До сабота ќе имаме летни температури, додека од недела ќе имаме нагла и голема промена ма времето
До сабота ќе може да уживаме во релативно високите температури на воздухот, а од денес до сабота ќе биде претежно стабилно, суво и со многу сончеви периоди. Температурите насекаде ќе надминуваат 20 степени, понекаде тие ќе надминат и 25 степени, додека во централните и во југоисточните предели тие се очекува да надминат и 30 степени, односно, да достигнат некаде до околу 32, 33 степени.Веќе во недела, како и во понеделник, и тоа под влијание на силен ладен Атмосферски фронт од север во Македонија ќе има нагла и голема промена на времето, проследена со повремени локални врнежи од дожд и грмежи, особено во недела, додека во понеделник ќе биде претежно суво. Сето ова ќе биде проследено со засилен, а особено Долж Повардарието, повремено силен ветер од северен правец (над 60 км/час).Што се однесува до температурите, тие во недела дсоцна попладне и во текот на ноќта кон понеделник, како и во понеделник ќе опаднат за околу 10 степени во споредба со сегашните, а особено во северните предели тие ќе опаднат дури и за 15 степени за кратко време. Па така, особено свежо ќе биде во понеделник, кога наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 11, а максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 12 до 20 степени.Уште постудено утро ќе имаме во вторник, кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 9 степени, а особено на високите и на планинските места тие би можеле да бидат и уште пониски. Токму поради ова, не се исклучува можноста и за појава на слана и на утрински мраз.
Македонија | пред 1 година