Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Бугарскиот клуб со писмо до амбасадите и навреди за Македонците: Кој е сега фашист?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
286085495_1164194940788802_8882344881900776234_n

Љубчо Георгиевски, претседател на бугарскиот културен центар Ванчо Михајлов од Битола, објави писание на фан страницата на здржуението. Тој го сподели текстот од писмото кое како што вели го испратил до сите странски амбасади во Македонија. Во него наведува дека во Македонија има кампања против бугарскиот народ. Нему не му е јасно зошто странските амбасади не реагираат на чинот на палење на бугарскиот културен центар.

Писмото кое Георгиевски го испраќал, го пренесуваме интегрално:

— реклама —

„Како што веројатно знаете пред неколку дена во Битола беше извршен уште еден чин на насилство врз културниот центар на бугарската заедница во Битола. Центарот „Иван Михаилов“ среде бел ден беше преплавен со бензин и запален. Овој нов чин на заплашување доаѓа по целата злобна кампања против бугарскиот народ во Северна Македонија. Во јавните обвинувања против клубот најактивно учествуваа претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски и министерот Османи, кои до вчера нагло тврдеа дека Ванчо Михаилов бил хитлерист, а по истата логика - и ние Македонските Бугари. Но еве - оваа лага доведе до уште еден чин на национална омраза баш во стилот на Кристалната ноќ во ноември 1938 година. Кој е сега фашист? И зошто никој од Вас - нашите европски партнери не реагира на овој срамен чин. Тоа е директен и докажан резултат на државно субвенционираната кампања на омраза против нашиот бугарски народ во Северна Македонија ! Ова е резултат на замената на нашиот бугарски национален идентитет од југословенската окупација во 1944 година до денес. Подметнувачите на пожари се од круговите кои со децении пишуваат глупости во учебниците, кои ги конфронтират нашите деца со сопствениот бугарски народ. Доколку Вие, на кои се надевавме дека ќе помогнете за започнување на демократизацијата на скопскиот режим, не го прифатевте премолчено фалсификувањето на пописот, денес немаше да бидеме сведоци на ова беззаконие. Оти ​​да бевме само 3.500, очигледно немаше да се плашат од нас и да не запалат. Денеска се прашуваме дали ќе молчевте ако беше запалена албанска џамија?! Пошто ние би реагирале на секое повредување на демократските права на која било група на наши граѓани.

Ние од клубот Иван Михаилов не сме бугарски државјани. Ние сме меѓу стотиците илјади кои се сеќаваат на нивното вистинско потекло и историја. Ќе останеме верни на аманетот на Гоце Делчев, Тодор Александров и Иван Михаилов. И нема да се плашиме од пироманите што праќаат против нас. Ве молиме, господине амбасадоре, како претставник на земја од европското семејство, во кое сакаме да се приклучи нашата татковина, да го заштитите нашиот бугарски народ во Северна Македонија од омразата што ја диктира владата и насилството што таа го роди“, стои во писмото.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryva2lqcphngeiaXKlsBi

(Видео) Кафеава вода тече од чешма во битолско училиште

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library8p1l5u9oighe78qAFuD

Инциденти во Битолско: малолетник нападнат, повеќе возачи пијани зад волан

Македонија | пред 1 седмица

media-library7hbvc91tlhm6agPuOXr

(Видео) Се „крпела“ улица во Битола, а асфалтот е веќе раздробен и распаднат...

Македонија | пред 2 седмици

media-library1ko0cbsu7nsdf3YIPze

Се урна дел од таванот во салата на Центарот за култура во Битола – настаните откажани

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања