Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЦУК: Денеска е извршен успешен хеликоптерски транспорт на болно лице до Истанбул, по упатеното барање до ЦУК

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
helikopteri-mvr

Денеска, од утрово, е реализиран хеликоптерски транспорт на осумгодишно дете, до болницата „Медицински парк“ во Истанбул, Турција, заради хируршки зафат (операција) на ‘рбетниот столб, со хеликоптер на МВР што се опремува со преносна медицинска опрема.

— реклама —

Конкретно, на ден 13 мај 2024 година, преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, а потоа дополнително преку електронска пошта до Центарот за управување со кризи било упатено барање, од родителот на детето, за транспорт од Охрид до болницата во Истанбул.

— реклама —

Инаку, лицето, конкретно детето коешто се транспортира со хеликоптер, имало проблем со моториката, не може самостојно да оди, не зборува и има голем степен на искривување на ‘рбетниот столб, повеќе од 80%. Заради наведените здравствени проблеми долготфајниот транспорт по земја е можно дополнително да се одрази негативно врз здравствената состојба на детето. Ако се земе предвид дека оваа операција на ‘рбетот спаѓал во тешки и ризични операции, а постоперативното опоравување е долгорочно и многу тешко, особено во таква состојба, констатиртрано е дека друг вид на транспорт со толкаво времетраење е многу ризичен и опасен по животот на девојчето.

— реклама —

По упатеното барање во ЦУК, во координација помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на барањето е позитивно одговорено и денеска е денеска успешно се реализираше транспортот на болното дете со хеликоптер на МВР што се опремува со преносна медицинска опрема до Истанбул.

Според комуникацијата што ја оствари ЦУК, детето е веќе сместено во Медицинскиот центар во Истанбул, а за кратко време хеликоптерот ќе се врати во базата во Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

301161724_590774289354954_6823866186930323195_n

Врнежи од дожд ја зафаќаат целата земја, можно зголемување на водостоите

Македонија | пред 4 дена

media-libraryq01sddkshk654bO34jw

Во тешка сообраќајка загина оперативен работник во ЦУК Битола

Македонија | пред 3 седмици

media-library2jdksi4fhtjh5su9eDb

(Фото) Голем одрон кај Катлановскиот тунел на автопатот Скопје–Велес, сообраќајот се одвива по една лента

Македонија | пред 1 месец

reka

Зголемени водостои на повеќе реки низ државата, се излеа Сива Река во близина на локалитетот Хераклеа

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања