Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Данска одлучи: „Испраќаме значителен број војници на Гренланд“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarytd27760ljl7e1xesfMb

Поголем број дански борбени војници, опишани како „значаен придонес“, вечерва треба да пристигнат во Кангeрлусак на Гренланд. Информацијата ја потврдија данските вооружени сили за националната телевизија ТВ 2.

Според известувањето, со новата група војници на Гренланд ќе допатува и командантот на данската копнена војска, Петер Бојсен. Пристигнатите сили ќе учествуваат во натамошното зајакнување на данскиот воен контингент, кој веќе е распоредуван на островот.

— реклама —

Претходно, командантот на Арктичката команда, Сорен Андерсен, изјави дека во главниот град Нук веќе пристигнале околу 100 дански војници, додека сличен број бил распореден и во Кангeрлусак. Токму таму треба да започне воената вежба „Арктичка издржливост“, која е забрзана и проширена по неодамнешните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп во повеќе наврати јавно изрази желба Гренланд да стане дел од Соединетите Американски Држави, што предизвика загриженост и дополнително засилување на безбедносните активности на Данска во арктичкиот регион.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr08d1ofls4248G8ipwP

Тешка железничка несреќа во Данска, бројот на повредени не е познат

Свет | пред 1 минута

— реклама —
media-libraryot6g2rffvd7v9oNcrRY

Данска: На Гренланд не му е потребен болнички брод од САД

Свет | пред 2 месеци

media-librarylecvva6g4jbq0dqq1qT

Трамп најави испраќање болнички брод кон Гренланд, Данска тврди дека нема никакви информации

Свет | пред 2 месеци

media-libraryojkv92iqvioj2YtLVnO

Данската премиерка: Трамп не се откажа од Гренланд

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања