Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Цениме дека треба да се удри во чело“ - иницијатива за разрешување на членовите од Судски совет поднесуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
26122024-Mickoski

Иницијатива за разрешување на Судскиот совет, односно членовите поднесуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ до Собранието. Ова го објави премиерот Христијан Мицкоски, според кого, телото е главно упориште на корупцијата. Ова доаѓа откако граѓаните излегоа на улиците бунтувајќи се против системот, а по прегазувањето на Фросина Кулакова на пешачки премин од страна на Васил Јованов.

— реклама —

„На државата и граѓаните им е потребна правда, а правда може да се добие со длабоки реформи и сериозни промени наспроти досегашните пракси на злоупотреби кои имаат пуштено длабоки корени во системот. Македониjа мора да се бори против своето корумпирано мочуриште кое jа држи заробена и заложник и е причина за неjзино пропаѓање и разочарување кај многу од граѓаните. Затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет, кој според мое длабоко убедување е дел од системот кој останува главното упориште на корупцијата, неправдите и разочарувањата. Македониjа мора да победи!“, напиша Мицкоски.

— реклама —

„Во изминативе месеци се запознавав детално со начинот на функционриање, избор и институционалната мерија и сето тоа што е поврзано со судско-обвинителскиот систем во државата. Кога не знам, се трудам да учам. Заедно со министерот, со сите луѓе кои работат во Министерството за правда, пратениците, анализираме. И споделуваме искуства, бараме решенија. Не е тајна ако кажам дека граѓаните не се задовлни како функционира судско-обвинителскиот систем кај нас. Ние не можеме да направиме целосно распуштање или ниту можеме за кратко време да ги најдеме аномалиите. Но можеме да избереме судски совет кој ќе биде своевиден монитор како судиите се однесуваат, какви одлуки носат и зошто носат такви одлуки. Цениме дека треба да се удри во чело, а не да правиме импланти. Тоа подразбира дека се што е под ингеренции на Парламентот, таму каде се бираат, таму да се изгласа интерпелација. Тие можат да останат во Судскиот совет. Но ако ти водиш инает а ти изгласале интерпелација - не е добро. Тогаш имаме други алатки“, додаде Мицкоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 3 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 7 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 14 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања