Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Попладнево се очекува постепена дестабилизација на атмосферата проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Во текот на денешното попладне се очекува постепена дестабилизација на атмосферата во Македонија, и тоа поради влијанието на високиот циклонски систем кој ќе биде со центар јужно и југоисточно од нас (односно над Грција и Турција).Во ваква ситуација, денес попладне и во раните вечерни часови, особено во јужните и во југозападните предели од државава ќе има локален развој на грмотевични облаци кои ќе условат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста во овие предели да има и појава на локално краткотрајно невреме, проследено со силен ветер и со појава на град.Во Скопје денес условите за нестабилност ќе бидат помали.Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени. Во Скопје максималната температура денес ќе се искачи до околу 35 степени.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-23-2450PM

За време на викендот сончево и топло, утрата релативно свежи

За време на викендот, во Македонија времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево. Ќе има и појава на умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.Сепак, во попладневните часови, и тоа во недела ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи.Наутро ќе биде свежо, со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 20 степени, додека максималните температури на воздухот ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени.Во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите предели од Македонија. Наутро температурата ќе се спушта до околу 19 степени, додека преку ден таа ќе се искачи до околу 37 степени.

Македонија | пред 1 година

277468956_964835740838563_2359101997731838525_n

На повеќе места следуваат нови обилни врнежи, грмежи и локално силно невреме

Циклонската активност која е со центар над Италија и понатаму влијае на времето во нашата Македонија. Истата во текот на изминатата ноќ, најпрвин во западните предели, потоа и во Скопскиот регион, како и во источните предели на повеќе места услови нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Во текот на денешниот ден (вторник) времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат интензивни и во форма на посилно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град.Апелираме, во случај на појава на невреме и на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.И во Скопскиот регион денес (вторник) повторно ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и појава на невреме.Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, додека во Скопје температурата ќе достигне до околу 30 степени.Утре (среда) во попладневните часови ќе има изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. И утре е можна појава на локално невреме.

Македонија | пред 1 година

301161724_590774289354954_6823866186930323195_n

Нови обилни врнежи низ цела Македонија: Утре појава на силно невреме

Циклонската активност која е со центар над Италија, попладнево и вечерва, како и утре (вторник), во најголем дел од Македонија ќе донесе нови обилни врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер.На повеќе места ќе има појава на посилно невреме, проследено со обилен пороен дожд кој би можел да услови локални поројни поплавувања, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град. Апелираме во случај на појава на невреме, како и на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.Локално повторно ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 л/м2). Сето ова очекуваме многу да помогне во гаснење и на останатите неколку помали пожари во Македонија.И во Скопскиот регион денес попладне и навечер, како и утре (вторник) ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на невреме.Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 денес, а утре (вторник) тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 32 степени. Во Скопје температурата ќе се искачи до околу 33 степени.

Македонија | пред 1 година

277539285_300804572165634_9196439405926440518_n

Следуваат обилни врнежи и силно невреме: од денес до среда ќе има нов циклон

Од денес (недела) па се до средината на следната седмица, односно некаде до среда, нашата територија ќе биде под влијание на висински циклон кој ќе биде со центар над Италија. Токму поради ова и атмосферата ќе биде исклучително нестабилна и исполнета со многу енергија, и тоа поради долготрајниот екстремно топол бран “ЛУЦИФЕР” кој полека го губи својот интензитет.Во ваква ситуација, се очекува да има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На повеќе места во Македонија ќе има и појава на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд кој би можел да услови локални поројни поплавувања, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град. И во Скопската котлина од денес (недела) во попладневните часови, па се до средината на следната седмица ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината можна е и појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град.За време на овој циклонски систем, локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2). Токму овие врнежи и тоа како добро ќе дојдат за да помогнат во гаснењето на пожарите во Македонија.Апелираме, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.Што се однесува до температурите, тие секој нареден ден постепено ќе опаѓаат, па така најсвежо ќе биде во почетокот на следната седмица кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени.На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС” и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-35-9400PM

Температурите ќе се искачат до екстремно високи 42 степени, сепак и покрај ова, од среда постои опасност и за локално невреме

Од денес (12.8.2024), па во текот на целата оваа седмица територијата на Македонија ќе биде под влијание на екстремно топлиот бран “ЛУЦИФЕР”. Овој екстремно топол бран ќе донесе и екстремно високи температури на воздухот и тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина температурите ќе се искачуваат до, па и над 40 степени, односно до 41, 42 степени.Ув индексот ќе има многу висока вредност и ќе има коефициент некаде помеѓу 8 и 9. Токму поради ова, но и поради екстремно топлото време, апелирам граѓаните доколку немаат потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) но и да пијат повеќе течноти.Сепак, и покрај екстремно високите температури на воздухот, од среда попладне растат и условите за развој на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради загреаната атмосфера која ќе биде исполнета со многу енергија, токму поради екстремно високите температури на воздухот, локално процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град.

Македонија | пред 1 година

IMG_1106

Следуваат врнежи, грмежи, силен ветер и невреме

Поради продор на поладен атмосферски фронт на висина, денес (сабота) во попладневните и во вечерните часови ќе дојде до поголема дестабилизација на атмосферата во Македонија, особено во западните, северозападните, северните, како и во делови од централните предели од државава. Токму ова дестабилизација на атмосферата ќе услови локален развој на грмотевични облаци кои ќе условат пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Во ваква ситуација, локално во погоре споменатите предели ќе има појава на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и со појава на град. Апелираме во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.И во делови од Скопската котлина денес (сабота) во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, заислен веѕер и со услови за појава на невреме.Утре (недела) во попладневните часови повеќе нестабилност ќе има во западните и југозападните предели од државава која ќе услови локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а ќе има услови и за појава на краткотрајно невреме.Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 39 степени, додека мал пад на истите ќе има утре (недела) кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени. Во Скопје температурата за време на овој викенд ќе се искачува во интервалот помеѓу 35 и 37 степени.На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување на невреме “НОТАС” и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Топлотниот бран продолжува, но за време на викендот можно е невреме

Топлотниот Африкански бран продолжува и во следниот период во Македонија, сепак, поради преместување на поладен атмосферски фронт на висина, за време на викендот очекуваме дестабилизирање на атмосферата.Токму ова ќе услови во Македонија да има локален развој на грмотевични облаци кои ќе предизвикаат пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе има услови и за појава на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер како и со појава на град.И во делови од Скопската котлина за време на викендот ќе има услови за појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме.Температурите нема многу да се менуваат, што значи тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели од Македонија, како и во Скопската котлина тие ќе се искачуваат и до околу 40 степени.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-23-2450PM

Во следните 10 дена продолжува топлотниот Африкански бран во Македонија: Температури и над 40 степени

Во август не очекува уште еден голем топол Африкански бран, тоа и се остварува. Во следните најмалку 10 дена продолжува топлотниот Африкански бран во Македонија со многу високи температури на воздухот. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност.Исклучок ќе биде викендот, односно 3 и 4 август кога во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на локално краткотрајно невреме.Што се однесува до температурите, тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина температурите ќе се искачуваат до околу 40 степени, но со тоа што истите повремено можно е и да надминат 40 степени.Ув индексот и понатаму ќе има многу висока вредност и ќе изнесува коефициент некаде помеѓу 8 и 9.

Македонија | пред 1 година

272681520_348498710614047_8013920186532602673_n

Доаѓа нов топлотен бран: Овој викенд температури до 38 степени

За време на овој викенд територијата на Македонија ќе биде зафатена од нов топол бран од Африка, но истиот ќе биде со нешто помал интензитет за разлика од минатиот кога беше екстремно топло.Температурите за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, додека во Скопје максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 35 и 38 степени.Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Ув индексот ќе има многу висока вредност и ќе изнесува коефициент помеѓу 8 и 9.

Македонија | пред 1 година

277468956_964835740838563_2359101997731838525_n

Македонија ја очекува ново силно невреме

Денес (среда) особено од пладневните часови и тоа поради продор на посвежа воздушна маса од север и нејзиниот судир со многу потоплиот воздух од југ во поголем дел од Македонија се очекува развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Поради ваквата ситуација, на повеќе места во Македонија ќе има појава на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град.И во Скопскиот регион денес од пладневните часови ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на невреме.Апелираме на голема внимателност, односно во случај на појава на невреме, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени, во Скопје температурата денес ќе се искачи до околу 36 степени.

Македонија | пред 1 година

nevreme

Во текот на оваа седмица можно е ново невреме, температурите позначително ќе опаднат

Во текот на оваа нова работна седмица во Македонија особено во попладневните  и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град.И во делови од Скопската котлина во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е  и појава на невреме.Апелираме, во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.Што се однесува до температурите, тие за разлика од изминатите денови, секојдневно ќе бележат тенденција на постепено опаѓање, а позначително ќе опаднат кон крајот на оваа работна седмица и тие ќе бидат потпросечни за месец јули и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени, додека наутро тие ќе се спуштаат во интевалот помеѓу 10 и 19 степени.

Македонија | пред 1 година

448903945_450123244443618_4576738011007797344_n

Во следните часови доаѓа ново невреме во Македонија, апелираме на крајна претпазливост

Како резултат на поладен атмосферски фронт во горниот слој од атмосферата, денес (петок) во попладневните и во вечерните часови повторно во Македонија растат условите за развој на грмотевични облаци кои ќе условат појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во ваква ситуација локално повторно ќе има појава на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер како и со појава на град.Најголеми услови за појава на невреме има во западните и во северозападните предели од државава, потоа во делови од Скопската котлина, во централните предели од Македонија, како и на југоистокот и истокот од Македонија. Се на се, локална појава на невреме ќе има на повеќе места во Македонија.Апелираме во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.Што се однесува до температурите, тие до крајот на денов повторно ќе бидат екстремно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 41 степени, додека во Скопската котлина таа ќе се искачи до околу 40 степени.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-36-4590PM

По екстремно високите температури, следната седмица ладен бран ќе ја зафати цела Европа

По екстремно високите температури кои зафатија многу делови од европскиот континент, особено источните предели од истиот, секако и Балканскиот Полуостров, во текот на следната седмица ладен бран од север ќе ја зафати речиси цела европа и ќе предизвика голем пад на температурите и тие ќе бидат потпросечни за месец јули.Потпросечни температури следната седмица очекуваме и во поголем дел од регионот, како и во нашата Македонија. Дури во Алпскиот регион е можна и појава на врнежи од снег, особено на највисоките места, и тоа особено кон крајот на овој, како и на самиот почеток на месец август.Што се однесува до врнежите, најмногу врнежи следната седмица се очекуваат во југоисточна европа, односно кај нас на Балканот, како и во источна европа. Со ова растат и условите за појава на локални временски непогоди.Локални временски непогоди се очекуваат и до крајот на оваа недела ширум регионот, како и во нашата Македонија.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-36-7890PM

Во следните денови не очекува и понатаму многу топло време, но со развој на попладневни грмотевични облаци

Поради продор на атмосферски фронт од север, атмосферата над нашата територија, како и над целиот регион во следните денови се повеќе ќе се дестабилизира, па така ќе започнат да растат условите за локален развој на грмотевични облаци кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Во Македонија утре (среда) а особено во четврток најпрвин особено во планинските места ќе има развој на вакви грмотевични облаци, при што е можна и појава на локално и краткотрајно невреме. Во петок, како и за време на викендот над целата територија на Македонија ќе се развиваат локални грмотевични облаци, па така пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има на повеќе места.Можна е и појава на поинтензивни атмосферски процеси во вид на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, краткотрајно силен ветер и со појава на град. И во делови од Скопската котлина во овие денови ќе има развој на грмотевични облаци, со што е можно и краткотрајно невреме.Сепак и покрај ова, за време на викендот очекуваме само минимален пад на температурите на воздухот, и тоа за најмногу 3 до 4 степени, што значи дека многу топлото време продолжува, но сепак со локални попладневни освежувања.

Македонија | пред 1 година

toplo-vreme-768x556

Од денес па се до петок максимумот на овој екстремно топол бран од Африка: Во најтоплите температури и до 45 степени

Од денес (вторник), па се до петок 19.7.2024 во Македонија го очекуваме максимумот на овој екстремно топол бран од Африка, па така максималните дневни температури во Македонија речиси насекаде ќе надминуваат 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие понекаде ќе достигнуваат и до околу 43 степени. Особено во Гевгелиско, како и во Демир Каписко температурата повремено би можела да се искачи и до близу 45 степени.Тука се и тропските ноќи, и тоа особено во централните и во југоисточните предели каде температурта во ноќните и во раните утрински часови нема да се спушта под 20 степени. Инаку во Скопје за време на овој максимум на екстремно топлиот бран од Африка максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 40 и 42 степени. И во делови од Скопската котлина очекуваме појава на тропски ноќи.Времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Во четврток попладне, особено во планинските предели можна е појава на краткотрајна нестабилност.Промена на времето очекуваме од петок попладне, кога ќе растат условите за развој на грмотевични облаци и за појава на локално невреме во Македонија.Ув индексот ќе има екстремно висока вредност 10, па затоа апелираме граѓаните да не излегуваат кога е најтопло (од 11 до 17 часот), но и да пијат повеќе течности.

Македонија | пред 1 година

sonce-so-termometar

Екстремно топлиот бран продолжува: Температури до околу 45 степени, како и тропски ноќи

Екстремно топлиот Африкански бран во Македонија продолжува и во текот на оваа работна недела, а времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност.Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално би можела да се искачи и до околу 45 степени. Во Скопје температурата во текот на оваа работна недела ќе се искачи до околу 40 степени, но повремено таа ќе надминува и 40 степени.Ув индексот ќе има екстремно висока вредност 10, па затоа апелираме граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), како и да пијат повеќе течности.Тука се и тропските ноќи, односно температурите на повеќе места во Македонија во текот на ноќните и раните утрински часови нема да се спуштаат под 20 степени.

Македонија | пред 1 година

IMG_0743

Екстремно високи температури низ цела Македонија

Екстремно топлиот Африкански бран кој ја зафати нашата Македонија, но и целиот Балкански Полуостров, викендов ќе зема замав, па така температурите ќе бидат уште повисоки и насекаде во Македонија тие ќе бидат екстремно високи. Екстремно висок ќе биде и Ув индексот со вредност 10.Што се однесува до температурите, тие викендов ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени, во Скопската котлина таа ќе се искачи до околу 40 степени, но со тоа што повремено температурата може да надмине и 40 степени. Тука се и тропските ноќи и тоа особено во централните и во југоисточните предели каде и преку ноќта, како и во раните утрински часови температурите нема да се спуштат под 20 степени.Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Во недела попладне и тоа во западните предели ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и појава на краткотрајно невреме.Поради екстремно високите температури, но и поради екстремно високиот Ув индекс апелираме граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат повеќе течности.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Викендов екстремно топло насекаде низ Македонија: Температури до 43 степени

Екстремно топлиот бран од Африка кој е проследен со екстремно висок Ув индекс во деновите пред нас ќе зема замав, па така секој ден ќе биде се потопло. Температурите речиси насекаде во Македонија ќе се искачат до над 35 степени.Во најтоплите централни и југоисточни предели температуририте особено за време на викендот ќе се искачат дури и до 43 степени. Ништо подобро нема да биде ни денес како и во петок кога во овие краиште температурите повторно ќе се искачат до, па и ќе надминат 40 степени.Во Скопската котлина температурата ќе се искачи до околу 40 степени, но со тоа што повремено таа ќе надминува 40 степени.Спороред моменталните прогностички материјали со кои располагаме, следната седмица ќе биде уште потопло па така температурите тогаш би можело да се искачат и до околу 45 степени.

Македонија | пред 1 година

272681520_348498710614047_8013920186532602673_n

Во Македонија е во тек најдолгиот и најсилниот топлотен бран ова лето, температури до 45 степени

Во Македонија е во текот најдолгиот и најсилниот топлотен Африкански бран ова лето. До самиот крај од оваа, како и во текот на следната седмица температурите и понатаму ќе ни бидат екстремно високи и во најголем дел од Македонија ќе се искачуваат до, па и над 35 степени. Во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи до 43 степени оваа седмица, додека во текот на следната седмица во овие предели можни се температури и до 45 степени.Во Скопската котлина очекуваме температури до околу 40 степени, но со тоа што повремено таа е можно и да надминува 40 степени.За време на овој период во најголем дел од Македонија очекуваме и тропски ноќи, односно температурите во текот на ноќните и утринските часови нема да се спуштаат под 20 степени.Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Само во недела во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме.Ув индексот и понатаму ќе има многу висока, до екстремно висока вредост 9, па токму поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот ден од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат повеќе течности.

Македонија | пред 1 година

sonce-so-termometar

Топол бран во Македонија: Температурите ќе се искачат над 40 степени

Територијата на Македонија се до крајот на оваа седмица ќе се наоѓа под влијание на екстремно топла воздушна маса која продира од северните предели на Африка. Токму поради ова температурите насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина тие ќе се искачат и до 40 степени.Не се исклучува можноста температурата локално во централните и во југоисточните предели да надмине и 40 степени. Ув индексот ќе има многу висока вредност 9, па поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.Времето и понатаму ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Сепак оваа седмица атмосферата нема да биде во целост стабилна, па така во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме.Денес (вторник) нестабилност во попладневните часови ќе има особено во западните предели од државава.

Македонија | пред 1 година

nevreme-1

Денес попладне во планинските предели е можна појава на невреме

Алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС” за денес попладне предвидува ниво 2 во Македонија, слаб ризик за појава на невреме. Меѓутоа, во планинските региони и тоа особено во западните и во северозападните предели таа проценува и ниво 3, тоа значи засилен ризик од невреме, проследено со пороен дожд, грмежи, силен ветер и можност за појава на град.Според сегашните проценки на оваа алатка, во Скопје и во останатите градови ќе биде релативно мирно. Со исклучок на некои градови кои се во близина на планините каде е можна појава на краткотрајна нестабилност.Од денес ќе имаме екстремно топло време со температури кој насекаде низ Македонија ќе надминуваат 30 степени. Во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина температурата ќе се искачи и до околу 40 степени.

Македонија | пред 1 година

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Денес и утре променливо и свежо со повремено засилен ветер, во западните предели и со пороен дожд

Денес и утре (четврток) во Македонија времето ќе биде значително посвежо и тоа поради влијанието на свежата воздушна маса која продира од север. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремено засилен ветер од северен правец. Особено во западните предели ќе има и појава на повремен локален пороен дожд проследен со ретки грмежи.И во Скопскиот регион денес и утре (четврток) времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремено засилен ветер од северен правец.Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот некаде од 9 до 18 степени. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен, што значи дека ќе бидат потпросечни за почетокот на јули.Во Скопје максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 27 и 29 степени. Наутро пак таа ќе се спушта во интервалот помеѓу 13 и 15 степени.

Македонија | пред 1 година

0394F1D7-0FF8-4E81-BB36-671698CD60AE

Во текот на денот ново силно невреме ќе ја зафати Македонија

Под влијание на ладен атмосферски фронт од север, кој ќе се судри со топлиот воздух од југ кој се наоѓа над Македонија, во следните часови, како и вечерва во најголем дел од државава времето ќе биде многу нестабилно и со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.На повеќе места повторно ќе има појава на силно невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време и истиот би можел да предизвика локални поројни поплавувања, силен ветер (над 70 км/час) силни и чести електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде и крупен.И во Скопскиот регион во следните часови и вечерва ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има и појава на ново посилно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде и крупен.Апелираме во случај на појава на силно невреме граѓаните да бидат крајно внимателно, односно во случај на појава на силни и чести електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер и на крупен град автомобилите да се заштитат.Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, во Скопје до околу 35 степени. Меѓутоа температурите од попладневните и вечерните часови ќе започнат да опаѓаат.

Македонија | пред 1 година

448949324_450123214443621_1143009177295083315_n

Предупредување: Утре локално, но посилно невреме повторно ќе ја зафати Македонија

Под влијание на ладен атмосферски фронт поврзан со циклонска активност со центар некаде над Италија утре (вторник) 2.7.2024 во попладневните и во вечерните часови повторно атмосферата во Македонија позначително ќе се дестабилизира, а со тоа од север ќе започне да пристигнува значително посвеж воздух.Во ваква ситуација, кога топлиот воздух под чие влијание сме сега ќе се судри со значително посвежиот воздух од север утре попладне и навечер на повеќе места во Македонија ќе дојде до развој на конвективна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално повторно ќе има појава на посилно невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време и истиот би можел да предизвика локални поројни поплавувања, исто така невремето ќе биде проследено и со силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град кој би можел повторно да биде крупен.И во делови од Скопската котлина утре попладне и навечер можна е појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град.Што се однесува до температурите, тие утре во текот на денот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, меѓутоа кон крајот на денот и во текот на ноќта кон среда тие ќе бележат тенденција на позначително опаѓање, па така во среда и во четврток ќе биде значително посвежо и променливо со повремен локален пороен дожд, грмежи и повремено умерен до засилен северен ветер.Поради очекуваната нова поголема дестабилизација на времето и очекуваното невреме утре попладне и навечер, апелираме граѓаните да бидат крајно претпазливи, односно во случај на појава на невреме и на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер и на крупен град автомобилите навремено да се заштитат.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања