Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Данска и Гренланд разговараат за можно распоредување на НАТО на Арктикот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryuh3kggafh3aj9PQiTmj
Unsplash

Данска и Гренланд разговарале за можноста за распоредување на НАТО на Гренланд и поширокиот арктички регион, изјави денеска данскиот министер за одбрана Тролс Лунд Поулсен по средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Моцфелд, во Брисел.

Поулсен нагласи дека иницијативата била предложена од данска страна и дека генералниот секретар на НАТО ја примил на знаење. Според него, постои надеж дека во наредниот период ќе може да се воспостави јасна рамка за тоа како ваква мисија би можела да се реализира на терен.

— реклама —

Тој додаде дека разговорите се целосно усогласени со ставовите и позициите на владата на Гренланд, истакнувајќи дека сите чекори се координираат со локалните власти.

Разговорите се одвиваат во чувствителен момент, кога американскиот претседател Доналд Трамп ги интензивира напорите поврзани со прашањето за суверенитетот над Гренланд, кој припаѓа на Данска. Таквите потези предизвикаа реакции и во Европската унија, каде што, според медиумските извештаи, се разгледува можноста за воведување сопствени мерки како одговор на зголемените притисоци.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

mark-rute

НАТО: Ќе преземеме сè за одбрана на Турција

Свет | пред 19 часа

— реклама —
media-libraryng9ecqnv8gssbu2vMxx

НАТО пресретна руски бомбардери над Балтикот

Свет | пред 1 ден

nato-mrezi

НАТО ќе стане „поевропски“: расте загриженоста за улогата на САД

Свет | пред 1 седмица

media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Напнатоста околу Иран ја турна НАТО во најголема криза

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања