Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Бујар Османи со „Граѓанско око“ против корупцијата во Чаир

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Скопје
bujar-gb

Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи, најави дека по промената на власта на 19 октомври ќе стави крај на корупцијата и непотизмот во општината. Тој го претстави пакетот антикорупциски мерки „Граѓанско око“, со кои ветува целосна транспарентност, јавен увид во тендери и буџетот, независен мониторинг и контрола со вештачка интелигенција.

— реклама —

-Чаир денес е една од најнетранспарентните општини во Македонија. Корупцијата и непотизмот го задушуваат развојот, а општината е узурпирана од оние кои ја водат. Наместо да им служат на граѓаните, тие работат за свои интереси„ - истакна кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи.

— реклама —

„Денес сум тука да дадам збор дека тоа завршува по промената на власта на 19 октомври. Од најнетранспарентна, Општина, Чаир ќе биде во првите пет општини по транспарентност,“ порача Османи.

— реклама —

Тој истакна дека празните зборови им ги остава на неговите политички противници, а дека тој самиот ќе докаже со дела. За таа цел го претстави новиот сет механизми за борба против корупција и заштита на јавниот интерес под името „Граѓанско око“.

„Овој сет вклучува четири нови решенија што досега не ги вовела ниту една општина. Не е доволно само да се има желба, потребни се и јасни механизми„ Четирите механизми кои го сочинуваат „Граѓанското око“ се:

Јавно отворање на тендерите - Секое отворање на понуди за јавни набавки ќе биде јавно, со пренос во живо и снимка достапна на интернет. Ова е дозволено со законото за јавни набавки до одредена фаза на постапката.

Во текот на целата постапка, ќе се спроведува независен мониторинг од НВО и експерти за антикорупција во процесот на избор на најповолен понудувач кај поголемите тендери, за да се обезбеди фер и законска постапка.

“Јавна каса” - Онлајн следење на сметките, приходите и исплатите на општината, преку едноставна алатка со која граѓаните во секое време ќе можат да знаат за што се трошат нивните пари.

“AI контрола” - Постепено воведување на автоматизација на проверките со алатки за вештачка интелигенција, кои ќе ја елиминираат човечката пристрасност и ќе алармираат доколку нешто не е во согласност со законот.

„Со овие конкретни и ефикасни механизми ќе обезбедиме вистинска транспарентност и ќе ја заштитиме општината од корупција. Тоа е мојата заложба до граѓаните на Чаир,“ нагласи Османи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8r5n0i0ot87l5rFr57B

Чаир во пресрет на Бајрам: акција за чистење на јавните површини

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryclv0lbksph8l9tN5528

Отстранети 615 кубни метри отпад, во Чаир 13 записници за кршење на Законот за јавна чистота

Скопје | пред 1 месец

media-libraryais57cg2onfr26Lu6Mf

Ќе се реконструира улицата „Лазар Трповски“ во Чаир

Скопје | пред 1 месец

42465215_1995261163853419_3550302108123136000_o

Времен сообраќаен режим во Чаир поради градежни активности

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања