Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Д-р Филипче до младите во Прилеп: Борете се за тоа што заслужувате, никој нема да ви го даде на тацна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
filipce-tribina-sdsm-miting

Носителот на листата на СДСМ во Изборната единица 4, неврохирургот д-р Венко Филипче денеска на средба со младите во Прилеп порача дека тој како пратеник ќе направи сè за реализирање на идеите и предлозите што ќе стигнат токму од нив.

„Од вас ќе чекам конкретни предлог решенија. Не само констатирање дека нешто не чини. Вие мора да понудите сериозни решенија, а ние ќе најдеме начин да ги реализираме. Вие треба да сте креатори на политиките кои вас ве засегаат, а ние да ве поддржиме во спроведувањето. На младите лекари секогаш им велам, тоа го заслужувате, не чекајте друг да ви го даде на тацна. Барајте го гласно. Ако наидете на затворена врата, ќе влезете преку прозор. Нема друг начин да ги остварите вашите права. Не ја пропуштајте можноста да ги водите промените“ рече д-р Филипче пред младите.

— реклама —

Покрај тоа, Филипче ги презентираше клучните младински политики предвидени во програмата на СДСМ што ќе значат континуирано подобрување на образовниот процес кој ќе гради млади со смели и одговорни идеи за иднината на државата и ќе ги задржи дома преку понуда на конкурентни политики за младинско вработување.

„ Една од промените што ќе ја направиме е зголемување на програмата „Гаранција за млади" која ќе биде отворена за 35.000 млади кои ќе добијат многу можности за вработување“, истакна д- Филипче.

— реклама —

Сакаме да ви обезбедиме стабилност и сигурност, затоа воведуваме по 200 евра во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години, додаде Филипче.

Филипче истакна дека СДСМ верува во вредноста на образованието и затоа ќе им овозможи на младите подобри услови во сите степени на образование.

„Ќе работиме на подобрување на настаните програми, но паралелно ќе се грижиме и за севкупните услови во кои младите се образуваат. Ќе создадеме подобра инфраструктура во училиштата и студентските домови, средина која ќе биде мотивирачка и инклузивна за вие да можете целосно да се посветите на вашиот развој и образовен раст“, рече Филипче.

Тој им порача на младите не постои брза приказна за успех, но постои можност со амбиција да го постигнат зацртаното.

„Многу скоро ќе дојде време кога вашите генерации ќе треба да ја преземат одговорноста во државата, затоа во вас СДСМ гледа идни носители на развој на македонското општество“, додаде Филипче.

Носителот во ИЕ 4 истакна дека СДСМ се грижи младите да ги добијат истите шанси и можности што ги имаат нивните врсници од Европската Унија преку доближување на нашето образование до европското, со програми за размена на студенти, бесплатни екскурзии и укинување на таксите за испити.

На крај тој им порача на младите да бидат толерантни едни кон други без разлика на различните определби или интереси, да бидат подготвени и за компромис, но никогаш да не го губат од вид општото добро.

„Сакам да ви порачам да бидете толерантни еден кон друг без разлика на различните определби или интереси. Младите не смее да се делат заради политика. Младоста е вашата партија. Мора да развивате политичка култура и меѓусебно да се почитувате“ - порача Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb8jf9io36b8qcjLJkpx

Филипче: Владата треба да им помогне на граѓаните со финансиски пакети

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

Филипче: Мерката за ѓубривата е задоцнета, земјоделците веќе имаат голем проблем со кризата

Македонија | пред 14 часа

media-libraryhp3nuvs3rech8aGcPgY

Филипче: За рудник во Крива Паланка да се слушне гласот на граѓаните, здравјето мора да биде на приоритет

Македонија | пред 14 часа

media-library62bnk9fqhlkmaaoDrOV

Филипче: СДСМ бара едно државјанство за сите избрани и именувани функционери и тоа веднаш

Македонија | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања