Денеска во Будимпешта се одржа значајна и содржајна средба меѓу македонскиот претставник и унгарскиот премиер Виктор Орбан, на која во фокусот беа економската соработка, новите инвестиции и реализацијата на конкретни проекти од заемен интерес.
„Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки за граѓаните.
Унгарија е наш искрен и докажан партнер, а заедничките вредности, меѓусебната почит и силната соработка се темел на нашето стратешко партнерство.
Во време на предизвици, силните пријателства и јасната визија се клучни за стабилност и развој. Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели“, објави Мицкоски.