Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Демек овие исти подлизурковци на Заев и Таче ќе бирале лидер и ќе се реформирале? Не бе другари, не нудат ништо различно, коментира Исмаил од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Коментари
kovacevski-sdsm-spasovski

Пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил смета дека борбата за лидер во СДСМ е сведена на исти ликови, кои и додека оваа партија била на власт, извршувале високи функции. Според него, невозможно е реформирање на оваа партија од овие кандидати за претседател.

— реклама —

„Гледам во борбава за лидер на СДС уклучени се истите ликови кои, додека оваа партија беше на власт, извршуваа највисоки функции во извршната власт. Истите оние кои ги креираа и спроведуваа, и жестоко ги бранеа истите политики за кои беа и казнети на последниве избори. И сега, како ништо да не се случило, демек од овие исти подлизурковци на Заев и Таче ќе бирале лидер и ќе се реформирале?!

— реклама —

Не бе другари, личност се бира за извршна власт (извршување на идеја) за партија се бира идеја околу која се окупира народ, а не лик околу кој се збирате. А сите овие кандидати за лидер на СДС не нудат ништо различно од она што впрочем и беше причина за се што им се деси на последните избори.

— реклама —

Имено, од ниту еден кандидат нема:

- Напуштање на ЕУ фундаментализмот;

- Напуштање на НАТО како воена организација која цица за оружје од таму каде треба да има за путер;

- Против предавничкиот Преспански договор кој го направија претходните лидери на оваа партија;

- Против бугаризацијата која не е ништо друго освен нео-фашистичка наезда над македонскиот народ;

- Против политичкиот систем кој целосно го сроза АСНОМскиот карактер на Македонија и од земја со антифашистички вредности ја претвори во бинационална трибалистичка анационална збирштина;

- Даночен систем кој ќе прави реалокација на богатсвото од богатите кон сиромашните;

- Економија која нема да се крсти на олтарот на странските инвестиции туку ќе се залага за силна улога на државата во економската активност;

- Забрана за приватна дејност во виталните сектори како Здравство, Образование, Енергетика;

- Отпочнување на процес за преиспитување на криминалите од транзицијата;

- Политики за враќање на длабоко нарушената секуларизација на државата;

Со еден збор, враќање на СДСМ на корените на вистинската социјал-демократија, а не продолжување на нео-либтардската сага на партијата како извршител на туѓи странски интереси кои се на огромна штета на својот народ.

Затоа, јас искрено се надевам дека поштениот народ по тија штабови и листинзи на СДС ќе ги увиди овие работи и ќе се погрижи да има избор на идеја околу која ќе се воспостават темелите и целите на делување на партијата, а не да бираат лик кој најелоквентно ќе ги перпетуира старите погубни стојалишта на оваа партија. Доколку не успеат да си ја спасат партијата од овие елитистички петоколонашки либтардски дувла, портите на Левица секогаш ќе бидат широко отворени за нив, заедно да ја вратиме Македонија како што ја личи: УНИТАРНА, НЕЗАВИСНА, АСНОМСКА, АНТИ-ФАШИСТИЧКА, СЕКУЛАРНА - СОЦИЈАЛИСТИЧКА!“, напиша Исмаил.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 31 минута

media-libraryfemrtp18rd3ffuuIP2L

СДСМ: Предавникот Мицкоски отиде кај пријателот Орбан да преговара за Груевски

Македонија | пред 1 час

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 16 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања