Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Бугарија со евро, но со поделено општество – порака од новогодишното обраќање на Радев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
1669028980_2874109_rumen-radev_ls

Бугарскиот претседател Румен Радев оцени дека одлуката за усвојување на еврото претставува стратешки избор донесен во контроверзен момент, истакнувајќи дека за ваква одлука требало да се одржи референдум. Ова Радев го порача во своето новогодишно обраќање до јавноста, пренесуваат бугарските медиуми.

Според него, воведувањето на еврото е последната голема пресвртница во процесот на интеграција на Бугарија во Европската Унија и чекор што земјата го заслужува врз основа на својата милениумска култура и цивилизациски придонес. Сепак, Радев оцени дека одбивањето да се побара мислењето на граѓаните за ова прашање е еден од најсериозните симптоми на длабокиот раскол меѓу политичката класа и народот.

— реклама —

Претседателот посочи дека токму ваквиот јаз бил потврден со масовните протести што се одржаа низ целата земја и кои, според него, ја казниле владејачката коалиција. Радев истакна дека првиот буџет изготвен во евра го ослободил акумулираното незадоволство кај граѓаните, наталожено поради корупцијата, растечката инфлација и самоволието на властите.

Тој нагласи дека протестите испратиле јасна порака за промената во расположението на општеството, при што младите Бугари, наместо да бараат индивидуален спас, почнале да размислуваат како да ѝ помогнат на државата. На плоштадите, како што рече, излегле и генерациите што ја преживеале транзицијата, што, според Радев, го прави ова најзначајниот политички настан во 2025 година.

— реклама —

Радев додаде дека граѓаните барале фер избори, јасна перспектива и достоинствен живот, нагласувајќи дека претстојните парламентарни и претседателски избори ќе бидат тест за тоа дали политичките елити ќе научат од досегашните грешки или ќе продолжат да се вртат во круг.

Бугарија на полноќ официјално го воведе еврото како своја валута.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

1669028980_2874109_rumen-radev_ls

Радев: „Прогресивна Бугарија“ оствари убедлива победа

Балкан | пред 2 дена

— реклама —
1669028980_2874109_rumen-radev_ls

Радев: Владата е посрамена, итна оставка и предвремени избори

Свет | пред 4 месеци

siljanovska-radev-1

Сиљановска-Давкова му понуди помош на Радев: Македонија подготвена да помогне по поплавите во Бугарија

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-22.46.09

Радев за Македонија: Бугарија никогаш не ставила вето

Свет | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања