Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Данска во паника: Дронови над аеродромите, властите oдбиваат да ги соборат поради безбедносни ризици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryfurrth0lpejo4qp4sOG

По втората појава на неидентификувани дронови над данските аеродроми за само 38 часа, јавноста се прашува зошто полицијата и вооружените сили не ги неутрализираат овие летала, како што би сториле доколку стануваше збор за воен авион.

Данскиот новинар и аналитичар Петер Ернствед Расмусен за BT.dk изјави дека државата очигледно нема систем за брза детекција и неутрализација на дронови.

— реклама —

„Апсурдно е полицијата со часови да ги следи дроновите над аеродромот во Копенхаген и да не знае што да преземе“, рече тој.

Војната во Украина покажа дека мали и бавни дронови најлесно се соборуваат со модифицирани пушки или со специјални електронски системи кои ги блокираат сигналите. Но такви решенија се небезбедни во цивилни услови, особено во близина на патнички аеродроми.

— реклама —

Постојат и системи како DroneCatcher, беспилотно летало што исфрла мрежа и го фаќа дронот во воздух, овозможувајќи безбедно приземјување. Но и тие технологии не се дел од сегашната данска практика.

Министерот за одбрана Труелс Лунд Поулсен изјави дека армијата има капацитет да делува, но свесно било одлучено тоа да не се направи.

„Не е едноставно да се сруши дрон во темнина – никој не може да гарантира каде ќе падне и какви последици ќе има. Ако падне врз куќа или авион?“, праша тој.

Началникот на генералштабот, генерал Михаел Хилдгорд, појасни дека конечната одлука ја донела војската: „По детална анализа, одлучивме дека од безбедносни причини дроновите нема да се соборат.“

Во изминатите два дена, дронови биле забележани над аеродромите во Копенхаген, Олборг и Скрyдструп – бази кои се клучни за транспортот и одржувањето на борбените авиони F-16.

Данските власти нагласуваат дека дроновите не претставуваат директна воена закана, но поради можни инциденти – како пожар или оштетувања од крш – привремено се затвораат аеродромите и се пренасочуваат летовите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr08d1ofls4248G8ipwP

Тешка железничка несреќа во Данска, бројот на повредени не е познат

Свет | пред 19 минути

— реклама —
media-libraryot6g2rffvd7v9oNcrRY

Данска: На Гренланд не му е потребен болнички брод од САД

Свет | пред 2 месеци

media-librarylecvva6g4jbq0dqq1qT

Трамп најави испраќање болнички брод кон Гренланд, Данска тврди дека нема никакви информации

Свет | пред 2 месеци

media-libraryojkv92iqvioj2YtLVnO

Данската премиерка: Трамп не се откажа од Гренланд

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања