Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЦУК

Screenshot-2024-04-15-at-19.00.08

(Видео) Хеликоптерите на МВР исфрлија над 50 тони вода врз пожарот во атарот на село Селце

Денеска (15.04.2024) Одделот за воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар во атарот на село Селце, општина Тетово, упати два хеликоптера од типот Бел-412 и М171.Тие со прецизно дејствување исфрлија 50 тони вода, во кординација со силите на терен, со цел стопирање на кракот што се движеше кон селото Селце.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-13-at-13.30.11

Ангажиран и хеликоптер за гаснење на пожарот во Мавровско

Регионалниот ЦУК Тетово известува дека пожарот во Национал Парк ,,Маврово" е се уште активен.Во текот на денот во гаснењето на пожарот интервенираат 5 лица вработени во Национален арк. За настанатата состојба известен е градночалникот на Општина Маврово-Ростуше и истиот известил дека поради непристапноста на теренот и лицата кои интервенираат во гаснењето на пожарот не можат да се справат со истиот, па поради тоа од негова страна беше побарано до директорот на ЦУК, Ангелов, ангажирање воздухоплови за гаснење на пожарот.Хеликоптерот на МВР веќе дејствува, при што полни вода од Мавровско Езеро.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-09-at-18.30.32

(Фото) Можеше да заврши фатално: Мечка искасапи маж во околината на Велес

Центарот за управување со кризи информира дека имало опасен напад од мечка на возрасен човек, 61-годишник, на планината Мукос, кај месноста „Сеча“, во атарот на с.Оморани на територија на Општина Чашка, што се завршил за среќа само со телесни повреди (на грбот и телото) и каснувања (на двете нозе, на едната посериозно), а можел да биде и фатален. Повредениот, блиските од семејството информираа во комуникација со ЦУК, дека бил под многу голем стрес, при што при првиот контакт со нив. Кога отишле кај него, не можел и да комуницира.„Сточарот при нападот од мечката успеал, инстиктивно, поле неговото соборување на земја, со нозете да се одбрани, а го бранеле и неговите две помали кучиња. Притоа, се здобил само со повреди, а ситуацијата била сериозна, бидејќи мечката при повеќекратниот напад се обидувала да го зграпчи и да го касне на стомакот, што можело да биде фатално, информираа блиските. Потоа, по нападот, лицето, дури имало сила, се вратило назад во неговата „Колиба“, заедно со стадото крави, но таму папсало, изгубило сила, а и најверојатно заради претрпениот шок не се јавило веднаш за помош, при што поминало цело едно деноноќие.Блиските од семејството, при комуникацијата со ЦУК, информираа дека мечката го напаѓала стадото и другпат, но овојпат директно го нападнала сточарот, кога тој доцна попладне во неделата го враќал стадото крави од пасење. Истата мечка во последните три години постојано го напаѓала стадото, при што само во последната година има убиено три крави и неколку телиња. Повредениот сточар, бидејќи не се јавил дома од неделата (08.04.2024), а неговите блиски од семејството не можеле да го добијат на телефон, загрижени отишле директно на планината во „Колибата“ кај стадото крави и таму го затекнале под голем стрес и повреден. Примарно го згрижиле и веднаш го однеле во болница (ЈЗУ Општа болница Велес - хируршко одделение), каде што му е пружена соодветна медицинска нега и му се дадени лекарства. Неговите нозе, покрај раните од каснувањата биле и отечени од ударите при борбата да не го касне на стомак и да го повреди повеќе. На едната нога имал и помала скршеница и таа му била соодветно преврзана со медицински средства. Денеска, по одењето во болница и добивањето соодветна медицински третман и медикаменти, повреденото лице од напад на мечка, доцна попладне ја напуштило болницата и е на домашно лекување во својот дом во с.Дреновци во Општина Прилеп.ЦУК ја следи состојбата на повредениот преку комуникација со неговите блиски“, велат од ЦУК.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ЦУК: има уште два активни пожара од утринските седум на отворен простор

Центарот за управување со кризи информира дека од седумте вчерашни активни пожари, по утринскиот ангажман за нивно локализирање и гаснење, на терен има уште два активни пожара. Конкретно тие се во Општина Кичево – кај с.Ново Село (каде што гори шума) и во Општина Гостивар - кај селата Дебреше, Митрови Крст и Трново во реон на месноста „Пеклишта“ (каде што гори борова шума и мешана шума).

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-26-at-14.07.40

„Бел ден не видов“ - Ангелов се пакува од ЦУК, Џафери му јавил дека ќе покрене разрешување

Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување на кризи, ќе биде тема на денешната владина седница, каде ќе се дискутира за негово разрешување. Ова доаѓа откако „Достоинство“ се реши да ја напушти коалицијата со СДСМ и да влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.„Како премиер неспорно е дека тој има право да предлага именување и разрешување на функционери. Конечната одлука ја носи Владата. За да биде прифатен предлогот на премиерот за мое разрешување, поддршката треба да дадат министрите сосе вицепремиерите на СДСМ. Во спротивно нема да има мое разрешување“, кажа Ангелов.Генералниот секретар Миле Зеќевиќ прв знаел дека Ангелов излегува од коалицијата со СДСМ, а дури потоа претседателот Димитар Ковачевски.„Тие сметаа дека без разлика на политичка одлука на Достоинство, треба да останам на позицијата (во ЦУК)“, додаде Ангелов.Тој кажа дека вчера попладнето, Талат Џафери му се јавил на телефон и му кажал дека ќе следува негово разрешување.„Тоа го прифаќам како нормално“, кажа Ангелов.Прашан како поминал при директурувањето во ЦУК тој рече: „Бел ден не видов“, оти баш кога требало да одмара, се случувале најголемите несреќи.„Тогаш баш се случуваа најголемите несреќи“, потенцираше тој.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-59-2780PM

Вриела линијата 112: 2 085 повици-најмногу кон полицијата, а имало 21 пожари на отворено во последното деноноќие

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2 085 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 52,85%, а 47,15% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 67,83%, кон Итната медицинска помош 25,16%, а кон пожарникарите 5,73% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 987 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 1,27% и на 47,15% именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи.„Пожари на отворено има регистрирано 21 во последното деноноќие, што се пријавени и документирани во ЦУК, од коишто еден се води утрово се уште како активен. За активен пожар, што се евидентира се уште утрово, известува РегионАлниот ЦУК Тетово. во 19.44 часот бил пријавен како шумски пожар кај село Горно Јеловце, на непристапен терен и нема опасност за проширување. Известен е Национален парк Шар Планина и според условите истите ќе интервенираат во раните утрински часови.Регионалниот ЦУК Скопје информира дека пожарникарите од БППЗ на Град Скопје во текот на изминатото деноноќие: од 15.30 до 16.40 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило, гаснеле запалено ѓубре на депонијата Вардариште (Општина Гази Баба)и од 17.00 до 18.30 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалено ѓубре и ниска вегетација помеѓу селата Кадино и Миладиновци (Општина Илинден).Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од ТППЕ Ресен: од 10.22 до 12.20 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена сува трева и трски кај Авто кампот „Крани“, Ресен; од 14.10 до 15.15 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација на патот од с.Царев Двор кон с.Езерани; во период од 19.10 до 23.50 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалена нискостаблеста вегетација и сува трева во с.Покрвеник (Општина Ресен) Пожарникарите од ТППЕ Прилеп: во период од 17.30 до 19.00 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во близина на с.Присад, на 2 км од манастирот ,,Свети Ѓорѓија“ и од 18.58 до 20.45 часот со 1 ПП возило и 4 пожарникари интервенирале на запалена нискостаблеста вегетација и сува трева кај местото викано „Слива“ на патот кон областа Мариово(Општина Прилеп).Регионалниот ЦУК Струмица информира дека пожарникарите ТППЕ Струмица: од 13:45 до 14:50 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и ѓубре во с. Баница (Општина Струмица); од 10.20 до 11.30 часот со 2 ПП возила и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Градашорци (Општина Василево). Пожарникарите од ТППЕ Гевгелија од 10.05 до 11.10 часот со 1 ПП визило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Стојаково (Општина Гевгелија). Пожарникарите од ТППЕ Валандово од 18.23 до 19.30 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Марвинци блиску до патот (Општина Валандово).Регионалниот ЦУК Охрид информира дека пожарникарите од ТППЕ Струга од 15.08 до 15.35 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација во месноста „Теферич“ (Општина Струга) и дека пожарникарите од ТППЕ Дебар од 11.00 до 16.00 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запален костењар во с.Бомово (Општина Дебар)Регионалниот ЦУК Штип информира дека пожарникарите од ТППЕ Штип во изминатото деноноќие имале една помала интервенција. ТППЕ Берово изестува дека во период од 13:39 до 16:30 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај месноста „Ширината“ на површина од 15 хектари (Општина Берово) и пожарникарите од ТППЕ Македонска Каменица во изминатото деноноќие имале една помала интервенција.Регионалниот ЦУК Куманово информира дека пожарникарите од ТППЕ Крива Паланка од 15.25 до 18.10 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалено пасиште и сува трева во с.Луке место „Маала Соколовци“ (Општина Крива Паланка) и пожарникарите од ТППЕ Ранковце од 19.07 до 20.00 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Ранковце (Општина Ранковце).Регионлниот ЦУК Тетово информира дека пожарникарите од ТППЕ Гостивар известува дека во изминатото деноноќие имале две помали интервенции поради запалено ѓубриште и сува трева. (Општина Гостивар).ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено и за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во каналите. Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи“, велат од ЦУК.

Македонија | пред 2 години

pozarna

Одново пожари низ Македонија

ЦУК: 1 856 повици на 112, осум пожари на отворено во последното деноноќиеЦентарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 856 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 48,60%, а 51,40% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 65,79%, кон Итната медицинска помош 25,19%, а кон пожарникарите 4,89% од реалните повици кон 112 во ЦУК.„Инаку, имало 961 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 2,63% и на 47,28% именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи“, велат од ЦУК.Од пожари на отворено во последното деноноќие има регистрирано осум (8) коишто се и пријавени и документирани во ЦУК.„Регионалните центри за управување со кризи Куманово, Тетово и Штип, бележат по една интервенција во нивните региони, а Регионалниот ЦУК Скопје бележи пет пожари на отворено. Конкретно, пожарникарите од БППЗ на Град Скопје, од 13:30 до 15:00 часот гаснеле запалена шума и трева кај с. Грушино на површина од 3 500 m2 (Општина Арачиново), од 16:05 до 17:35 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари гаснеле запалена депонија во с. Брњарци на површина од 500 m2 (Општина Гази Баба) и од 16:10 до 17:35 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари, гаснеле запалена трева и ѓубре во Јурумлери на површина од 200 m2 .. (Општина Гази Баба) Инаку, од БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие бележи уште 2 помали интервенции“, велат од ЦУКПожарникарите паралелно со пожарите на отворено гаснеле и пожари во населени места, на територија на целата држава.ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено и за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во каналите. Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Мечка нападна турист од Данска на Шар Планина: го гребела, има повреди по нозете

Денес околу 10.45 часот, во месноста Јелак на Шар Планина, мечка нападнала дански турист кој заедно со група скијачи учествувал во т.н. "фри рајд" скијање (надвор од скијачки патеки) во близина на Попова Шапка.Мечката со гризнување и гребење му нанела повреди на нозете на скијачот. Екипа на итната медицинска помош од Тетово го транспортира повредениот скијач кон тетовска болница каде дополнително ќе биде утврдена тежината на повредите.Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, е упатен кон Попова Шапка од каде што ќе даде видео изјава со детали за нападот, по можност од лице место.

Македонија | пред 2 години

najnova

Поради сообраќајка - затворен патот Градско-Прилеп

Поради сообраќајна несреќа, на патниот правец Градско-Прилеп кај Плетвар.Сообраќајот е во прекин во двата правци од 14:15 часот.Детализ а сообраќајката нема

Македонија | пред 2 години

pozarna

До утрово имало вкупно 14 пожари на отворено во последното деноноќие и сите се изгаснати

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2 075 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 38,75%, а 61,25% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 59,22%, кон Итната медицинска помош 33,73%, кон пожарникарите 6,67%, а кон АМСМ 0,39% од реалните повици кон 112 во ЦУК.„Имало вкупно 14 пожари на отворено во државата во последното деноноќие, а пожарникарите сите ги изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места. Конкретно, Регионалниот ЦУК – Скопје и РЦУК Куманово информираат за по три пријавени и изгаснати пожари на отворено, РЦУК Битола за четири и РЦУК-Велес и РЦУК-Штип информираат за по два пријавени и изгаснати пожари на отворено.Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.Истовремено, ЦУК информира дека потребно и корисно е да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи“, велат од ЦУК.

Македонија | пред 2 години

Pozarna-1

Среде зима, гори низ Македонија

ЦУК информира дека утрово има се уште само еден активен пожар на отворено од вчерашните. Имало вкупно 22 пожара на отворено во државата, пожарникарите 21 изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места во последното деноноќие.„Активен пожар на отворено, од вчерашните 22 има на планината Китка, каде што се уште гори, најверојатно нискостеблеста вегетација, согласно последните информации што се добиени на 112 во ЦУК. Вчера во период од 16.15 часот, преку Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК добиено е пријава за шумски пожар кон Караџица во близина на месноста „Преслап“ после куќата на Планинарското друштво „Китка“, над селото Палиград, а под месноста „Карпата“ на планината Китка. За ова веднаш била известена подружница „Караџица“ на ЈП „Национални Шуми“ и Општина Студеничани од каде што информираа дека на неутврдена површина гори сува трева и мешана ниска и висока вегетација. Од подружница „Караџица“ информирале дека реонскиот чувар ќе оди на лице место за проверка на истиот пожар, дали пожарот има големи размери или не. Поради непристапниот терен, гаснење ноќеска не било можно.Истото вчера беше потврдено и од БППЗ кои известија дека во 17:00 часот, на местото од пожарот е упатено 1 ПП возило и 3 пожарникари кои ќе ја извидат ситуацијата и ако е можно ќе дејствуваат. Инаку, информацијата дека се уште чади и индицира дека гори од локацијата на истоимениот пожар ја потврдија и велосипедистите коишто сношти, а и утрово и во момент на праќање на утринската информација и со фотографии и со локација информираа за пожарот.Пожарникарите во последното деноноќие изгаснале 21 пожар на територијата на државата.Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека БППЗ на град Скопје, во изминатото деноноќие имаше три помали интервенции за запалена ниска вегетација на различни локации во Градот и околината.Регионалниот ЦУК Битола, информира дека ТППЕ Крушево имала седум интервенции врз пожари на отворано: од 14:15 до 17:10 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена деградирана ниско стеблеста дабова шума (0,5 ха), кај с.Норово на месноста „Темни Дол“. (Општина Крушево); од 11:30 до 15:00 часот ТППЕ Демир Хисар интервенираше со 1 ПП возило 3 работници од ПШС Бигла Демир Хисар на запалена ниска вегетација во атар на с.Мренога на површина од 10 ха.; од 11:15 до 12:25 часот ТППЕ Прилеп со 1 ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација во населба ,,Жабино мало“; од 14:30 до 17:00 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на с.Тополчани; од 13:30 до 14:30 часот со 1 ПП и 2 пожарникари интервернирале на запалена ниска вегетација пред вештачкото Прилепско Езеро; од 16:15 до 16:40 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на ул. „Целе Мавровски“ и од 17:29 до 17:40 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација зад салонот за мебел ,,Грација“. (Општина Прилеп)Регионалниот ЦУК Струмица, информира дека пожарникрите од ТППЕ Струмица имале две интервенции врз пожари на отворано: од 10:37 до 11:50 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Добрејци и од 17:42 до 18:20 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на регионалниот пат Радовиш кон Струмица.Регионалниот ЦУК Охрид, ја пренесува информацијата од ТППЕ Охрид во која се наведува дека во изминатото деноноќие имале само една помала интервенција.Регионалниот ЦУК Штип, информира дека ТППЕ Штип имала две интервенирале пожари на отворено: од 14:00 до 17:30 часот со 3 ПП возила и 12 пожарникари гаселе дел од магацински простор складиран отпад и сува трева во кругот на оранжеријата „Оаза Самантов“ (Општина Штип); од 18:30 до 20:10 часот ТППЕ Кочани со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во село Видовитиште. (Општина Кочани).Регионалниот ЦУК Куманово, информира дека ТППЕ Куманово интервенирале врз четири пожари на отворено: од 17:25 до 18:30 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснале запалена ниска вегетација во населба „Перпо Чичо“ (Општина Куманово); од 17:50 до 18:58 часот со 5 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација во с. Војник (Општина Куманово) и имале и две помали интервенции во Градот и околината.Регионалниот ЦУК Тетово, ја пренесува информацијата од ТППЕ Гостивар во која се наведува дека имал две интервенции поради запалена ниска вегетација и дека во двата случаја интервенирале со 1 ПП и 4 пожарникари.Центарот за управување со кризи апелира овој викенд да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации (минатиот викенд имаше околу 80 пожари на отворено).Истовремено, потребно и корисно е да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи“, велат од ЦУК.

Македонија | пред 2 години

20230227071314

Среде зима гореа депонии и планини: 34 пожари имало низ Македонија во изминатово деноноќие

Пожарникарите гаснea најмалку 34 евидентирани пожари на отворено, на места и со помош на локално население во изминатото деноноќие.„Пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата. Активен е само уште еден пожар од последното изминато деноноќие, на непристапен терен на Селечка Планина. Конкретно, Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од ТППЕ Прилп гаснеле пожар на запалена сува трева меѓу атар на с.Волково и с. Прилепец, Општина Прилеп со 1 ПП возило и 3 пожарникари. Пожарот што започнал во 19.12 часот бил изгаснат во долниот дел на пределот во близина на атарите на селата меѓутоа активен бил во горниот дел на непристапен терен на Селечка Планина“, велат од ЦУК.Инаку, целосно се изгаснати 33 пожари на отворено.ТППЕ Битола, во текот на денот ги имала следните интервенции, при што ги изгаснала пожарите:- Во период од 13:15 до 13:55 часот со 1ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Дихово.- Во период од 15:50 до 17:30 часот со 1ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Вешарејца.- Во период од 17:35 до 19:30 часот со 1ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Ротино.- Во петриод од 17:45 до 19:55 часот со 1ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Долно Српце.ТППЕ Прилеп во текот на денот ги имала следните интервенции:- Во период од 18:25 до 18:40 часот со 1ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Галичани.Уште една помала интервенција.-Во период од 18:12 до 21:50 часот со 2ПП возила и 5 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Дупјачани и с. Небрегово (општина Долнени)- Во период од 20:40 до 21:40 часот со 1ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај клучката кај с.Лознани,(општина Могила)Регионалниот ЦУК Скопје известува дека БППЗ на град Скопје, во текот на изминатото деноноќие, ги имала следните интервенции:- Во периодот од 08.55 до 09.45 часот, гаселе запалена ниска вегетација кај Стопански Двор на површина од 1.000 м2.Интервенцијата ја извршиле со 1ПП возило и 2 пожарникари (Општина Ѓорче Петров)- Во периодот од 14.45 до 15.05 часот, гаселе запалено ѓубре на ул.Скупи бб на површина од 1м2. Интервенцијата ја извршиле со 1 возило и 2 пожарникара. (Општина Ѓорче Петров )- Во периодот од 15:10 до 17:00 часот, гаселе запалена ниска вегетација и ниска шума во атар на с. Копаница на Жеден на површина од 2.000 м2 . Интервенцијата ја извршиле со 1 возило и пожарникари. (Општина Сарај)- Во периодот од 15:25 до 19:30 часот, гаселе запалена депонија во атар на с.Визбегово на површина од 1.000 м2. Интервенцијата ја извршиле со 2 возила и 6 пожарникари (Општина Шуто Оризари )- Во периодот од 15:25 до 16:15 часот, гаселе запалена ниска вегетација кај Скопско Поле на површина од 300 м2. Интервенцијата ја извршиле со 1 возило и 4 пожарникари (Општина Гази Баба)- Во периодот од 18:00 до 19:10 часот, гаселе запалена мешана шума кај с. Долно Количани на неутврдена површина. Интервенцијата ја извршиле со 1 возило и 3 пожарникари (Општина Студеничани)- Во периодот од 18:00 до 22:35 часот, гаселе запалена ниска вегетација на автопатот Петровец - Миладиновци на неутврдена површина.Интервенцијата ја извршиле со 1 возило и 4 пожарникари (Општина Петровец)Инаку, во изминатото деноноќие имале уште два помали интервемнции.Регионалниот ЦУК Штип известува дека ТППЕ Берово во текот на денот ги имала следните интервенции:- Во период од од 12:30 до 13:00 часот со 1ПП возило 2 пожарникара и двајца доброволци интервенирале на запалена ниска вегетација на површина 0,2 хектари во атарот на Пехчево на место викано Елата(општина Пехчево)- Во период од 13:00 до 16:00 часот со 1ПП возило и 2 пожарникари и двајца доброволци интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 0,2 хектари во месноста „Црнилишка Чекална“ во с.Црнилиште (Општина Пехчево)- Во период од 20.10 до 21.30 часот гаселе стрниште во село Оризари на површина од 0,2 хектари со 2 возила и 3 пожарникари (Општина Кочани) и- Во периодот од 22.10 до 23.30 часот со 1 возило и 2 пожарникари гаселе сува трева на површина од 0,3 хектари во село Спанчево (Општина Кочани)ТППЕ Пробиштип, во период од 16:45 до 18:30 часот со 1ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација 0,3 хектари во близина на с.Гујновци (Општина Пробиштип).ТППЕ Виница, во период од 17:30 до 18:30 часот со 1ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште на површина од 0,2 хектари во место викано Скараница (Општина Виница).Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека ТППЕ Струмица, од 19:53 до 21:00 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари и месно население околу 20 луѓе интервенирале на запалена ниска вегетација над црквата св. Ѓорѓи во с. Дукатино. Зафатена површина од околу 5 хектари (Општина Василево).ТППЕ Радовиш, во период од 21:10 до 22:10 часот со 1ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с. Јаргулица месност Восанци, каде што била зафатена површина од околу 6 хектари (Општина Радовиш).Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека ТППЕ Охрид во текот на денот ги имала следните интервенции:- Во период од 18:15 до 23:10 часот со 2ПП 6 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с. Издеглавје.- Во период од 18:15 до 23:10 часот со 1ПП возило 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с. Велмеј.- Во период од 18:15 до 23:10 часот со 1ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Злести.И уште една помала интервенција.ТППЕ Кичево, во период од 17:25 до 19:00 часот со 1ПП возило и 5 пожарникари интервенирале на запалено стрниште во с. Србјани.ТППЕ Македонски Брод, во период од 16:20 до 18:45 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари и дополнителна интервенција од М.Шуми со 1 теренско возило и 3 шумари интервенирале на запалена ниска вегетација,ливади во местото викано Ограѓе – с.ГрешницаРЦУК – Велес, из

Македонија | пред 2 години

20230227071314

Маж загина во кумановско, во пожар на отворено - го нашле пожарникари

Регионалниот ЦУК Куманово извести дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од ТППЕ Ранковце пронашле настрадано повозрасно лице при гаснењето на пожар на отворено сношти при интервенција од 20.30 до 00.10 часот во атарот на с. Псача. Опожарена била сува трева со површина од околу 0,4 хектари. На местото на настанот увид вршеле екипата на СВР и медицинската екипа.Настраданото повозрасно лице го изгубило животот, најверојатно, заради гушење од чад. Подетални информации ќе има откако ќе се заокружи истрагата.„Според извештаите на Регионалните центри за управување со кризи, ЦУК информира дека пожари на шуми и на вегетација на отворено, се уште има во државата, така што и во последното деноноќие имало над десетина регистрирани, по пријава, за запалена трева, нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата“, велат од ЦУК и додаваат:Од десетината „зимски“ пожари на отворено во последното деноноќие се уште три се водат како активни: над с. Лешница (Општина Желино), пожарот на планината Жеден и шумски пожар во атарот на с. Јамиште (Општина Пробиштип). Состојбата се следи од надлежните ангажирани тимови.Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.986 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 41,15%, а 58,85% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 60,49%, кон Итната медицинска помош 28,70%, кон пожарникарите 7,72%, а кон АМСМ 0,93% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, 2,16% со другите 58,85% што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 1.416 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи.Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, потребно и корисно е да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Македонија | пред 2 години

0-02-05-58b6c688bdfa3ae51a3a747edcbcfcf5fa747907d0265a2475de00d7f3a3919a_217778c7646

Пожарот на Шар Планина се самоизграснал, извести ЦУК

Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека во 09:00 часот е добиена информација дека пожарот кај с.Вешала во Општина Тетово се самоизгаснал во текот на ноќните часови.„Екипа од Национален парк „Шар Планина“ се наоѓа на местото на настанот и врши обиколка на опожарената површина и контрола на теренот за да спречи евентуално повторно самозапалување на огнот.Зафатена била поголема површина обрасната со сува трева, папрат, смрека и ситни грмушки“, велат од ЦУК.

Македонија | пред 2 години

brza-pomos-belgrad

Романец со срцеви проблеми се јавил на 112 во Грција, го спасил македонскиот ЦУК

Центарот за управување со кризи соопшти дека доцна синоќа, во соработка со грчкиот Единствен број за итни случаи 112, беше спасен романски државјанин кој имал опасни проблеми со срцето, со давање итна медицинска помош, а престојувал сношти во Гевгелија. Конкретно, неговиот повик за помош, најверојатно заради близина на границата, прво бил примен од број 112 на базна станица во Грција.-Бидејќи сите држави коишто го имаат Европскиот единствен број за итни случаи 112 соработуваат и се во контакт меѓу себе, колегите од грчката служба 112 веднаш оствариле контакт со македонската служба 112 во ЦУК. Веднаш, согласно оперативните процедури, е координирана акцијата за интервенција на Итната медицинска помош од Гевгелија и романскиот граѓанин е спасен со итно давање медицинска помош. Овој случај на меѓугранична, односно меѓудржавна соработка на две држави (Р. С. Македонија и Р. Грција), за спасување на граѓанин од трета држава (Р. Романија) ја отсликува можноста за спасување животи на граѓани од која било европска земја ако тие се наоѓаат во земја којашто е во системот на Европскиот единствен број за итни случаи 112, информираат од ЦУК.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2022-09-27-at-14.04.36

ФОТО: „Голф“ излета во Вардар: Претпоставки се дека во возилото имало патници, но што се случува со истите ќе се утврди со истрага

Преку бројот за итни повици 112 во 12:05 часот до Дежурниот оперативен центар на Центарот за управување со кризи добиен е повик-пријава од Соообраќајна полиција од Тетово во која се наведува дека кола Голф 4 со Кумановски регистерски таблици двиќејки се на патниот правец с. Желино кон Тетово, паднала од мостот на реката Вардар во надојдените води на речното корито на река Вардар. Поради брзината, длабочината и заматеноста на водата, возилото во еден дел од речното корито е носено по течението, но за кратко време истото во природен јаз е пропаднато и визуелно не се гледало.Во моментот не може да се одреди дали во возилото имало луѓе и каква е состојбата со истите. Оперативниот центар на ЦУК веднаш оставри комуникација и координација со МВР – СВР Тетово, ТППЕ Тетово, Брза помош Тетово и ДЗС. МВР веднаш испратија нуркачки екипи од специјалната единица и тие се веќе на пат кон с.Желино, додека Дирекцијата за заштита и спасување праќа сопствени екипи за спасување од поплави кои се со седиште во Велес. Во момент сме информирани дека возилото со помош и поддршка од градежни машини е извлечено надвор од длабоките води на речното корито и при првичен преглед визуелно внатре не се гледаат луѓе-патници. Претпоставки се дека во возилото имало патници, но што се случува со истите ќе се утврди со истрага.

Македонија | пред 3 години

277468956_964835740838563_2359101997731838525_n

Состојба со порои и поплави: искорнати кабли, паднати дрвја, штети

Состојбата до 19:00 часот на ден 20.04.20221. На подрачјето на РЦУК - Велес, во општина Чашка, од невремето во с.Мартолци има доста направено штети.Од ЈКП Тополка има испратено скипи на терен за расчистување на местото викано Долги Рид, имало и паднати бандери за кои се задолжени ЕВН за нивно расчистување. За оваа настаната ситуација е известен и директорот на ЕВН. Од невремето има направено неколку штети од кои се паднато дрво на главната улица над населба Тунел, на која интервенирале 2 пожарникари со 1ПП возило, дрвото е отстрането. Исто така има пријавено паднат дел од кров на ул.Жифко Фирфов истиот е расчистен од страна на ТППЕ Велес ос 1 возило и 3 пожарникари. Екипите се на терен со цел да се санираат штетите.Паднато дрво врз кола, интервенирано е од страна на ЈКП Дервен, при што дрвото е тргнато и ќе се направи увид и записник од страна на СВР Велес.2 На пдрачјето на РЦУК - Скопје, имало обилни и силни врнежи на дожд, при што се направени штети како: паднати дрва, кровови од куќи, кабли од струја и дрво врз патничкотто возило. за сите овие настани се известени се Град Скопје, општините и дргугите релеватните институциите.Активни пожарни нема до 19:00 часотИгасннети пожарни1.Струмица, Патниот патниот правец Свидовица – Струмица (R-1402, Strumica). запелно трска и стрниште, од 11:33 до 13:00 часот2 Велес, с.Каласлари,з апалено сено, од 16:30 во 17:30 часот

Македонија | пред 3 години

pozar-fabrika-riba

Вонредна информација од ЦУК за пожар на објект во кругот на фабрика

Вонредна информација за пожар на објект во кругот на фабриката „Техникал текстајлс“ (Технолошко индустриска развојна зона – Штип).„Во периодот од 10,10 до 11,15 часот ТППЕ Штип имале интервенција на запалена печка и кровна конструкција на објект во кругот на фабриката „Техникал текстајлс“ (Технолошко индустриска развојна зона – Штип). Истиот е локализиран од страна на екипа на ТППЕ Штип. Во гаснењето на пожарот учествувале 4 пожарникари со 2 ПП возила. Како последица од пожарот во Клиничка болница Штип се примени двајца пациенти со телесни повреди. Матреијалната штета дополнително ќе се утврдува“, велат од ЦУК.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-24-195610

Најголемиот пожар е на Криволак, а три се активни

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов рано утрово со полициски хеликоптер изврши извидување на трите активни пожари.„Најголемиот пожар е на дел од подрачјето на воениот полигон Криволак каде дејствуваат еден армиски и еден полициски хеликоптер. Воените магацини се дополнително осигурани и се целосно безбедни. Вториот пожар се наоѓа во атарот на с. Калуѓерица во близина на магистралниот пат Радовиш - Струмица каде е зафатена дабова шума, и по интервенција на ТППЕ Радовиш пожарот е ставен под контрола“, вели ЦУК.Третиот пожар е пожарот кој во текот на вчерашниот ден гореше во атарот на с. Требичино, во општина Василево, струмичко.„Пожарот во текот на ноќта го намали својот интезитет, чади на некои места но нема видлив активен оган. Во овој момент на лице место се екипи на ТППЕ Струмица. Доколку се разгори дополнително ќе се донесе одлука за евентуално гаснење од воздух поради непристапноста на теренот. Во состојба на подготвеност за дејство е и Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување“, додава ЦУК.

Македонија | пред 3 години

CUK-ANGELOV-NA-KARPI-MATKA-2

(ВИДЕО) Ангелов: Има уште една нестабилна карпа на браната Матка

Денеска, петок (15 април) на пешачката патека горе кај ѕидот на браната Матка, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, одржa прес-конференција на која ја извести јавноста за постоење на уште една голема нестабилна карпа високо над ѕидот на браната Матка како и за досега преземените мерки и активности за надминување на опасноста од двете нестабилни карпи.„Ова е првата карпа за која ЦУК ја информираше јавноста. Се работи за карпа тешка околу 20 тона што е во прилично нестабилна состојба и која што под одредени надворешни влијанија може да се лизне и да падне во насока на ѕидот на браната.Траекторијата не може однапред да се предвиди. Оваа нестабилна карпа и втората е тоа што овие карпи можат да го загрозат одводниот канал и евентуално ѕидот на браната Матка“, вели Ангелов.Истовремено информираше и за мерките кои ќе бидат преземени во следниот период.Веднаш потоа се искачи до нестабилните карпи коишто се наоѓаат на висина од околу 100 метри над ѕидот на браната Матка за одблизу да ја погледа нивната моментална состојба.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања