Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

sonce-oblaci-1

Променливо облачно со сончеви периоди и засилен северен ветер

Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 18 степен.Следува период на стабилно и потопло време со пораст на дневната температура. Утрата ќе бидат посвежи, a во петок наместа се очекува утринската температура да се спушти под нула степени.

Македонија | пред 1 час

301161724_590774289354954_6823866186930323195_n

Нестабилно време со дожд и засилен ветер: температурите во пад

Променливо облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните и југоисточните делови. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.Во Скопје, променливо облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до четврток ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Утре ќе има и услови за појава на ретки грмежи. Процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и јужните делови каде во текот на овој период ќе наврнат над 30 l/m².Дневната температура ќе биде во опаѓање, а во четврток и петок утринската наместа ќе се спушти и под нулата. Ќе дува северен ветер, кој во четврток ќе биде засилен, повремено силен.

Македонија | пред 1 ден

media-library6in59jkg5f4ofLaHqX5

Променливо облачно со врнежи од дожд, темпоература до 21 степен

Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападенправец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степени.Во Скопје, во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степен.Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и јужнитеделови каде во текот на овој период ќе наврнат над 30 l/m². Дневната температура ќе биде во опаѓање, а во четврток и петок утринската наместа ќе се спушти и под нулата. Ќе дува северен ветер, кој во четврток ќе биде засилен, повремено силен.

Македонија | пред 2 дена

dozd-1

Попладне локален дожд и можни ретки грмежи, до 23 степени

Според прогнозата на УХМР, денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови се очекува повремен локален дожд, а можна е и изолирана појава на краткотраен пороен дожд проследен со ретки грмежи.Ќе дува слаб до умерен ветер, а во западните делови повремено и засилен ветер од западен правец.Минималната температура ќе се движи од 3 до 10 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 16 до 23 степени.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а попладне во делови од котлината се очекува повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се спушти до 8 степени, а дневната ќе достигне до 21 степен.

Македонија | пред 3 дена

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Сончево и релативно топло време со температури до 24 степени

Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР), денес времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Минималната температура ќе се движи од 3 до 9 степени, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.Во Скопје се очекува претежно сончево и релативно топло време со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 7 степени, додека дневната ќе достигне до 23 степени.

Македонија | пред 4 дена

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-23-2450PM

Сончево со засилен северен ветер, можен локален дожд на југоистокот

Според утринските податоци на Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР), најстудено утрово било на Попова Шапка со 2 степени, додека 3 степени се измерени во Маврови Анови и Лазарополе. Во Скопје се измерени 14 степени.Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Крива Паланка, каде се измерени 2 литри на метар квадратен, а 1 литар во Струмица.Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има повремен локален дожд, а во југоисточните услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.Максималната дневна температура ќе биде од 17 до 25 степени. Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и умерен до засилен северен ветер, со температура до 23 степени.

Македонија | пред 5 дена

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-36-4590PM

Променливо време со дожд и ветер, од вторник нов бран нестабилност

Променливо облачно со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени.Утре и за време на викендов времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утре и во сабота ќе дува умерен со засилен северен ветер и ќе има појава на локален дожд со услови за ретки грмежи. Од вторник повторно ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи.

Македонија | пред 6 дена

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Променливо облачно со дожд и услови за грмежи, температури до 23 степени

Утре очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управа за хидрометеоролошки работи. Наместа ќе има услови за нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен променлив ветер.Минималните температури ќе се движат од 6 до 12 степени, додека максималните ќе достигнат од 17 до 23 степени.Во Скопје се очекува променливо облачно време, а попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за грмежи. Температурата ќе се движи од минимални 10 до максимални 23 степени.

Македонија | пред 1 седмица

popova-shapka

Најладно утрово на Попова Шапка со -5 степени, снег од 38 сантиметри

Утрово најниската температура во земјава е измерена на Попова Шапка, каде термометрите се спуштија до -5 степени Целзиусови. Под нулата било и во повеќе планински и повисоки места, меѓу кои Маврови Анови, Крива Паланка, Берово и Крушево со -2 степени, како и Претор со -1 степен.Нулта температура е измерена во Лазарополе, Тетово, Битола, Охрид и Скопје-Петровец, додека во останатите градови температурите биле над нулата, достигнувајќи до 6 степени во Гевгелија.Снежна покривка утрово има само на Попова Шапка, каде се измерени 38 сантиметри снег.Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во вечерните часови ќе има услови за слаб локален дожд, особено во источните и северните делови од земјата. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието.Максималната дневна температура ќе се движи од 12 до 19 степени. Во Скопје ќе преовладува слично време, со можност за слаб дожд во вечерните часови и температура до 17 степени.

Македонија | пред 1 седмица

sonce-oblaci-1

Променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен северозападен ветер

Променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 17 степени.Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Утре и во сабота утринската температура наместа ќе се спушти под нула и ќе има појава на утрински мразеви. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието. Од сабота ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и вторник ќе достигнува брзина од 60 km/h. Во петок ноќта кон сабота ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Во вторник во западните делови и во среда на повеќе места ќе има локален дожд и појава на грмежи.

Македонија | пред 1 седмица

sonce

Сончево и топло со температура до 26 степени

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степени.Од среда до крајот на седмицата ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во сабота. Поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Од четврток температурите ќе бидат во позначително опаѓање.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryahau1fjvdenr5s47dtm

Најстудено на Попова Шапка со 0 степени и 69 сантиметри снег

Според најновите мерења на УХМР, најниската утринска температура денес е забележана на Попова Шапка (0 °C), следена од Маврови Анови (2 °C) и Крушево (3 °C). Снежна покривка има само на Попова Шапка, каде висината на снегот достигна 69 cm.Во изминатите 24 часа врнежи се регистрирани на повеќе места, вклучувајќи Охрид, Тополчани, Крива Паланка, Виница, Куманово, Крушево, Струмица, Скопје-Петровец и Демир Капија, со количина на дожд од 1 до 4 литри на метар квадратен.Денес времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, со умерен до засилен северен ветер, а на некои места повремено и силен, над 70 km/h. Максималните температури ќе се движат од 11 до 18 °C, додека во Скопје се очекува 16 °C.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarypj8vof6m0nf74deLWAY

Силен северен ветер до 70 км на час и дожд во источните делови

Променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен, повремено и силен ветер од северен правец (над 70 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 16 степени.Од недела ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, освен во среда кога се очекуваат локални врнежи од дожд.

Македонија | пред 2 седмици

dozd

Ветер и локални врнежи од дожд, од недела значително потопло

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од дожд и снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.Во Скопје, променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.Во сабота ќе се задржи променливо облачно време. Претежно во источните делови ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (наместа над 70 km/h). Од недела до средината на новата седмица времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и значително потопло.

Македонија | пред 2 седмици

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Обилни врнежи и засилен ветер, од недела стабилизација

Oблачно со пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m²), на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.Во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Во сабота ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h. Од недела следува период на претежно стабилно и потопло време.

Македонија | пред 3 седмици

media-library6in59jkg5f4ofLaHqX5

Циклонска активност носи дожд, снег и силен ветер од над 70 km/h

Под влијание на циклонска активност од денес ќе има врнежи од дожд кои попладне и во текот на ноќта во јужните и западните подрачја ќе бидат пообилни (над 20 l/m²). Поради спуштање на ладна воздушна маса, на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува засилен, а во текот на ноќта повремено силен ветер кој ќе достигнува и над 70 km/h, особено во североисточните делови. Пообилни врнежи ќе има и утре (локално над 30 l/m²). Во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно со локален дожд.Во сабота ќе дува повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h. Од недела следува период на претежно стабилно и потопло време.Во Скопје, денес попладне, во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни (над 20 l/m 2 ). Од петок времето ќе биде променливо облачно со услови за локален дожд. Потоа времето ќе биде претежно стабилно и потопло.

Македонија | пред 3 седмици

popova-sapka

Најстудено утрово на Попова Шапка – измерени -2 степени

Утрово најниска температура во земјава е измерена на Попова Шапка, каде живата во термометарот се спушти до -2 степени. Нула степени се измерени во Лазарополе и Маврови Анови, како и во Претор, додека 1 степен е регистриран во Охрид, Берово, Крушево и Ѓуриште.Во останатите делови од државата температурите се движеле од 2 до 9 степени, при што најтопло било во Гевгелија со измерени 9 степени. Во Скопје утрово се измерени 6 степени на мерните места Петровец и Зајчев Рид.Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се регистрирани во Скопје – Зајчев Рид со 3 литри на метар квадратен, додека во Радовиш Пожар наврнале 2 литри. Помали количини дожд се измерени во Штип, Виница, Кавадарци и на Попова Шапка.Снежна покривка има само на Попова Шапка, каде утрово се измерени 59 сантиметри снег.Според најавите, времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец, а максималната температура ќе достигне од 10 до 15 степени.Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со услови за повремен дожд и слаб до умерен ветер од северен правец, со максимална температура до 13 степени.

Македонија | пред 3 седмици

dozd

Променливо време со дожд и заладување во наредните денови

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.Во Скопје, променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.Под влијание на циклонска активност од утре до петок ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради заладување врнежите ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Пообилни врнежи ќе има во среда и четврток. Од овој бран локално се очекува да наврнат над 50 l/m². Ќе дува умерен, а во среда засилен ветер од североисточен правец.Во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневните температури.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryv2n47u6bki0g29Og27B

Попова Шапка најстудена утринава, температурите под нулата во повеќе градови

Утринава најниска минимална температура е измерена на Попова Шапка, каде живата на термометарот се спушти до -3 степени Целзиусови. Под нулата е и во Маврови Анови со -2, додека -1 степен е измерен во Битола и Претор.На нула степени утрово се Тетово, Прилеп, Охрид и Крушево, додека нешто повисоки температури се регистрирани во источните делови од земјата. Во Берово се измерени 2 степени, во Крива Паланка и Виница 4, а во Куманово 5 степени.Во Штип, Велес и Струмица утринската температура достигна 6 степени, додека во Скопје-Петровец, Демир Капија и Кавадарци се измерени 7 степени. Најтопло утрово е во Скопје-Зајчев Рид со 8 и во Гевгелија со 9 степени.Снежната покривка е присутна само на Попова Шапка, каде во 8 часот се измерени 59 сантиметри снег.Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието. Максималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 18 степени.Во Скопје, исто така, ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер, а дневната температура ќе достигне до 15 степени.

Македонија | пред 3 седмици

vreme

Променливо облачно време со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени.Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени.Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. Под влијание на циклонска активност од вторник ќе има повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во среда и четврток (локално над 20 l/m²), а на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Македонија | пред 3 седмици

media-library9qtpdb95l7f931bX0LS

Променливо облачно време со врнежи, најмногу дожд во источните делови

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска времето во земјава е променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, поизразени во источните делови, додека во Повардарјето е забележана и појава на грмежи. Дува слаб до умерен ветер од променлив правец, кој на места повремено се засилува.Во текот на денот највисоката температура е измерена во Гевгелија и Кавадарци со 16 степени, додека најстудено било на Попова Шапка со само 2 степени. Во Скопје се измерени 14 степени на Зајчев Рид и 15 степени во Петровец.Во изминатите девет часа најмногу врнежи се регистрирани во Виница (21 литар на метар квадратен) и Берово (19), а значителни количества има и во Струмица, Крива Паланка и Лазарополе. На Попова Шапка снежната покривка достигнува 62 сантиметри.До крајот на денот се очекува да продолжи променливото облачно време со локални врнежи од дожд, особено во источните делови, проследено со умерен јужен ветер, кој долж Повардарието ќе биде засилен.Утре времето ќе биде променливо облачно со послаби врнежи од дожд и услови за изолирани грмежи. На повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, со температури од -1 до 5 степени наутро и од 8 до 16 степени во текот на денот.Во Скопје утре се очекува слично време – променливо облачно со повремен дожд и можност за ретки грмежи, со температура од 3 до 12 степени.Според УХМР, за време на викендот и на почетокот на следната седмица ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи со слаб интензитет, додека пообилни врнежи повторно се најавуваат од ноќта кон среда и во среда. Во недела и среда се очекува и засилен северен ветер долж Повардарието.

Македонија | пред 3 седмици

49824796_135803717357705_9067964452044800000_n_135803714024372

Снег и најниски температури на Попова Шапка – 74 см снежна покривка

Во изминатото утро, најниската температура во државата беше измерена на Попова Шапка со -4°C, додека Лазарополе регистрираше -1°C, а Крушево и Маврови Анови околу 0°C. На повеќето ниски места минималните температури се движеле меѓу 1 и 7 степени, додека во Гевгелија било 11°C.Во текот на вчерашното деноноќие, најголема количина на врнежи беше забележана во Пожар со 18 л/м², следат Маврови Анови со 13 л/м² и Пожаране со 12 л/м². Попова Шапка доби 11 л/м² дожд, а на повеќе планински места врнежите преминаа во снег, формирајќи нова снежна покривка – на Попова Шапка висината на снежната покривка достигна 74 cm.Денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни (над 20 л/м²), а ќе има и услови за ретки грмежи. На повисоките места дождот ќе преминува во снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег со формирање на нова снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се движи од 7 до 15 степени, а во Скопје до 13°C со слаб до умерен променлив ветер.

Македонија | пред 3 седмици

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Облаци и врнежи низ земјава, во Скопје до 13 степени

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи со послаб интензитет. Во сабота ќе има услови за изолирана појава на ретки грмежи, на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Во понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето, а нови врнежи повторно се очекуваат од вторник.

Македонија | пред 3 седмици

3-1

Најниска температура денеска е измерена на Попова Шапка со -3°C

Денеска времето во земјата ќе биде променливо облачно и релативно топло, со сончеви периоди, но ќе дува умерен до засилен, а локално и повремено силен ветер од јужен правец со брзини над 60 km/h. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи од дожд.Максималната температура ќе се движи од 14 до 21 степен, додека во Скопје се очекува до 20 степени.Според утринските мерења, најладно во земјата е на Попова Шапка со -3°C. Најниски температури се забележани и во Берово (-1°C), Битола и Крушево (0°C), додека во Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Прилеп и Маврови Анови се измерени 1°C.На Попова Шапка снежната покривка достигнува 53 cm, што е највисоко измерена во земјата.

Македонија | пред 3 седмици

vreme

Променливо облачно со дожд и силен јужен ветер – температурите до 21°C

Променливо облачно време кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степени.Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 20 степени.Во петок наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините ќе се формира нова снежна покривка. За време на викендот ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања