Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: Анкетите се мотивација, не гаранција – ќе работиме повеќе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Македонија
media-library7eu3qlol61n1aaUNNU7

Мицкоски изјави дека анкетите што покажуваат водство на ВМРО-ДПМНЕ не се причина за опуштање, туку мотив повеќе за работа и испорачување резултати, додавајќи дека тоа носи и поголема одговорност за Владата. Тој рече дека Владата работи во тешки услови поради „катаклизмична“ наследена состојба, мали ресурси и наталожени грешки, па се води по приоритети. Ја обвини опозицијата за невистинити и навредувачки пораки и нагласи дека нема да ветуваат „чуда“, туку реални политики и реформи.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека резултатите од анкетите, кои покажуваат водство на неговата партија, не се причина за опуштање, туку дополнителна мотивација за работа и испорачување резултати.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски нагласи дека Владата работи во тешки услови, поради, како што рече, состојбата што ја наследила.

— реклама —

„Како ВМРО-ДПМНЕ и како Влада правиме се што е во наша моќ да испорачаме, и јас лично што е можно повеќе за граѓаните. За жал, состојбата коа што ја наследивме од претходната влада ужасна, катаклизмична. Грешките кои што се таложеле со децении и погрешните политики кои што имале негативен ефект врз државата се големи. Ресурсите се за жал како резултат на тие погрешни политики многу мали. И ние работиме врз основа на приоритети“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Тој додаде дека позитивните резултати од анкетите значат и поголема одговорност за Владата.

„Овие бројки само треба да не мотивираат дополнително да работиме. Ова се само поголема одговорност и за мене како претседател на Владата, но и како ВМРО-ДПМНЕ како носечка партија во рамките на владината коалиција“, рече Мицкоски.

Во изјавата, тој ја критикуваше и опозицијата, обвинувајќи ја за ширење на неточни информации.

„Во јавноста знаете, од страна на опозицијата се испраќаат погрешни пораки, би рекол, пораки невистинити. Пораки навредувачки, пораки кои што имаат намера да растурат пердуви и по теркот на оние пиар стратегии колку фати фати, колку не фати тоа е тоа“, изјави Мицкоски.

Тој порача дека Владата нема да ветува невозможни работи, туку ќе се фокусира на реални политики.

„Ние сме сериозна државотворна партија, така и се однесуваме во Владата. Јас како човек, ќе сторам се што е во моја моќ да испорачаме што е можно повеќе за граѓаните. Чуда никогаш не сме ветувале. Ако ги игнорираме оние лажни изјави, за наводни наши ветувања кои што никогаш не сме ги кажале од страна на опозицијата. Ние водевме кампања и во 2024, и во 2021, и во 2025 дека чуда не ветуваме, чуда се невозможни, оној кој што ветува чуда не ја говори вистината, ги манипулира граѓаните. Ветуваме многу работа, напорна работа, работа како никогаш до сега и што е можно повеќе политики, реформи за подобра иднина на граѓаните“, изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 41 минута

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 4 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 11 час

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања