Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Дарко Лазиќ доживеа четврта сообраќајна несреќа, сопругата повредена!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Магазин
media-library2bnl5t35pij84UKTGrT

Популарниот пејач Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина вчеравечер доживеаа тешка сообраќајна несреќа на автопатот кај Генекс, во близина на Белградската арена. Автомобилот на Лазиќ се судрил со автобус, по што удрил во банкина и целосно се уништил. Ова е четврта сообраќајна несреќа во која учествува пејачот.

Лазиќ и претходно бил вклучен во неколку сообраќајни инциденти, а една несреќа од октомври 2018 година засекогаш го промени неговиот живот. Тогаш, на патот кај неговото родно село Брестач, автомобилот му се превртел, по што итно бил пренесен во Клиничкиот центар во Земун со тешки повреди опасни по живот. Лазиќ бил на апарати за дишење еден месец и поминал 23 дена во кома. Повредите биле сериозни: 12 скршени ребра, скршен колк, карлица и градниот кош, хематом на глава, како и повреди на внатрешни органи – слезина и бубрег.

— реклама —

И покрај драматичната несреќа, Лазиќ продолжил со ризично возење. Во 2021 година, поради пукната гума, удрил во столб, а во 2023 година имал судир со комби во близина на местото каде што се случила и оваа несреќа.

Според неофицијални информации, во моментот на несреќата Лазиќ бил под дејство на алкохол со повеќе од 1,9 промили во крвта, додека тестот за дрога бил негативен. Исто така, неговата возачка дозвола одамна му е одземена. Автомобилот што го возел Лазиќ, марка „Мерцедес“, не е во негово сопствеништво, туку изнајмен.

— реклама —

По последниот инцидент, Лазиќ веднаш бил пренесен во Воено-медицинската академија (ВМА), каде му биле направени анализи и КТ на главата. Поради болки и исекотини бил задржан на испитување. Тој бил во свесна состојба и дал изјава на полицијата која била присутна во болницата. Негова сопруга Катарина била хоспитализирана во Клиничкиот центар Земун, се жалела на болки во главата и имала исекотини, но подоцна била пуштена на домашно лекување.

Овој инцидент предизвика загриженост во јавноста, особено со оглед на претходните сообраќајни несреќи во кои Лазиќ бил вклучен и нивната сериозност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2ro9vqk25vo01oQmliL

Вучиќ и фон дер Лајен разговараа за европскиот пат на Србија

Свет | пред 18 часа

— реклама —
media-library4pds9h0ctsn8cPwbI1B

(Видео) Опозициски критики кон претседателот Вучиќ за односот со Русија

Свет | пред 22 часа

media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

Уапсен 20-годишник, осомничен за учество во војната во Украина

Балкан | пред 23 часа

media-libraryo3atpber2kltbOhFQP9

Малолетник фрлил бомба во Крагуевац за 1.000 евра

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања