Попова Шапка најстудена утринава, температурите под нулата во повеќе градови
Утринава најниска минимална температура е измерена на Попова Шапка, каде живата на термометарот се спушти до -3 степени Целзиусови. Под нулата е и во Маврови Анови со -2, додека -1 степен е измерен во Битола и Претор.На нула степени утрово се Тетово, Прилеп, Охрид и Крушево, додека нешто повисоки температури се регистрирани во источните делови од земјата. Во Берово се измерени 2 степени, во Крива Паланка и Виница 4, а во Куманово 5 степени.Во Штип, Велес и Струмица утринската температура достигна 6 степени, додека во Скопје-Петровец, Демир Капија и Кавадарци се измерени 7 степени. Најтопло утрово е во Скопје-Зајчев Рид со 8 и во Гевгелија со 9 степени.Снежната покривка е присутна само на Попова Шапка, каде во 8 часот се измерени 59 сантиметри снег.Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието. Максималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 18 степени.Во Скопје, исто така, ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер, а дневната температура ќе достигне до 15 степени.
Македонија | пред 16 часа