Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

УХМР алармира: Обилни врнежи и опасност од поплави низ целата земја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
reka

Поради најавената силна циклонска активност која во наредните денови ќе ја зафати територијата на целата држава се очекуваат обилни врнежи од дожд, додека на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег.

Според хидролошките анализи, локалните интензивни врнежи може да предизвикаат нагло и брзо зголемување на нивото на водата, пред сè кај помалите реки и суводолиците низ земјата. Поради топењето на снегот на повисоките планини и новите врнежи, во наредните денови се очекува пораст на водостојот и на поголемите реки, со посебен акцент на оние во јужните, централните делови и по течението на Вардар.

Денеска (01.04.2026) најкритично ќе биде во следните подрачја каде се очекуваат најобемни врнежи:

Јужен дел: Планинскиот масив Кожуф.

— реклама —

Централен дел: Регионот околу Солунска Глава.

Котлини и региони: Гевгелиско-валандовската котлина, Кавадаречко-неготинскиот регион, како и југоисточните и источните делови на земјата.

Од УХМР упатуваат апел до граѓаните за исклучително внимателно движење покрај речните корита и суводолиците. Постои реална можност од појава на „големи води“ и интензивно полнење на речните корита, што може да претставува опасност за населението и инфраструктурата во близина на водните текови.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

dozd-1

Попладне локален дожд и можни ретки грмежи, до 23 степени

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Сончево и релативно топло време со температури до 24 степени

Македонија | пред 3 дена

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-23-2450PM

Сончево со засилен северен ветер, можен локален дожд на југоистокот

Македонија | пред 4 дена

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Променливо облачно со дожд и услови за грмежи, температури до 23 степени

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања