Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Сиљановска-Давкова му понуди помош на Радев: Македонија подготвена да помогне по поплавите во Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
siljanovska-radev-1

Македонија е подготвена да даде поддршка во справувањето со последиците од катастрофалните поплави во Бугарија – ова го соопшти бугарскиот претседател Румен Радев по телефонскиот разговор со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

„Ѝ се заблагодарувам на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за конструктивниот разговор и изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија, како и за понудената подготвеност на Македонија да помогне во надминување на последиците од катастрофата,“ изјави Радев.

— реклама —

Разговорот се одржа во момент кога Бугарија се соочува со интензивни врнежи и сериозни поплави, кои зафатија повеќе региони во земјата. Дел од населението остана без електрична енергија, а пристапот до најпогодените подрачја е и понатаму ограничен.

Според последните информации од бугарските медиуми, поплавите однесоа четири човечки животи.

— реклама —

Во погодените области и натаму траат акциите за спасување и расчистување, во кои учествуваат волонтери, припадници на армијата и службите за итни интервенции, со цел што поскоро да се обнови нормалното функционирање и да се обезбеди безбедност за жителите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

MFA_8353

Бугарија е перципирана како најголем непријател – дали тоа го сакате?, вели ексминистерот Димитров

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
siljanovska-radev-1

Дали политичката промена во Софија ќе донесе промена во односот кон Скопје

Македонија | пред 2 дена

1669028980_2874109_rumen-radev_ls

„Прогресивна Бугарија“ на Радев убедливо води на изборите во Бугарија

Свет | пред 3 дена

1-5

Од 3.504 декларирани бугарски државјани во Македонија, само 210 се пријавени за гласање за тамошните избори

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања