Цените на енергенсите растат: Холандија со пакет мерки вреден речиси една милијарда евра
Холандската влада претстави пакет мерки вреден речиси една милијарда евра за да ги ублажи последиците од растот на цените на енергијата и трошоците за транспорт, кои дополнително се зголемени поради кризата на Блискиот Исток.Во рамки на пакетот, се зголемува надоместот за патни трошоци на вработените од 0,23 на 0,25 евра по километар, и тоа ретроактивно за целата тековна година.Владата проценува дека оваа мерка им носи на вработените индиректна корист еквивалентна на намалување на трошоците за гориво.Покрај тоа, половина од данокот на моторни возила за мали претпријатија ќе биде укинат, додека данокот на товарни возила привремено се намалува на нула, како поддршка за логистичкиот и транспортниот сектор, пренесува порталот NOS.Посебен дел од пакетот е насочен кон домаќинствата, бидејќи 195 милиони евра ќе бидат издвоени за помош на најзагрозените преку Националниот енергетски фонд, додека дополнителни 180 милиони евра се насочуваат во фонд за топлинска изолација и енергетска обнова на станови и куќи.Покрај тоа, предвидени се субвенции за премин на електрични возила за домаќинства со средни и ниски приходи, како дел од пошироката политика за намалување на зависноста од фосилни горива.Финансирањето на пакетот делумно е овозможено преку зголемување на акцизите на алкохол, кои ќе растат во согласност со инфлацијата, како и преку укинување и намалување на одредени даночни олеснувања за претприемачите.Владата во Амстердам разгледувала опција за намалување на цените на горивото на пумпите, но на крајот ја отфрлила, со образложение дека мерката би имала висок фискален трошок со ограничен ефект врз граѓаните.
Свет | пред 2 дена