. Кризниот штаб и ЈП „Охридски Комуналец“ интервенираат со насипување, проширување на коритото и механизација. Кај селото Вапила, реката Далјан го оштетува патот под мостот, каде исто така се преземаат заштитни мерки, а евидентирано е и свлечиште на потегот Лескоец – Скребатно.Во Струга пријавени се поплавени дворови и куќи во населбата Мислешевски пат, како и во селата Мислешево и Калишта. Територијалната противпожарна единица интервенира со пумпи за испумпување на водата, а ангажирана е и градежна механизација. За состојбата е известена Општина Струга.Во Дебар реката Радика има зголемено, но стабилно ниво, а сите патни правци засега се проодни. Надлежните служби расчистуваат помали одрони на неколку локации.Во Кичево реките Зајашка и Треска имаат покачени водостои, но се под нивото на излевање. Како критична точка е посочена улицата Прилепска, каде се врши расчистување на каналите и коритото на Зајашка Река со тешка механизација. Поради ризик од поплави, околу 150 лица се евакуирани и сместени во спортската сала „Христо Узунов“, каде се згрижени од страна на Општината и Црвениот крст.На патниот правец Тумчевиште – Чегране има вода на коловозот и истиот е оценет како небезбеден за сообраќај, поради што се известени полициските станици во Гостивар и Чегране, како и Општина Гостивар.Во останатите региони во државата состојбата засега е стабилна, со зголемени водостои на реките, но без пријавени излевања или сериозни нарушувања.

Македонија | пред 2 месеци

media-library5k8oa9s3sgot4uMOl1p

ЦУК: Одрони, излевања и поплавени површини по обилните врнежи, состојбата под контрола

Центарот за управување со кризи информира дека до 12:30 часот, по обилните врнежи од дожд во изминатиот период, на територијата на државата состојбата е под контрола, иако во одделни региони се регистрирани проблеми со одрони, излевања на реки и поплавени земјоделски површини.Во Штипскиот регион, како последица на претходните врнежи, забележани се зачестени одрони од камења и појава на свлечишта на коловозите, поради што се апелира на внимателно движење. Во Скопскиот регион, според информациите на ЦУК, нема нарушување на редовната состојба поврзана со обилните врнежи од дожд.Во Охридскиот регион, до 12:30 часот нема пријави за поплавени објекти, а врнежите моментално се прекинати. Надлежните служби од Кризниот штаб Охрид извршија теренска проверка на критичните точки на реката Далјан кај селата Орман и Дебелополе. Регистрирано е излевање на реката Сушица во делот кај улицата „Прилепска“, по што е испратена механизација од ЈП „Нискоградба“ за спречување на понатамошно излевање. Надлежните предупредуваат дека доколку врнежите продолжат, постои опасност од излевање на реката Далјан кај селото Косел и селото Вапила.Во Струга е пријавено поплавување на дворови во четвртиот реон кај Мислешевски пат, предизвикано од надојдени води од Струшкото Поле. За состојбата се известени надлежните служби, а екипи на Територијалната противпожарна единица Струга интервенираат на терен со пумпи за испумпување на водата. На патниот правец Дебар – Струга има појава на одрони, при што екипи на „Македонијапат“ се ангажирани за одржување и расчистување на коловозот.Во Велешкиот регион нема нарушување на редовната состојба поврзана со врнежите од дожд и снег. Во Битолскиот регион градското подрачје е нормализирано, но во селото Кравари има заезерени земјоделски површини од 10 до 20 хектари, без опасност по куќите и индустриските објекти. Во селата Жабени и Породин поплавени се околу 70 до 80 хектари земјоделско земјиште, додека излевањето на Елешка Река предизвикало поплавување на околу 50 хектари обработливи површини, при што водата постепено се повлекува во коритото.Патот кон Буковскиот манастир е сериозно оштетен од поројните врнежи, а ЈП „Нискоградба“ интервенира со градежна механизација. Свлечиште е евидентирано и на патниот правец од селото Буково кон селото Горно Ореово. Поради оштетување на мостот на Боишка Река, локалниот пат кон селото Мренога е затворен за сообраќај. Како последица на поројните дождови, водата за пиење е заматена и се препорачува превривање од најмалку десет минути.Нивото на реката Црна кај селото Бучин е покачено, но стабилно и без опасност од излевање, при што насипите на критичните точки се дополнително зајакнати. Во текот на наредната недела, општинските власти во Крушево ќе формираат комисија за пријавување и проценка на штетите од поројните врнежи. Во општина Долнени е пријавена штета кај еден жител од селото Лажани, каде биле поплавени дворот и приземните простории, а оштетен е и тутунот. Поплавувања се регистрирани и во селото Пешталево, при што причината се неисчистени канали, а на двете локации интервенираше градежна механизација.Во Ресенскиот регион поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање јаболка. Нивото на Голема Река е зголемено од вчерашните 1,40 метри на 1,65 метри. Сите расположливи градежни машини и пумпи од јавните претпријатија и локалната самоуправа се ангажирани за испумпување на водата и стабилизирање на состојбата.Во Струмичкиот регион засега нема пријави за направени штети, врнежите се со послаб интензитет и не постои опасност од излевање на реките. Исто така, нема пријави за одрони или непроодни патишта. Во Кумановскиот регион, како и во општините Липково, Ранковце, Старо Нагоричане, Крива Паланка и Кратово, состојбата е стабилна, без излевање на реките, а сите патни правци се проодни по влажни коловози.Во Тетовско-гостиварскиот регион до 12 часот нема пријави за штети предизвикани од врнежите, а надлежните служби и понатаму ја следат состојбата на терен.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynnshbt96p51b6MiXHZU

ЦУК со најнова вонредна информација: Интервенции низ земјата по поројните дождови

Обилните врнежи од дожд во изминатиот период предизвикаа излевања на реки, поплави на земјоделски површини и локални оштетувања на инфраструктурата на повеќе локации низ Република Македонија, информира Центарот за управување со кризи, според состојбата регистрирана до 9 часот утрово.Во кочанскиот и штипскиот регион, кај Оризарска река во селото Грдовци е забележано излевање, при што ЈП Водостопанство „Брегалница“ интервенира со багер гасеничар, а механизацијата сѐ уште е на терен. Од понеделник е најавен почеток на чистење на речното корито од Грдовци кон Оризари, со цел спречување на идни несакани последици. Сообраќајот на патниот правец Кочани – Грдовци е нормализиран, додека на повеќе патишта во источниот дел се појавуваат одрони кои екипите на „Македонијапат“ континуирано ги расчистуваат.Во Битола, во населбата Стрчин, КЈП „Нискоградба“ интервенира со механизација за отстранување на нанос од чакал и земја. Во селото Кравари има заезерени земјоделски површини, но без опасност по објектите, додека во Жабени и Породин се евидентирани поплавени ниви, при што ЈП Водостопанство интервенира на Жабјанска река. Елешка река исто така е излеана, со поплавени земјоделски површини, а надлежните служби информираат дека нивото на водата во реките е во опаѓање.Во ресенскиот регион, поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање јаболка. Нивото на Голема река е значително намалено, од 2,20 на 1,40 метри, а екипи од локалната самоуправа, „Македонијапат“ и ЈКП „Пролетер“ вршат обиколка и проценка на терен. Според ЦУК, состојбата таму е нормализирана.Во Крушево, поради поројните врнежи, водата за пиење е заматена и на граѓаните им се препорачува истата да се преврива најмалку 10 минути. Нивото на Црна река кај селото Бучин е покачено, но водата се повлекла од местата каде што претходно била излеана. Екипи од ЈП „Комуна“, Територијалната противпожарна единица, општината и други надлежни служби работат на зајакнување на насипите кај критичните точки.Во Демир Хисар, локалниот пат кон селото Мренога е затворен за сообраќај поради оштетување на мост на Боишка река, а надлежните служби ја обезбедуваат локацијата. Во прилепските села Лажани и Пешталево се пријавени поплавени дворови и приземни простории, како и штети на тутун, при што интервенираше градежна механизација за расчистување на неисчистените канали.Во тетовскиот регион, патот кон Бање Тетово е исчистен, но сообраќајот е забранет од страна на СВР Тетово од безбедносни причини. Патиштата кон селата Жерма и Бродец се проодни, а состојбата во селото Стримница, општина Желино, континуирано се следи од надлежните служби.Од Центарот за управување со кризи информираат дека состојбата на теренот постојано се следи и дека институциите остануваат во подготвеност за навремено реагирање доколку се појават нови ризици.

Македонија | пред 2 месеци

media-library3hnubop6vppq7VaXwuC

Критична состојба поради обилните врнежи – излевања на реки, евакуации и одрони низ земјата

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи од дожд, заклучно со утринските часови, на повеќе локации низ државата е евидентирана сериозно влошена хидролошка состојба, со излевања на реки, поплави, одрони и евакуации на население.Во Источниот регион, во Општина Кочани е забележан значително зголемен водостој на реките и каналите во полскиот дел. Кочанска Река има локално излевање кај селото Горни Подлог, каде интервенира КЈП „Водовод“ Кочани со механизација. Зрновска Река се излеа пред вливот во Брегалница, а Оризарска Река кај селото Грдовци, каде состојбата е најкритична. Поплавени се неколку подрумски простории на куќи во близина на коритото, а Водостопанство „Брегалница“ интервенира со тешка механизација. МВР воведе забрана за сообраќај за моторни возила на северниот влез во селото. Злетовска Река и Брегалница имаат зголемен водостој, но засега нема излевање. Водостоите во горните текови се стабилизираат и опаѓаат, додека во средните и долните текови состојбата останува критична. Поради одрон, на патниот правец Македонска Каменица – рудник САСА, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од околу 200 метри. Во Пробиштип, поради излевање на реката Киселица на патот Неокази – Петришино, сообраќајот е отежнат.Во Скопскиот регион не е евидентирано нарушување на редовната состојба поврзано со врнежите.Во Југозападниот регион, во Охрид е одржан состанок на Кризниот штаб на Општина Охрид, при што е донесена одлука да се стават на располагање сите човечки и материјални ресурси. Населбата Далјан е поплавена поради излевање на реката Далја. Екипи со тешка механизација ја пренасочуваат водата кон езерото, а со пумпи се врши испумпување од подруми, дворови и деловни објекти. Преку бројот 112 се примени голем број пријави. Проблеми се пријавени и на Коселска Река кај селото Ливоишта, каде надојдената вода го подјадува патот кај мостот кон селото Вапила. Во Кичево, водостојот на реките се намалува, но на одредени локации состојбата и понатаму е критична. Околу 120 лица од улицата „Прилепска“ сè уште се евакуирани и сместени во спортската сала „Христо Узунов“, а во текот на утрешниот ден ќе се врши увид на оштетените објекти.Во Пелагонискиот регион, во Битола состојбата е нормализирана, освен во населбата Стрчин каде има наноси од земја и чакал. Во селата Кравари, Жабени и Породин се поплавени земјоделски површини, без опасност по станбени објекти. Регионалните и магистралните патишта се проодни, со повремени наноси кои се расчистуваат. Во Ресен се евидентирани поплави на земјоделски површини, дворови и помошни објекти во повеќе села, а водостоите постепено се намалуваат. Во Крушево и Демир Хисар има локални излевања на реките Црна и Обедничица, со поплавени дворови, ниви и локални патишта, при што дел од патната инфраструктура е оштетена.Во Северниот и североисточниот регион, во Куманово, Липково и Старо Нагоричане нема излевање на реките, но се забележани подмрзнати коловози на одделни патни правци. Во Крива Паланка, Ранковце и Кратово состојбата е стабилна, сите патишта се проодни, а снабдувањето со електрична енергија е уредно.Во Полошкиот регион, во Тетовско се пријавени свлечишта на локалните патишта кон селото Ѓермо и месноста Бањиче, кои моментално се непроодни. Во Мала Речица е пријавено уривање на потпорен ѕид со материјална штета, додека во општина Желино е регистрирано излевање на реката Вардар кај селото Стримница, каде интервенираат комуналните служби.ЦУК апелира до граѓаните на зголемена внимателност, избегнување движење покрај реки и критични подрачја и следење на официјалните информации од надлежните институции.

Македонија | пред 2 месеци

skopje-sneg-2021

Обилните врнежи предизвикаа поплави и евакуации: критична состојба во Охрид, Кичево и Гостиварско

Поради обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјата, на повеќе локации се евидентирани поплави, излевања на реки и отежнато одвивање на сообраќајот, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Состојбата се следи континуирано, а надлежните служби се на терен.Во тетовскиот и гостиварскиот регион, локалниот пат помеѓу селата Форино и Тумчевиште, во Општина Гостивар, е тешко прооден поради големото количество дожд. За состојбата се известени локалната самоуправа и полициската станица во Чегране. Забележани се и излевања на Лакавичка Река во селото Мало Турчане и на Сушечка Река во селото Горна Бањица. Надлежните институции и службите за итно дејствување ја следат состојбата на терен.Најкритично е во охридскиот и кичевскиот регион. Во Општина Охрид се поплавени подруми, гаражи и дворови на повеќе локации во градот, а реката Далјан е излеана од коритото на повеќе места, при што се поплавени голем број куќи. Локалната самоуправа и Кризниот штаб на Општина Охрид се известени и веќе постапуваат по пријавите, додека екипите за итна интервенција се распоредени на терен.Во Општина Кичево, на улицата „Прилепска“, поплавени се повеќе стамбени објекти. Извршена е евакуација на околу 100 лица, кои се сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Во акцијата интервенирале екипи на Црвениот крст, Дирекцијата за заштита и спасување, Регионалниот центар за управување со кризи, Територијалната противпожарна единица, ЈП „Комуналец“ и Општина Кичево. На евакуираните им се обезбедени храна, вода, кревети, душеци и ќебиња.Дополнително, регистрирани се излевања на Зајашка Река во реонот над стадионот „Влазрими“ и кај новото училиште „Санде Штерјоски“, како и излевање на реката Треска на земјоделско земјиште во атарите на селата Бигор Доленци, Вранешти и околината.Во битолскиот и преспанскиот регион, поради зголемениот водостој на реките и излевањето на повеќе водотеци, поплавени се бројни куќи и дворни места. За 09:00 часот е закажан состанок на Кризниот штаб на Општина Битола, со цел утврдување на приоритетите и подобра координација на активностите на терен.Од ЦУК информираат дека состојбата и понатаму внимателно се следи, а граѓаните се повикуваат на претпазливост и почитување на препораките на надлежните служби.

Македонија | пред 2 месеци

media-library376jhsde747u5QMdj9N

ЦУК предупредува: Ново свлечиште

По пријава добиена на бројот за итни повици 112, од Центар за управување со кризи информираат дека поради врнежите од дожд повторно е активирано свлечиште на патот кон Бања.Надлежните апелираат граѓаните да не патуваат на оваа делница сè додека состојбата не се стабилизира и не биде безбедна за сообраќај.Општинските екипи се на терен, ја следат ситуацијата и преземаат активности во рамки на своите надлежности. Состојбата ќе се следи континуирано, а јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошниот развој.

Скопје | пред 2 месеци

sneg-3

Вонредна информација од ЦУК: Поплави во Охрид и Кичево, одрони на повеќе патни правци

Според вонредната информација на Центарот за управување со кризи, заклучно до 17:00 часот, состојбата на поголемиот дел од територијата на Република Македонија е стабилна и без нарушување на редовното функционирање, и покрај обилните врнежи што ја зафатија земјата.Во Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Ранковце и Кратово не е регистрирано излевање на реки, ниту се евидентирани последици од врнежите, а надлежните општински служби континуирано ја следат состојбата. И во Скопје, Струмица, Велес, Кавадарци, Неготино, Свети Николе и Штип не се пријавени поплави или одрони, при што состојбата се оценува како стабилна и под контрола.Од ЦУК информираат дека во Охрид се пријавени поплавени подруми, гаражи и дворови на повеќе локации. За состојбата се известени локалната самоуправа и Кризниот штаб на Општина Охрид, кои постапуваат по пријавите од граѓаните.Во Кичево се евидентирани поплави на повеќе стамбени објекти на улицата „Прилепска“, при што е започната евакуација на жители. На терен интервенираат екипи на Општина Кичево, Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот крст, ЈКП „Комуналец“ и други надлежни служби.По пријава преку бројот за итни повици 112, во Струга е регистриран поголем одрон на патниот правец меѓу селата Татеши и Мислодежда. За настанот е известено Јавното претпријатие „Македонија пат“, кое презема активности за санација.Во тетовско и гостиварско регистрирани се одрони на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче, поради што сообраќајот се одвива со повремени отежнувања. Пријавени се и излевања на реката Вардар во селото Балин Дол, Лукавичка Река во Мало Турчане и Сушичка Река во Горно Бањице, при што е поплавено земјоделско земјиште и дел од дворови. За состојбата се известени Општина Гостивар, Дирекцијата за заштита и спасување, ЈКП „Комуналец“, Полициската станица Гостивар, како и ХЕЦ „Маврово“, каде е извршено намалување на производството на електрична енергија.Во Општина Боговиње, поради излевање на вода надвор од постоечките канали, поплавено е обработливо земјиште, при што директорот на ЈКП „Шари“ е на терен и ја координира интервенцијата со надлежните институции.Во Битола и Ресен, одронот кај селото Сирхан е саниран, додека во селото Дрмени се поплавени два двора, за што се известени Општина Ресен и надлежните служби на Дирекцијата за заштита и спасување.Од Центарот за управување со кризи информираат дека врнежите продолжуваат и дека состојбата на теренот и водостоите на реките се следат континуирано од сите надлежни институции.

Македонија | пред 2 месеци

media-library7bgk4d325u4q1IYREOp

(Фото) Опасно свлечиште во Тетово, евакуирани се жители

Обилните врнежи што го зафатија западниот регион предизвикаа опасно свлечиште во тетовското село Шипковица, потврдуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пријавата пристигнала преку единствениот број за итни повици 112, а свлечиштето се појавило во среде населено место, директно загрозувајќи четири семејни домови.Активиран е Кризниот штаб на Општина Тетово, а на терен се испратени екипи од ЦУК, СВР Тетово и градежните инспектори на општината. Жителите од непосредната зона добиле јасни насоки веднаш да ги напуштат своите домови поради ризик од нови движења на земјиштето.Ситуација на другите критични локацииЦУК информира дека обилните врнежи предизвикале проблеми и во источниот дел од земјата:Патниот правец Делчево – Истибања е погоден од повеќекратни одрони, но екипите на ЈП Македонија пат интервенираат континуирано и сообраќајот се одвива без застои.На патот кон селото Моштица во Македонска Каменица, по интервенција на ЈП Камена река, одронот е целосно исчистен и сообраќајот е нормализиран.Од ЦУК апелираат граѓаните да бидат внимателни, да ги следат препораките на надлежните и да избегнуваат придвижени терени и патишта каде што постои ризик од нови одрони

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryjjsbu6ddk8kgb7GOhvh

ЦУК апелира до возачите: Ако патувате имајте доволно гориво и зимска опрема

Состојбата со врнежи во земјава сега е стабилна, но земјава е повторно зафатена со нов циклонски бран кој носи нови врнежи од дожд и снег на повисоките места поради што се очекува зголемување на водостоите.Според Управата за хидрометеоролошки работи се очекува зголемување на водостојот во горниот дел од сливот на реките Вардар, Треска, Радика, Сатеска, Коселска, како и на водотеците во Охридско-Преспанскиот регион. Зголемување на водостојот се очекува и на реката Лепенец, на водотеците и суводолиците кои доаѓаат од Шар Планина, како и во сливот на реките Пчиња и Струмица. Поради високото ниво на подземни води, на одредени места е можна интеракција со површинските води и појава на заезерување.Од ЦУК апелираат на претпазливо движење покрај реките и суводолиците, а за оние што ќе патуваат следните денови да имаат доволно гориво во резервоарите и соодветна зимска опрема бидјеќи е можно да се формираат навеви од снег и одредени патни правци во одредени периоди да бидат непроодни. Лицата кои живеат на повисоки места навремено да се снабдат со храна и лекови.Во случај на опасност или потреба, граѓаните да се јават на бесплатниот телефонски број за итни повици – 112 во ЦУК.

Македонија | пред 4 месеци

54a8ff4e-c248-4646-bfb8-58acb0765237-odron-718x446-1

Обилните врнежи направија големи проблеми: Одрони, поплавени подруми и засилени интервенции на терен

Обилните врнежи во изминатото деноноќие предизвикаа повеќе интервенции низ државата, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како што информираат од ЦУК, екипите на регионалните центри биле активни на повеќе критични локации, каде се работело на расчистување, обезбедување терен и следење на водотеците.Од ЦУК објаснуваат дека на подрачјето на Битола биле ангажирани јавните претпријатија и водостопанските компании, кои со механизација ги отстранувале наносите и ги зајакнувале насипите на повеќе делови од речните корита. Поради ерозијата на коловозот кон Пелистер и кај село Цапари, бил предложен привремен прекин на сообраќајот на стариот пат Р-106 и негово пренасочување по трасата А-3.Во Охрид и Кичево водостоите се зголемени, но без излевања, велат од ЦУК. Најризична точка била кичевската улица Прилепска, каде било побарано општинско интервенирање. Во Охрид, пак, екипите реагирале по пријава за поплавени подруми во населбата Железничка — проблем предизвикан од диво ископани канали кои го пренасочиле текот на водата.Според информациите на ЦУК, во Кумановско реката Пчиња накратко излегла од коритото кај Пелинце – Стрновац, но без евидентирана штета. Во тек е расчистување на мостовите во Коинце и Пелинце од дрвја и отпад, а засега не е утврдена опасност по нивната стабилност.На регионалниот пат Македонски Брод – Скопје, преку НП „Јасен“, голем одрон го блокирал сообраќајот. Како што информираат од ЦУК, трасата е расчистена по една лента, а екипите продолжуваат со обезбедување на патниот правец.Од Центарот наведуваат дека сите регионални тимови остануваат на терен и дека состојбата се следи континуирано, со подготвеност за брза реакција во случај на нови промени во водостоите или дополнителни активирања на земјиштето.

Македонија | пред 4 месеци

dozd-1

ЦУК: Одрони и поплавени објекти во Битолско, екипите на терен

Состојбата во државата по обилните дождови останува стабилна, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК), според последните податоци од РЦУК 7/24. Водостоите на водотеците се движат во рамки на нормалата, со благо зголемување, но без сериозни ризици.На повеќе локации се регистрирани одрони и локални поплави, а надлежните служби веднаш интервенирале. На патниот правец Битола – Прилеп, кај селото Лознани, има појава на одрон, а за случувањето се известени битолската полиција и јавното претпријатие задолжено за одржување на патиштата.Голем камен се одронил и на патот Ресен – Охрид, кај селото Буково, а екипите на МВР и патното претпријатие се упатени на терен. Во Битолско се регистрирани и два поплавени објекти – фарма во селото Породин и визба во урбаниот дел на градот.Одрон од околу 15 метри е пријавен и на патниот правец Близанско – Македонски Брод, каде што е известено надлежното јавно претпријатие.Од ЦУК информираат дека сите служби се усогласени и активно работат на расчистување на теренот и следење на состојбата. Директорот на ЦУК, Мухамед Али, уверува дека во моментов нема поголеми ризици за населението и инфраструктурата.

Македонија | пред 4 месеци

media-library5938g73bba1n3idK3N2

(Фото и Видео) Спасувачка акција над Горно Јеловце: Повреден при превртување на теренско возило

Денеска (21.09.2025) во 17:24 часот е добиена пријава за едно повредено лице при превртување на теренско возило на планински пат над селото Јеловце, општина Врапчиште. За настанот веднаш биле известени Полициската станица Гостивар и Полициската станица Галате.Пријавата пристигнала преку Едиствениот број за итни повици. Поради тоа што теренот бил тешко пристапен за возило на Итната медицинска помош, по барање на директорот на ЦУК, Мухамед Али, Дирекцијата за оперативни центри испратила барање до Министерството за внатрешни работи за ангажирање хеликоптер и специјални единици (алпинисти) за спасување на повреденото лице.Според првичните информации, повредениот ќе биде транспортирaн до Клиничкиот центар, каде ќе му биде укажана понатамошна медицинска помош.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања