Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ПОПЛАВИ

media-librarylo6mbq3msm8k0t955k0

Силни дождови и поплави во Кенија – загинаа 108 лица

Во Кенија, во текот на повеќенеделните обилни дождови и поплави, животот го загубиле 108 лица, соопшти државната полиција во најновиот извештај за бројот на жртви.Поплавите кои започнаа вечерта на 6 март, предизвикаа голема материјална штета во земјата, однесоа десетици возила, го попречија авионскиот сообраќај и ја оштетија енергетската инфраструктура. Според властите, повеќе од 2.700 семејства беа принудени да ги напуштат своите домови.Иако интензитетот на врнежите во некои области ослабна, полицијата предупреди дека опасноста од поплави сè уште постои поради пренатрупаните канали за одводнување и натопената почва.

Свет | пред 2 дена

media-libraryjhm8as5ra8506PPuooj

(Видео) Хаваи погодени од најсилни поплави во последниве 20 години

Хаваи се погодени од најсилните поплави во повеќе од 20 години, откако обилни дождови паднаа на веќе натопена почва, предупредија официјални лица, најавувајќи дека за викендот се очекуваат нови врнежи.Блатните води го преплавија северниот дел на островот Оаху, светски познат по сурферските дестинации, носејќи куќи и автомобили. Евакуирани се 5.500 луѓе северно од Хонолулу, а властите предупредуваат на можен пробив на 120-годишната брана Вахијава.Гувернерот Џош Грин изјави дека штетата од невремето може да надмине една милијарда долари, вклучувајќи оштетување на аеродроми, училишта, патишта, куќи и болница на островот Мауи. Белата куќа веќе вети федерална поддршка.Засега нема информации за загинати или исчезнати лица, а десетина луѓе се хоспитализирани поради хипотермија. Спасувачките екипи трагаа по отсечени жители, но нивните напори беа отежнати од граѓани кои со лични дронови снимале поплавени подрачја, изјави портпаролот на Хонолулу, Иан Шеуринг. Градоначалникот Рик Блангијарди оцени дека десетици, можеби и стотици куќи се оштетени и дека штетата е катастрофална – најтешка од 2004 година. Националната гарда и пожарникарите евакуираа 72 деца и возрасни од младински камп на повисока локација како претпазливост.Официјалните лица објаснија дека огромната количина дожд што паднала за кратко време на веќе натопена почва е главната причина за катастрофата. Делови од островот Оаху добиле 20 до 30 сантиметри дожд за една ноќ, додека на највисокиот врв Кааља паднале речиси 40 сантиметри во 24 часа, соопшти Националната метеоролошка служба.Прогнозата за следните денови не е поволна – се очекуваат дополнителни 15 до 20 сантиметри дожд. Стручњаците предупредуваат дека интензитетот и честотата на обилните дождови на Хаваи се зголемени поради глобалното затоплување предизвикано од човечката активност.Властите ја следат браната Вахијава, која е во лоша состојба и е „во непосредна опасност од рушење“. Нивото на вода во акумулацијата се намали, но новите врнежи можат да го зголемат ризикот. Земјената брана е изградена во 1906 година за потребите на индустријата за шеќерна трска, обновена е по рушењето во 1921 година, а државата ја класифицира како „високо ризична“.Компанијата Dole Food, по неколку предупредувања и казни за недостатоци, понуди да ја донира браната на државата со цел таа да го финансира поправката. И покрај законот донесен во 2023 година, преносот на сопственоста сè уште не е завршен.Според компанијата, браната функционира како што е предвидено и нема најава за оштетување. Хаваи има 132 регулирани брани, повеќето изградени како дел од системите за наводнување за индустријата за шеќерна трска.

Свет | пред 1 седмица

media-librarylo6mbq3msm8k0t955k0

Катастрофални поплави во Кенија: Најмалку 62 загинати, Најроби најтешко погоден

Најмалку 62 лица загинаа во Кенија во текот на минатата недела поради обилни дождови кои предизвикаа големи поплави, соопштија властите. Пред една недела бројот на загинати изнесувал 42.Во текот на ноќта спасени се 11 лица откако минибус-такси, познат како матату, останал заглавен во зголемената вода во главниот град Најроби. Спасени се и две деца од поплавена куќа. Бујичните поплави, предизвикани од излевање на реките, поплавија домови, оштетија улици, електрична и водоводна мрежа, а дел од училиштата и мостовите беа затворени.Министерството за внатрешни работи предупреди дека обилните дождови и понатаму претставуваат ризик од нови поплави, и ги повика жителите на низините да се евакуираат на побезбедни места. Над 2000 лица беа принудени да ги напуштат домовите и да побараат засолниште. Операциите за спасување и пребарување на исчезнати лица продолжуваат низ целата земја.Најтешко погоден е Најроби, каде што загинаа 33 лица, поради лошата одводна инфраструктура и нередовната градба која го блокира протокот на реките. Жителите на населбата Парклендс истакнуваат дека властите не реагирале доволно и самите морале да чистат блокирани канали. Претседателот Вилијам Руту изјави дека се чистат канализациските системи и се доставуваат итни залихи на храна и медицинска помош.Слични катастрофи се случуваат и во соседна Етиопија, каде што над 100 лица загинаа поради поплави и лизгање на земјиштето. Експертите предупредуваат дека климатските промени го зголемуваат ризикот од екстремни дождови, додека глобалната температура веќе се зголемила за околу 1,1°C од почетокот на индустриската ера.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryb65ut8bi435o1LjxGMj

Oштетени околу 500 објекти во село Форино: Црвениот крст обезбедува итна помош за семејствата

Волонтерските тимови на Црвениот крст се на терен во село Форино, каде по извршената проценка е утврдено дека најкритична точка е делот од селото што гравитира кон реката Вардар.„Според проценката, куќите во овој дел се изградени на помалку од еден метар од коритото на реката, чиј водостој е на критично ниво и на одредени места веќе е излеан. Дополнително, поради зголемениот водостој се излеани и каналите што минуваат низ селото, што дополнително ја влошува состојбата на терен.Од невремето се оштетени околу 500 објекти, од кои најголемиот дел се домови за живеење. Материјалната штета е значителна, а голем број семејства се соочуваат со сериозни последици од поплавите.Како приоритетна потреба на населението е утврдена итна достава на хуманитарна помош. Помошта ќе опфати поголеми количини флаширана вода, бидејќи водата во селото е заматена и небезбедна за пиење, како и вкупно 500 пакети – 250 пакети со прехранбени производи и 250 пакети со хигиенски производи“, велат од Црвениот крст.Во наредниот период ќе бидат достапни и телефонски линии за психосоцијална поддршка на погоденото население: 072-239-077 072-239-051

Македонија | пред 1 месец

media-libraryomru5ngq27541vSHOld

250 евакуирани во Кичево, меѓу нив и бебе од само еден месец

Волонтерите на Црвен крст на Република Македонија продолжуваат да бидата на терен и активно обезбедуваат помош и поддршка за загрозените од поплавите низ нашата државата.„Тие неуморно работат на дистрибуција на хуманитарна помош, вклучувајќи сместување, храна, вода, топли оброци, душеци, ќебиња и основни хигиенски средства со цел да им помогнат на семејствата кои се соочуваат со тешки последици од временските непогоди.Покрај материјалната помош, волонтерите пружаат и психосоцијална поддршка (ПСС), обезбедувајќи разговор, емоционална поддршка и насоки за справување со стресот и траумата предизвикани од поплавите. Тие помагаат при евакуација, вршат проценка на потребите на погоденото население и соработуваат со локалните институции за побрзо и поефикасно справување со состојбата на терен.Во општина Кичево, како резултат на поплавите, се евакуирани и згрижени вкупно 250 лица. Од нив, 61 се деца – меѓу кои едно дете на возраст од 1 месец, едно од 2 месеци, едно од 7 месеци и 58 деца на возраст од 2 до 10 години. Меѓу евакуираните има и 189 возрасни лица, од кои 102 жени и 87 мажи, како и 11 лица со инвалидитет.Со материјална штета се засегнати вкупно 362 домаќинства, односно околу 1200 лица кои се соочуваат со последиците од временската непогода.За привремено сместување на евакуираните е обезбедена спортската сала „Христо Узунов“ во Кичево, каде им се обезбедуваат основни услови за престој. Надлежните служби и Црвениот крст на РСМ остануваат на терен и продолжуваат со активностите за помош и поддршка на погоденото население“, велат од Црвен крст на Република Македонија.

Македонија | пред 1 месец

media-library2b09m5rfok0825vZxjM

Поплави во Кичево, Сарај и Тетово: Екипите спасиле заглавени граѓани во Беловиште

Во текот на изминатите денови, како резултат на обилните врнежи, повеќе општини се соочија со поплави и излевање на реки. ДЗС дејствуваше во координација со Центарот за управување со кризи (ЦУК), локалните власти и населението за справување со поплавените куќи, дворови и објекти.„Конкретно, тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), заедно со населението, дејствуваа сношти, а ќе дејствуваат и денеска, согласно потребите и можностите во координација со другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК) ангажирани за помош при поплавите и излевања на водотеци во општините Сарај, Куманово, Липково, Тетово, Маврово и Ростуше, Кичево, Охрид, а и други општини што преку 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат за пријави за поплавите и барања помош, а секако и од директни пријави од општините.Во скопскиот регион, покрај тимовите (седум на тој терен) на ДЗС , во Општина Сарај, во поплавените села Буковиќ и Семениште, каде што имаше над 30 поплавени куќи и дворови), покрај тимовите на ДЗС, интервенираа екипи на Општина Сарај, на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Активностите беа насочени кон расчистување на зафатените подрачја и одводнување на поплавените површини, со цел постепена нормализација на состојбата.Во Општина Липково, во кумановскиот регион, реката Слупчанка беше излегла од своето корито во село Опае, при што беше зафатен дел од населеното место. Излевање беше регистрирано и во атарот на село Оризаре, каде што беа поплавени земјоделски површини. Засега нема пријавени материјални штети од жителите, освен штети на обработливо земјиште.Инаку, во Кратовско и во Кривопаланечко не беа пријавени поплави.Во тетовскиот регион, интензивните врнежи довеле до зголемен водостој и имаше проблеми со одводните канали. Беа пријавени свлечишта на патните правци Тетово – Џепчиште при што патен правец е затворен за сообраќај, а кон селото Једуарце, патот е расчистен и повторно прооден. На делницата Тетово – Попова Шапка сообраќајот се одвиваше отежнато, а од вчера беше воведена забрана за тешки товарни возила и автобуси. Засега нема опасност од излевање на поголемите водотеци. Снабдувањето со струја и вода е стабилно.Во гостиварскиот регион беа пријавени поплавени куќи, подрумски простории и стопански објекти, конкретно во Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше. Во село Беловиште се интервенирало по пријава за заглавени лица во поплавен објект, коишто безбедно се извлечени. Во село Форино е регистрирано излевање на реката Вардар, при што се зафатени земјоделски површини и постои ризик за објектите во близина на мостот кон село Тумчевиште. Била ангажирана механизација за расчистување на речното корито.Според информациите од ЦУК за охридско-кичевскиот регион, во Охрид состојбата била стабилна и немало пријави за излевање или поплави. Во Кичево, по излевањето на Зајашка Река, се поплавени повеќе куќи и дворови (над 200 лица се евекуирани), а попладнето се пријавени дополнително околу 30 зафатени семејни домови. Извршена е евакуација на стари и изнемоштени лица, а и на деца од поплавените објекти. На пример, локалната професионална ТППЕ - Територијална противпожарна единица Кичево во претходната поплава и во оваа од утрово, изврши преку 250 евакуации на загрозени лица, истовремено вршејќи испумпување на надојдена вода од витални објекти и институции, а се расчистуваше и автопатот кај Колари за поголема безбедност во сообраќајот. Акцијата на сите ангажирани субјекти од системот за заштита и спасување продолжи сношти и во текот на ноќта, а лицата коишто немаа услови за престој во нивните поплавени домови се сместени најмногу во спортската сала во Кичево, при што директорот на ДЗС Ангелов директно ја следеше и координираше ситуацијата за заштита и спасување и директно преку заменик директорот Кашмир Салиу којшто сношти остана на терен во кичевско. Од подрачните одделение за заштита и спасување на ДЗС од Охрид и од Кичево се издадени полски кревети за евакуираните, а и пумпи за испумпување вода.ДЗС и денеска планира да дејствува на терен таму од каде што ќе биде побарана помош и континуирано ги следи состојбите во координација со ЦУК и со другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК) во доменот на заштитата и спасувањето од поплави“, велат од ДЗС.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryigm347k2t35hbQgL0r2

Критична ситуација во Гостивар и Кичево – поплавени куќи и земјоделски површини, евакуирани 220 лица

Во Полошкиот регион, во Гостивар, екипи на противпожарната служба интервенирале во текот на целата ноќ поради обилните врнежи од дожд и поплавувањата. Најкритична состојба е регистрирана во селото Форино кое е најпогодено од поплавите. Поплавени се и земјоделски површини во селата Чајле, Турчане, Врапчиште и БеловиштеВо Југозападниот регион, во Кичево, на улица Прилепска е регистрирано најголемо поплавување на куќи и евакуирани се 220 лица кои се сместени во спортската сала Христо Узунов. Заезерувања има и на улица 29 Ноември во населбата Подварош каде се поплавени подруми во повеќе куќи. Поплавени се и објекти на болницата во Кичево. Организирана е достава на храна и вода за загрозените лица со поддршка на Црвен крст, а на терен активно работат екипи од полицијата, комуналното претпријатие и противпожарната службаВо Североисточниот регион, во Општина Липково, во дел од селото Опае поплавени се земјоделски површини поради излевање на Слупчанска река, при што засега нема пријавени материјални штети. Поплавени земјоделски површини има и во селото Оризаре. Во Куманово, во селото Доброшане на локацијата Шупли Камен, кај мостот на Кумановска река има насобрани пластични шишиња, но засега нема опасност од излевање на рекатаВо Скопскиот регион, во Општина Сарај состојбата е мирна и се следи, додека во Општина Зелениково има минимално излевање на реката Вардар кај селата Пакошево и Ново Село без непосредна опасностВо Југоисточниот регион, во Струмица, засега нема пријавени штети од врнежите од дожд. Пријавен е одрон кај селото Суви Лаки кон Берово и за истиот се известени надлежните службиВо Источниот регион, во Пробиштип, регистриран е прекин во снабдувањето со електрична енергија во селата Долни и Горни Стубол и екипи на ЕВН работат на отстранување на дефектот.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryr3d7tn2112ete0IwLyv

(Видео) Кавадарци испрати помош за поплавеното Кичево: Две возила, шест пожарникари и пумпи за испумпување вода

По насока на градоначалникот Митко Јанчев, Општина Кавадарци испрати помош за граѓаните во Кичево по поплавите што зафатија повеќе објекти.Како што информира Јанчев, на терен се упатени две противпожарни возила со шест пожарникари и шест пумпи, како и дополнителна опрема неопходна за испумпување на водата и санирање на последиците од поплавите.„Солидарноста е нашата најголема сила – кога е најтешко, заедно сме на терен“, објави кавадаречкиот градоначалник.Со оваа интервенција, Кавадарци се приклучува кон активностите за поддршка на засегнатите семејства во Кичево, каде по обилните врнежи беа поплавени домови, дворови и инфраструктура.Локалните служби продолжуваат со активности за расчистување на теренот и стабилизирање на состојбата.

Македонија | пред 1 месец

media-librarytrjort3mva9k3yKMqH7

Не се движете низ поплавените подрачја, не ја попречувајте механизацијата и алармирајте ако има нова опасност, вели градоначалникот на Кичево

По обилните врнежи од дожд и наглото влошување на состојбата, Општина Кичево организирала координирана интервенција за справување со последиците од поплавите и заштита на граѓаните и нивниот имот, информира градоначалникот Александар Јовановски.Тој посочи дека на терен се ангажирани екипи и механизација, со активности насочени кон најкритичните точки во градот и околината. Се работи на расчистување на одводни правци и критични делници, отстранување наноси, кал и отпад што го блокираат одливот, како и чистење и пробивање канали и пропусти. Паралелно се врши испумпување вода и обезбедување пристап до загрозени домаќинства, каде што условите тоа го дозволуваат.Интервенциите се реализираат во директна координација со ЈКП „Комуналец“ – Кичево и Територијалната противпожарна единица – Кичево. На лице место присутни се и командирот Филип Митрески, пратеникот Ѓорѓија Сајкоски, како и директорот Бојан Стојкоски, со цел навремено донесување одлуки и поефикасна распределба на ресурсите.Општина Кичево упати апел до граѓаните да не се движат низ поплавени подрачја, да избегнуваат ризични делници и да не ја попречуваат механизацијата и екипите при работа. Воедно, се повикуваат граѓаните да пријават доколку забележат нови критични точки или опасност за домаќинствата.Од локалната самоуправа велат дека остануваат целосно ангажирани и дека активностите ќе продолжат сè додека состојбата целосно не се стабилизира, а јавноста редовно ќе биде информирана преку официјалните канали.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryq0iftrmm7pdueAWsgxF

Катастрофалните поплави во Кичево се поради долгогодишна негреижа и отсуство на превенција, вели Сајкоски

Кичево денес се соочи со сериозни поплави по обилните врнежи од дожд, при што излевањето на речното корито предизвика материјална штета и ги загрози домовите, инфраструктурата и безбедноста на граѓаните. Според Сајковски, состојбата е резултат на, како што наведува, долгогодишна негрижа, неработа и отсуство на навремени превентивни мерки од претходното раководство.Тој истакна дека, за разлика од минатото, денес институциите покажале одговорност и подготвеност. Актуелниот градоначалник на Кичево, д-р Александар Јовановски, заедно со екипите на комуналната и противпожарната служба, како и со поддршка од општествено одговорни компании, веднаш излегле на терен и активно се вклучиле во санирање на последиците.Со координирана работа, во краток рок било спречено понатамошно ширење на штетите и започнало расчистување на погодените подрачја. Сајковски оценува дека оваа акција претставува показател оти со, како што наведува, волја, одговорност и лидерство, можат да се надминат и најсериозните предизвици.Тој посочи дека, и покрај тешката состојба, постои надеж за постепена нормализација на секојдневието на граѓаните и дека градот ќе излезе посилен од ова искушение.Службите остануваат на терен и во текот на ноќта, со приоритет на безбедноста на граѓаните и заштитата на нивните домови, а состојбата се следи континуирано.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryt7g9tqus3ouu5WR5zus

Вонредни информации по обилните врнежи: Поплави во повеќе региони, евакуации во Кичево и интервенции во Скопско, Тетовско и Гостиварско

Центарот за управување со кризи информира дека до 17:00 часот попладнево се евидентирани поплави и излевања на водотеци во повеќе региони во државата, по обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјата во изминатите часови.Во скопскиот регион, во Општина Сарај, поплавени се селата Буковиќ и Семениште. На терен интервенирале екипи на Општина Сарај, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување. Активностите се насочени кон расчистување на зафатените подрачја и одводнување на поплавените површини, со цел постепена нормализација на состојбата.Во кумановскиот регион, во Општина Липково, реката Слупчанка излегла од своето корито во село Опае, при што е зафатен дел од населеното место. Излевање е регистрирано и во атарот на село Оризаре, каде се поплавени земјоделски површини. Засега нема пријавени материјални штети од жителите, освен штети на обработливо земјиште. Во Кратово и Крива Паланка не се пријавени поплави.Во тетовскиот регион, интензивните врнежи довеле до зголемен водостој и проблеми со одводните канали. Пријавени се свлечишта на патните правци Тетово – Џепчиште и кон село Једуарце. Првиот патен правец е затворен за сообраќај, додека вториот е расчистен и повторно прооден. На делницата Тетово – Попова Шапка сообраќајот се одвива отежнато, а од утринските часови е воведена забрана за тешки товарни возила и автобуси. Засега нема опасност од излевање на поголемите водотеци, а снабдувањето со струја и вода е стабилно.Во гостиварскиот регион се пријавени поплавени куќи, подрумски простории и стопански објекти во Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше. Во село Беловиште се интервенирало по пријава за заглавени лица во поплавен објект, кои се безбедно извлечени. Во село Форино е регистрирано излевање на реката Вардар, при што се зафатени земјоделски површини и постои ризик за објектите во близина на мостот кон село Тумчевиште. Ангажирана е механизација за расчистување на речното корито.Во охридско-кичевскиот регион, во Охрид состојбата е стабилна и нема пријави за излевање или поплави. Во Кичево, по излевањето на Зајашка река, поплавени се повеќе куќи и дворови, а по пладне се пријавени дополнително околу 30 зафатени семејни домови. Извршена е евакуација на стари и изнемоштени лица, како и на деца од поплавените објекти.Од Центарот за управување со кризи соопштуваат дека состојбата се следи континуирано во координација со надлежните институции, а јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошниот развој на настаните.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryigm347k2t35hbQgL0r2

Драматични сцени во Кичево: Евакуирани неподвижни лица, мештаните ги спасуваат и животните

Драматични сцени се одвиваа во Кичево по обилните врнежи и излевањето на реката.Службите интервенираа за извлекување на неподвижни и тешко подвижни лица од поплавените домови, додека мештаните паралелно се обидуваа да ги спасат и своите животни.Една од снимките кои се направени сведочи како жител се обидува да го спаси своето куче-миленик кое од еден го преместува во друг објект на повисок кат.Жителите посочуваат дека состојбата таму и натаму е драматична, додека пак, претходно, беше објавено дека се евакуирани 180 лица.

Македонија | пред 1 месец

media-library5k8oa9s3sgot4uMOl1p

Критична состојба во Полошко, Кичевско и Пелагонија – апел за претпазливост покрај реките поради можни излевања

Управата за хидрометеоролошки работи напладне издаде предупредување за значително зголемување на водостојот на реките во западните делови од државата, по обилните врнежи во изминатите 24 часа кои предизвикаа нагло полнење на речните корита. Според најавите, состојбата може дополнително да се влоши во текот на денот.Од Секторот за хидрологија информираат дека во Полошкиот регион, особено во горниот дел од сливот на реката Вардар, е регистриран висок водостој. Постои опасност од заезерување во одделни делови на Полошката Котлина, како и локални излевања на помалите реки и суводолници во гостиварско и тетовско.Зголемен водостој е забележан и на реката Треска, со потенцијално критични точки во селата Пласница и Лисичани. Се очекува пораст и на нејзината лева притока, реката Кичевска, што дополнително ја зголемува опасноста од локални излевања.Во Пелагонискиот регион и Демир Хисар, реката Црна бележи континуиран пораст, а можни се излевања во делови од Демир Хисар, Кичевско и поширокиот пелагониски крај. Зголемен водостој има и во Охридско-Струшкиот регион, каде реките Сатеска и Коселска се со покачено ниво, со ризик од локални излевања на помалите водотеци.Од Управата апелираат граѓаните да бидат крајно претпазливи и да избегнуваат движење покрај реките и водотеците во западните делови на земјата. Се препорачува внимателно следење на состојбата и во источните делови, каде се можни изолирани поинтензивни врнежи.Надлежните институции ја следат состојбата на терен, а од УХМР најавуваат редовно информирање доколку дојде до дополнително влошување на хидролошката состојба.

Македонија | пред 1 месец

media-librarynr4vb08c9mle0jjquPS

Евакуирани 180 лица во Кичево, поплавени домови и болнички објекти по обилните врнежи

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјата во текот на ноќта и претпладневните часови предизвикаа поплави и излевање на реки во повеќе региони, при што во Кичево беа евакуирани околу 180 лица, информира Центарот за управување со кризи.Во кичевскиот регион, Зајашка Река се излеала на улицата „Прилепска“, при што биле зафатени повеќе куќи. Евакуираните жители се сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Регистрирано е и заезерување на улицата „29 Ноември“ во населбата Подварош, каде се поплавени подрумски простории во повеќе објекти, како и дел од објектите на болницата во Кичево. На терен интервенираат екипи на ОВР Кичево, ЈП „Комуналец“ и други надлежни служби, а известени се градоначалникот на Општина Кичево и Дирекцијата за заштита и спасување. Организирана е достава на храна и вода за евакуираните со помош на Црвениот крст, додека од Скопје се испратени дополнителни тимови со ќебиња, душеци и кревети. Засега нема животно загрозени лица, но врнежите продолжуваат и состојбата внимателно се следи.Во скопскиот регион, преку бројот 112 се примени повеќе пријави за поплавени дворни места во село Идризово, поплавувања во село Буковиќ, поплавен подрум и двор во Зелениково, како и поплавено дворно место во населбата Радишани. Надлежните општини извршиле увид и преземаат мерки за санирање на последиците.Во тетовскиот регион е пријавено свлечиште на патниот правец Тетово – село Џермо, поради што сообраќајот е во прекин. Од 07:45 часот е воведена забрана за тешки товарни возила и автобуси на патот Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег. Засега нема зголемување на водостојот на реките, а снабдувањето со електрична енергија и вода за пиење е редовно.Во гостиварскиот регион се пријавени поплавени куќи во село Беловиште, како и во населбите Циглана и Бањечница. Во село Балиндол е затрупан канал, при што се поплавени неколку куќи. Во една од поплавените куќи во Беловиште биле заглавени две деца и нивната мајка, по што веднаш биле известени Територијалната противпожарна единица и полицијата. Поплавите се последица на излевање на Сушичка Река и затрупани канали, а најавено е ангажирање механизација за расчистување на теренот. Локалните власти и Дирекцијата за заштита и спасување ја следат состојбата на терен.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryt9k7g75ma3r51Gs9gdi

(Видео) Поплави во Кичево: Десетици домови поплавени, погодени околу 200 жители, прогласена кризна состојба

Десетици домови и возила се под вода во Кичево по обилните врнежи што предизвикаа излевање на Зајаска река, а улиците во повеќе делови од градот се целосно поплавени. Жителите се обидуваат да спасат дел од покуќнината, додека водата навлегува во нивните куќи.Најкритична е состојбата во населбата Подварош, каде граѓаните со сопствени пумпи, но и со помош на противпожарните екипи, ја испумпуваат водата од своите домови. Дел од улиците се непроодни, а оштетени се и паркирани возила.Со соопштение се огласи и Општина Кичево, информирајќи дека поради интензивните врнежи повторно настанале поплави во неурбанизираниот дел кај улицата „Прилепска“. Според првичните информации, погодени се околу 200 жители.Лицата на кои им е потребно привремено сместување ќе бидат згрижени во спортската сала во Иванидол. На терен интервенираат екипи на ЈКП „Комуналец“ – Кичево и Територијалната противпожарна единица, кои постапуваат согласно приоритетите и пријавите од граѓаните.Свикан е Кризен штаб кој ја следи состојбата и ги координира активностите за заштита и помош. Од Општината апелираат на смиреност, трпение и внимателност, нагласувајќи дека ќе бидат искористени сите расположливи ресурси за справување со последиците од невремето.До граѓаните се упатени и безбедносни препораки – да се избегнува движење низ поплавени улици и подрумски простории, како и да се исклучи електричната енергија во домовите доколку постои ризик од навлегување вода.

Настани | пред 1 месец

media-library3nk33jcvhqbo7XgvJDQ

Обилните врнежи предизвикаа хаос: Реката Тркања однесе стока и поплави земјоделско земјиште

На територијата на Република Македонија денеска продолжуваат да се чувствуваат последиците од обилните врнежи, а најголемите проблеми се регистрирани во струмичкиот и штипскиот регион.„Во Струмичкиот регион, поради излевање на реката Тркања во селата Сачево и Муртино, поплавени се големи површини земјоделско земјиште, пластеници и дворови на куќи. Најдраматично е кај месноста Шепово, каде водите однеле 120 овци и 100 јагниња, сопственост на жител од с. Костурино. Екипи со булдожери, камиони со песок и багер интервенираат на критичните локации.Во Штип, на улицата „Љубен Иванов“ се срушил потпорен ѕид, предизвикувајќи штета на две паркирани возила и блокирајќи една сообраќајна лента. Одрони и свлечишта се регистрирани и на патните правци Истибања – Делчево, Виница – Берово и Берово – Струмица, а ЈП „Македонија пат“ континуирано интервенира за одржување на патиштата проодни.Останатите региони се во стабилна состојба, без опасност од излевање на реките, со исклучок на Крушево каде нивото на реката Црна е покачено, но без ризик за населението. Во ридско-планинските делови на Кавадарци паѓа снег, а од браната „Мавровица“ се прелева вода 2 см над максималната кота, без опасност за околината.Според Центрите за управување со кризи, состојбата се следи континуирано, а екипите се подготвени за интервенции на критичните локации“, информираат од ЦУК.

Македонија | пред 2 месеци

media-library30e8usccrkk89Uzq1sX

(Видео) Поплави во Австралија, загина едно лице

Австралиските власти соопштија дека 20 лица биле спасени од поплавните води во источната сојузна држава Нов Јужен Велс, откако поради обилните врнежи жителите биле предупредени да се преместат на повисоки места.Во Сиднеј, главниот град на сојузната држава и најголем град во земјата, жителите и туристите биле евакуирани доцна во саботата откако опасни поплави го зафатија ниското предградие Нарабин, соопштија надлежните.Екипите на итните служби интервенирале во повеќе од 1.400 инциденти низ сојузната држава од почетокот на дождовите во саботата, при што најголем дел од спасувањата се однесувале на лица кои се обидувале да возат низ поплавени патишта.„Имаше бројни ненадејни поплави поради кои беа затворени патишта и очекуваме некои од нив да останат затворени до понатамошно известување“, изјави заменик-државната комесарка за итни служби, Соња Ојстон.Властите предупредија дека денеска се можни дополнителни бури јужно од Сиднеј.Една жена го загубила животот откако врз неа паднала гранка од дрво во близина на Вулонгонг, околу 66 километри јужно од Сиднеј, за време на силното невреме, јави јавниот радиодифузен сервис АБЦ.

Свет | пред 2 месеци

media-library5k8oa9s3sgot4uMOl1p

Состојбата со поплавите се смирува, водата се повлекува од земјоделските површини во Пелагонија, информира ЦУК

Во Пелагонискиот регион, водата полека се повлекува од поплавените земјоделски површини во атарите на Битола, Могила и Новаци, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).Од обилните врнежи кои го зафатија поголемиот дел од државата, најголемата житница во државата, Пелагонија беше една од најпогодените.Центарот за управување со кризи информираше дека во Пелагонискиот регион, во подрачјата во кои имаше излевање на реките, водата постепено се повлекува од поплавените површини. Нивото на реката Црна кај селото Новаци во 18 часот синоќа изнесувало 320 сантиметри.Според ЦУК во Демир Хисар, поради оштетување на мостот на Боишка река затворен е локалниот пат кон селото Мренога. Реките се вратени во коритата, но, Црна сè уште се излева во атарот на селата Жван и Единаковци каде се поплавени земјоделски површини.Во Ресен евидентирани се поплавени ниви од поројни води, па се интервенирало  со градежна механизација за расчистување на коритото на Голема Река.Обилните дождови освен во Пелагонија, направија проблеми во југозападниот и западниот регион.Во Кичево во тек е расчистување и дезинфекција на погодените домови, додека на евакуираните жители згрижени во спортската сала им е обезбедена неопходната помош.Поплавите и одроните на патиштата предизвикаа проблеми низ повеќе региони во државата, но, се забележува постепено стабилизирање на состојбата.

Македонија | пред 2 месеци

media-library3hnubop6vppq7VaXwuC

Обилните врнежи предизвикаа поплави и евакуации во повеќе региони низ Македонија

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија територијата на Република Северна Македонија во изминатите денови предизвикаа поплави, излевања на реки, оштетување на патна инфраструктура и евакуација на население во повеќе региони, информира Центарот за управување со кризи, според состојбата до 9 часот утринава.Во Демир Хисар, поради оштетување на мост на Боишка Река, затворен е локалниот пат кон селото Мренога. Пријавени се излевања на реката кај селото Обедник и на потегот меѓу селата Обедник и Смилево, додека ЈП „Комуналец“ интервенира со проширување на речното корито во населбата Мургашево. Состојбата ја следат Регионалниот центар за управување со кризи и локалната самоуправа.Во Ресен поплавени се земјоделски површини, дворови, куќи и магацински простории, а нивото на Голема Река е значително зголемено. Јавните претпријатија и општинските служби интервенираат со пумпи и градежна механизација, додека Територијалната противпожарна единица учествува во испумпување на вода од подрумски простории.Во Крушево водата за пиење е заматена и надлежните препорачуваат задолжително превривање пред употреба. Реката Црна има покачено, но стабилно ниво, а ЈП „Комуна“ работи на зајакнување на насипите. Паралелно се следи и состојбата на Крушевска Река во координација со Општина Кривогаштани.Во општина Долнени, во селото Лажани пријавена е штета на двор и приземни простории од куќа, додека во селото Пешталево има поплави поради неисчистени одводни канали. На двете локации интервенирано е со градежна механизација.Во охридскиот регион реката Сушица се излеала на повеќе места, при што се поплавени дворови и подруми. Кризниот штаб и ЈП „Охридски Комуналец“ интервенираат со насипување, проширување на коритото и механизација. Кај селото Вапила, реката Далјан го оштетува патот под мостот, каде исто така се преземаат заштитни мерки, а евидентирано е и свлечиште на потегот Лескоец – Скребатно.Во Струга пријавени се поплавени дворови и куќи во населбата Мислешевски пат, како и во селата Мислешево и Калишта. Територијалната противпожарна единица интервенира со пумпи за испумпување на водата, а ангажирана е и градежна механизација. За состојбата е известена Општина Струга.Во Дебар реката Радика има зголемено, но стабилно ниво, а сите патни правци засега се проодни. Надлежните служби расчистуваат помали одрони на неколку локации.Во Кичево реките Зајашка и Треска имаат покачени водостои, но се под нивото на излевање. Како критична точка е посочена улицата Прилепска, каде се врши расчистување на каналите и коритото на Зајашка Река со тешка механизација. Поради ризик од поплави, околу 150 лица се евакуирани и сместени во спортската сала „Христо Узунов“, каде се згрижени од страна на Општината и Црвениот крст.На патниот правец Тумчевиште – Чегране има вода на коловозот и истиот е оценет како небезбеден за сообраќај, поради што се известени полициските станици во Гостивар и Чегране, како и Општина Гостивар.Во останатите региони во државата состојбата засега е стабилна, со зголемени водостои на реките, но без пријавени излевања или сериозни нарушувања.

Македонија | пред 2 месеци

media-library3hnubop6vppq7VaXwuC

Критична состојба поради обилните врнежи – излевања на реки, евакуации и одрони низ земјата

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи од дожд, заклучно со утринските часови, на повеќе локации низ државата е евидентирана сериозно влошена хидролошка состојба, со излевања на реки, поплави, одрони и евакуации на население.Во Источниот регион, во Општина Кочани е забележан значително зголемен водостој на реките и каналите во полскиот дел. Кочанска Река има локално излевање кај селото Горни Подлог, каде интервенира КЈП „Водовод“ Кочани со механизација. Зрновска Река се излеа пред вливот во Брегалница, а Оризарска Река кај селото Грдовци, каде состојбата е најкритична. Поплавени се неколку подрумски простории на куќи во близина на коритото, а Водостопанство „Брегалница“ интервенира со тешка механизација. МВР воведе забрана за сообраќај за моторни возила на северниот влез во селото. Злетовска Река и Брегалница имаат зголемен водостој, но засега нема излевање. Водостоите во горните текови се стабилизираат и опаѓаат, додека во средните и долните текови состојбата останува критична. Поради одрон, на патниот правец Македонска Каменица – рудник САСА, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од околу 200 метри. Во Пробиштип, поради излевање на реката Киселица на патот Неокази – Петришино, сообраќајот е отежнат.Во Скопскиот регион не е евидентирано нарушување на редовната состојба поврзано со врнежите.Во Југозападниот регион, во Охрид е одржан состанок на Кризниот штаб на Општина Охрид, при што е донесена одлука да се стават на располагање сите човечки и материјални ресурси. Населбата Далјан е поплавена поради излевање на реката Далја. Екипи со тешка механизација ја пренасочуваат водата кон езерото, а со пумпи се врши испумпување од подруми, дворови и деловни објекти. Преку бројот 112 се примени голем број пријави. Проблеми се пријавени и на Коселска Река кај селото Ливоишта, каде надојдената вода го подјадува патот кај мостот кон селото Вапила. Во Кичево, водостојот на реките се намалува, но на одредени локации состојбата и понатаму е критична. Околу 120 лица од улицата „Прилепска“ сè уште се евакуирани и сместени во спортската сала „Христо Узунов“, а во текот на утрешниот ден ќе се врши увид на оштетените објекти.Во Пелагонискиот регион, во Битола состојбата е нормализирана, освен во населбата Стрчин каде има наноси од земја и чакал. Во селата Кравари, Жабени и Породин се поплавени земјоделски површини, без опасност по станбени објекти. Регионалните и магистралните патишта се проодни, со повремени наноси кои се расчистуваат. Во Ресен се евидентирани поплави на земјоделски површини, дворови и помошни објекти во повеќе села, а водостоите постепено се намалуваат. Во Крушево и Демир Хисар има локални излевања на реките Црна и Обедничица, со поплавени дворови, ниви и локални патишта, при што дел од патната инфраструктура е оштетена.Во Северниот и североисточниот регион, во Куманово, Липково и Старо Нагоричане нема излевање на реките, но се забележани подмрзнати коловози на одделни патни правци. Во Крива Паланка, Ранковце и Кратово состојбата е стабилна, сите патишта се проодни, а снабдувањето со електрична енергија е уредно.Во Полошкиот регион, во Тетовско се пријавени свлечишта на локалните патишта кон селото Ѓермо и месноста Бањиче, кои моментално се непроодни. Во Мала Речица е пријавено уривање на потпорен ѕид со материјална штета, додека во општина Желино е регистрирано излевање на реката Вардар кај селото Стримница, каде интервенираат комуналните служби.ЦУК апелира до граѓаните на зголемена внимателност, избегнување движење покрај реки и критични подрачја и следење на официјалните информации од надлежните институции.

Македонија | пред 2 месеци

media-library5k8oa9s3sgot4uMOl1p

Вонредна состојба на повеќе локации: Поплави и евакуации по обилните врнежи, најкритично во Охрид, Кичево и Битола

Обилните врнежи од дожд предизвикаа сериозни проблеми на повеќе локации низ државата, информира Центарот за управување со кризи во вонредна информација за состојбата до 13:00 часот.Во Охрид и околината регистрирани се поплавени подрумски простории, дворови и неколку објекти во градот. Поради излевање на дел од водотеците, на терен се ангажирани локалната самоуправа и Кризниот штаб, додека екипите на јавните претпријатија „Водовод“, „Нискоградба“ и „Комуналец“ интервенираат за отстранување на водата и санација на последиците.Во Кичево и околните населени места, водата навлегла во подрумските простории и на дел од јавните и приватните површини. Дел од жителите се евакуирани и сместени во привремени објекти, каде им се обезбедени храна, лекови и здравствена заштита. Поплави се забележани и на одредени водотеци и земјоделско земјиште. Општината, Црвениот крст и ЈП „Комуналец“ се вклучени во згрижување на населението и во интервенции на критичните точки, додека екипи на итната медицинска помош ја следат здравствената состојба на евакуираните лица.Во битолскиот регион е забележано значително зголемување на водостојот на локалните реки, со појава на излевања на повеќе места. Поплавени се куќи, дворишта и дел од земјоделските површини. Механизацијата на општините е на терен, а Кризниот штаб ги координира активностите и ги утврдува приоритетите за санација на штетите.Во Тетово и околината има пријави за уривање на потпорни ѕидови, како и локални излевања на водотеци. Полициски екипи вршат увид на погодените локации, додека општинската механизација интервенира за расчистување на свлечиштата и спречување на понатамошни штети.Поплави на локални патни правци и во неколку населени места се регистрирани и во Гостивар и околината. Екипите на ЈП „Комуналец“ работат на санација на поплавената инфраструктура, а механизацијата на Водостопанство е ангажирана за чистење на свлечишта и стабилизирање на теренот.Од ЦУК информираат дека состојбата постојано се следи и дека надлежните служби остануваат на терен сè додека не се нормализира состојбата.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryfls72juvp8ht3UJ4uAV

(ФОТО) ДЗС: 30 полски кревети и ќебиња за привремено згрижени лицата заради поплавите во кичевско

Подрачно одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Кичево, во овие два дена и сношти, учествуваше во теренските активности за заштита и помош на населението погодено од поплавите во „Прилепска населба“ во Кичево.Конкретно, беа обезбедени и транспортирани 30 полски кревети, а и соодветен број ќебиња од магацинот на ДЗС, што истовремено беа транспортирани со возила на ДЗС и поставени во кичевската спортската сала „Македонија“, каде што веќе беа сместени привремено згрижени лицата погодени од локалната поплава.Во Ресенско, тим на ДЗС ов,ие два дена и сношти, со пумпи ја вадеше навлезената вода од подруми, куќи и објекти, а во подготвеност беше активиран и тим на ДЗС со два чамца, што за среќа немаше потреба да дејствуваат.Сите активности за заштита и спасување на населението во зафатените реони од поплава во Кичевско и Ресенско беа реализирани во координација со надлежните институции и локалните служби од Системот за управување со кризи (СУК), со цел навремено и ефикасно згрижување на населението погодено од поплавите.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryvlnl7gd19331fEgz0Z3

Обилните дождови ја доуништија запуштената инфраструктура: канализации и водотеци ги поплавија Охрид, Кичево и Тетово

Обилните врнежи од дожд предизвикаа поплави и материјални штети во повеќе делови од земјава, информира Центар за управување со кризи (ЦУК). Најпогодени се западните и југозападните региони, каде што локалните власти, јавните претпријатија и кризните штабови се на терен и интервенираат.Во Охрид и околината, поради интензивните дождови, поплавени се подруми, дворови и неколку објекти во градот. Дел од водотеците се излеале од коритата. Локалната самоуправа и кризниот штаб постапуваат на терен, а екипи на ЈП „Водовод“, „Нискоградба“ и „Комуналец“ интервенираат со цел отстранување на водата и спречување на дополнителни штети.Слична состојба е регистрирана и во Кичево и околните населени места, каде што вода навлегла во подрумските простории и на дел од површините. Дел од жителите биле евакуирани и сместени во привремени објекти, со обезбедена храна и здравствена заштита. Поплави има и на одредени водотеци и земјоделско земјиште. Општината и Црвениот крст Кичево обезбедуваат сместување, храна и лекови, додека ЈП „Комуналец“ интервенира на критичните точки. Екипи на итната медицинска помош се ангажирани за здравствена грижа на евакуираните лица.Во Битола и регионот е забележан зголемен водостој на локалните реки, со појава на локални излевања. Поплавени се куќи, дворишта и дел од земјоделските површини. Општинската механизација е на терен и работи на санација на штетите, додека Кризниот штаб ги координира приоритетите за дејствување на ангажираните екипи.Во Тетово и околината има пријави за уривање на потпорни ѕидови и локални излевања на водотеци. Полициските службеници вршат увид на локациите каде што се евидентирани уривања, а општинската механизација интервенира за расчистување на свлечишта и санација на настанатите штети.Поплави се регистрирани и во Гостивар и околните населени места, каде што се зафатени локални патни правци и дел од инфраструктурата. Екипите на ЈП „Комуналец“ работат на терен, а механизацијата од Водостопанство е ангажирана за чистење на свлечишта и нормализирање на состојбата.Од Центарот за управување со кризи информираат дека состојбата континуирано се следи и апелираат граѓаните да ги почитуваат препораките на надлежните служби и да пријавуваат евентуални нови ризици или штети.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryo0jcssa1ri4naTaKFWV

Катастрофални поплави во Албанија: Драч под вода, стотици луѓе евакуирани

Драч е меѓу најпогодените области во Албанија поради поројните дождови што во изминатите денови предизвикаа сериозни поплави и широки материјални штети. Властите јавуваат дека состојбата е критична и дека ситуацијата се следи буквално од час во час.Министерот за одбрана, Пиро Венгу, синоќа итно го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за координација на сите институции кои учествуваат во справувањето со кризата. По состанокот, тој соопшти дека околу 800 домаќинства се погодени од надојдените води, а приближно 180 лица морале да ги напуштат своите домови од безбедносни причини.„Опасноста не е завршена и сите служби остануваат на терен,“ истакна Венгу во својата објава на социјалните мрежи, додавајќи дека силите за цивилна заштита, општинските екипи и другите институции се целосно мобилизирани за итни интервенции.Граѓаните се повикани внимателно да ги следат упатствата на службите за итни случаи сè додека не дојде до стабилизација на времето и водостојот.Дополнителна загриженост внесува предупредувањето на Институтот за геолошки науки, од каде информираат дека и денеска се очекуваат нови, обилни врнежи — особено во северниот и јужниот дел на земјата. Тоа би можело да доведе до понатамашно излевање на реките и проширување на поплавените зони.Властите апелираат на максимална претпазливост и солидарност — и остануваат во готовност за нови евакуации доколку биде потребно.

Свет | пред 2 месеци

media-librarymvdc02phtbl7fk6KvoN

(Видео) Куќи и возила под вода, поплави во Херцеговина

Излеани реки, поплавени куќи и возила, проблеми со струјата. Поплавите пустошат во Херцеговина.Граѓаните се уплашени од свлечиштата на земјиштето и од прогнозите за нови, уште пообилни врнежи од дожд.Според метеоролозите локално се очекуваат повеќе од 200 литри дожд на квадратен метар, што може да предизвика нови проблеми.Потсетуваме дека толкава количина на врнежи од дожд е забележана во есента 2024 година, кога последиците во БиХ беа трагични со 27 смртни случаи.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања