Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Денес на повеќе места врнежливо и свежо, утре краткотрајна стабилизација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

До крајот на денов во Македонија на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд, локално поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, особено изразен Долж Повардарието. Што се однесува до температурите, тие ќе бидат под просекот за средината на месец Мај, и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени. Во Скопје и околината исто така до крајот на денов ќе има повремен дожд, а ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се искачи до околу 14-15 степени.

— реклама —

Потоа, утре ќе имаме краткотрајна стабилизација на времето, додека од сабота кон крајот на денот и во текот на ноќта кон недела влегуваме во нов период на многу нестабилно време, со честа појава на локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локално невреме.

— реклама —

Температурите утре, а особено за време на викендот позначително ќе се покачат, и тоа поради влијанието на топлиот бран од Африка кој го најавуваме веќе подолго време. Максималните дневни температури за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе се искачат до околу 31-32 степени. Во Скопје за време на викендот температурата ќе се искачи до околу 30-31 степен.

— реклама —

Поради загреаната Атмосфера и исполнета со енергија, токму поради топлиот бран од Африка, за време на викендот, како и во почетокот на следната недела во Македонија ќе се создадат услови за локално посилно невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, бурен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на покрупен град.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

vreme

Променливо облачно време со сончеви периоди

Македонија | пред 17 часа

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Облаци и врнежи низ земјава, во Скопје до 13 степени

Македонија | пред 3 дена

vreme

Променливо облачно со дожд и силен јужен ветер – температурите до 21°C

Македонија | пред 4 дена

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Утре силен јужен ветер над 60km/h, а во петок врнежи и услови за грмежи

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања