Попладне локален дожд и можни ретки грмежи, до 23 степени
Според прогнозата на УХМР, денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови се очекува повремен локален дожд, а можна е и изолирана појава на краткотраен пороен дожд проследен со ретки грмежи.Ќе дува слаб до умерен ветер, а во западните делови повремено и засилен ветер од западен правец.Минималната температура ќе се движи од 3 до 10 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 16 до 23 степени.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а попладне во делови од котлината се очекува повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се спушти до 8 степени, а дневната ќе достигне до 21 степен.
Македонија | пред 2 дена