Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Попова Шапка најстудена утрово со -3 степени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
3-1

Најниска температура утрово е измерена на Попова Шапка, каде живата во термометарот се спуштила до -3 степени, а снежната покривка достигнува 57 сантиметри.

— реклама —

Под нулата било и во Лазарополе со -2 степени и во Маврови Анови со -1, додека нула степени се измерени во Крива Паланка. Во Берово и Крушево се измерени 1 степен, 2 степени во Претор, а 3 степени во Охрид, Битола, Прилеп, Пожаране и Виница.

— реклама —

Температура од 4 степени е измерена во Ѓуриште и Тополчани, 5 во Тетово, 6 степени во Скопје-Петровец, Демир Капија, Штип и Струмица, 7 во Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид и Велес, додека најтопло утрово е во Гевгелија со 8 степени.

— реклама —

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а попладне се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 15 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, со услови за повремен слаб дожд во делови од котлината во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе достигне до 15 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryv2n47u6bki0g29Og27B

Попова Шапка најстудена утринава, температурите под нулата во повеќе градови

Македонија | пред 17 часа

dozd-1

Променливо облачно време со дожд и снег на планините

Македонија | пред 2 дена

media-library9qtpdb95l7f931bX0LS

Променливо облачно време со врнежи, најмногу дожд во источните делови

Македонија | пред 3 дена

3-1

Најниска температура денеска е измерена на Попова Шапка со -3°C

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања