Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најстудено на Попова Шапка со -4 степени и 60 сантиметри снег

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
3-1

Најниска утринска температура денеска е измерена на Попова Шапка, каде во 7 часот се измерени -4 степени Целзиусови, а воедно таму има и највисока снежна покривка од 60 сантиметри.

— реклама —

Под нулата утрово се и Лазарополе со -2 степени, како и Маврови Анови и Крушево со -1 степен. Во Крушево е регистрирана и минимална снежна покривка од 1 сантиметар.

— реклама —

Во останатите делови од земјата температурите се над нулата, при што 1 степен е измерен во Берово, 3 степени во Претор, додека 4 степени се измерени во Крива Паланка и Битола.

— реклама —

Со 5 степени се Прилеп и Охрид, додека 6 степени се измерени во Виница, Куманово, Демир Капија и Тетово.

Во Скопје-Зајчев Рид се измерени 7 степени, а 8 степени во Штип, Велес, Скопје-Петровец, Струмица, Кавадарци и Гевгелија.

Според прогнозата, времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе се движи од 8 до 15 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен североисточен ветер, при што дневната температура ќе достигне до 13 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryv2n47u6bki0g29Og27B

Попова Шапка најстудена утринава, температурите под нулата во повеќе градови

Македонија | пред 15 часа

dozd-1

Променливо облачно време со дожд и снег на планините

Македонија | пред 2 дена

media-library9qtpdb95l7f931bX0LS

Променливо облачно време со врнежи, најмногу дожд во источните делови

Македонија | пред 3 дена

3-1

Најниска температура денеска е измерена на Попова Шапка со -3°C

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања