Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Цените на енергенсите растат: Холандија со пакет мерки вреден речиси една милијарда евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Свет
benzine

Холандската влада претстави пакет мерки од речиси 1 милијарда евра за ублажување на растот на цените на енергијата и транспортот, засилен од кризата на Блискиот Исток. Се зголемува надоместот за патни трошоци од 0,23 на 0,25 €/км ретроактивно, се укинува половина данок за мали претпријатија и привремено се намалува на нула данокот за товарни возила. За домаќинства се издвојуваат 195 млн. € преку енергетски фонд и 180 млн. € за изолација, со субвенции за електрични возила. Пакетот се финансира со повисоки акцизи на алкохол и кратење олеснувања; намалување на цените на горивата е отфрлено.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Холандската влада претстави пакет мерки вреден речиси една милијарда евра за да ги ублажи последиците од растот на цените на енергијата и трошоците за транспорт, кои дополнително се зголемени поради кризата на Блискиот Исток.

Во рамки на пакетот, се зголемува надоместот за патни трошоци на вработените од 0,23 на 0,25 евра по километар, и тоа ретроактивно за целата тековна година.

— реклама —

Владата проценува дека оваа мерка им носи на вработените индиректна корист еквивалентна на намалување на трошоците за гориво.

Покрај тоа, половина од данокот на моторни возила за мали претпријатија ќе биде укинат, додека данокот на товарни возила привремено се намалува на нула, како поддршка за логистичкиот и транспортниот сектор, пренесува порталот NOS.

— реклама —

Посебен дел од пакетот е насочен кон домаќинствата, бидејќи 195 милиони евра ќе бидат издвоени за помош на најзагрозените преку Националниот енергетски фонд, додека дополнителни 180 милиони евра се насочуваат во фонд за топлинска изолација и енергетска обнова на станови и куќи.

Покрај тоа, предвидени се субвенции за премин на електрични возила за домаќинства со средни и ниски приходи, како дел од пошироката политика за намалување на зависноста од фосилни горива.

Финансирањето на пакетот делумно е овозможено преку зголемување на акцизите на алкохол, кои ќе растат во согласност со инфлацијата, како и преку укинување и намалување на одредени даночни олеснувања за претприемачите.

Владата во Амстердам разгледувала опција за намалување на цените на горивото на пумпите, но на крајот ја отфрлила, со образложение дека мерката би имала висок фискален трошок со ограничен ефект врз граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryef1os1g66r97cWk2o7f

Холандскиот огранок на „Луј Витон“ казнет со 500.000 евра

Скопје | пред 2 месеци

— реклама —
media-librarynser3jouil780KDIzCf

(Фото) Експлозија во станбена зграда во Утрехт: Изби пожар и се урнаа повеќе згради

Свет | пред 3 месеци

media-library7h2rhr5785ot10eG9zC

Шокантно убиство во Холандија: Браќа задавиле сестра, ја врзале и врлиле во мочуриште – таткото осомничен за нарачка

Свет | пред 4 месеци

media-libraryg72v3ia1u92e8Jlbpqh

Холандија доби најмлад и прв геј премиер во историјата

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања