Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

УХМР

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Променливо облачно со слаб локален дожд

Променливо облачно, во утринските и претпладневните часови во западните делови ќе има слаб локален дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.Во Скопје, променливо облачно, претпадне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени.Следува период на претежно стабилно време. Утрата ќе бидат постудени а преку денот ќе преовладува сончево и релативно топло со мала до умерена облачност.

Македонија | пред 3 седмици

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Утрово -3 степени во Берово, на Попова Шапка 67 сантиметри снег

Утрово најстудено во државата е во Берово, каде што се измерени -3 степени Целзиусови, информираат од Управа за хидрометеоролошки работи.Според податоците на УХМР во 08:30 часот, минималната температура изнесувала 0 степени во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Битола, Струмица, Маврови Анови и на Попова Шапка. Еден степен е измерен во Штип, додека по 2 степени се регистрирани во Тетово, Охрид, Претор, Прилеп, Крушево, Велес и Куманово. Во Скопје-Зајчев Рид и Кавадарци температурата изнесувала 3 степени, а 4 степени се измерени во Виница, Демир Капија и Гевгелија.Од УХМР информираат дека снежната покривка на Попова Шапка изнесува 67 сантиметри.Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и кон крајот на денот ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а максималната температура ќе се движи од 12 до 17 степени.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб променлив ветер. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд, а максималната температура ќе достигне до 16 степени.

Македонија | пред 3 седмици

vrnezi-dozd-vreme

Сончево денес, утре претежно облачно со локални врнежи

Според информациите од УХМР, денес времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, со слаб југоисточен ветер. Максималните температури ќе се движат од 5 степени на Попова Шапка до 19 степени во Скопје-Петровец, а висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 67 сантиметри.Во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми. Утре се очекува претежно облачно и тивко време, со услови за слаби врнежи од дожд. Минималните температури ќе бидат од -1 до 4 степени, а максималните од 12 до 16 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно со кратки сончеви периоди и можност за слаб локален дожд, со слаб променлив ветер и температури од 4 до 16 степени.Следните денови, утре и во понеделник претпладне, ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи, додека од вторник се очекува стабилно време со услови за утринска магла по котлините.

Македонија | пред 3 седмици

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Студено утро, преку ден сончево и до 17 степени

Утрово најниска температура во Македонија е измерена во Берово каде што се спушти до –4 степени Целзиусови, соопшти Управа за хидрометеоролошки работи. Минус два степени се измерени во Битола, Маврови Анови и Лазарополе, додека –1 степен е регистриран во Скопје-Петровец, Струмица, Попова Шапка и Демир Капија.Нула степени утрово се измерени во Штип, Велес, Крива Паланка, Прилеп, Претор и Тетово, еден степен во Кавадарци, Гевгелија, Охрид и Куманово, два во Скопје-Зајчев Рид, три во Крушево, Виница и Ѓуриште, четири во Тополчани и Пожаране, додека најтопло утрово било во Радовиш Пожар со пет степени.На Попова Шапка е измерена снежна покривка од 69 сантиметри.Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи од 12 до 17 степени.Во Скопје ќе преовладува претежно сончево време со слаб до умерен југоисточен ветер, а температурата ќе достигне до 18 степени.

Македонија | пред 3 седмици

51263783_235520197391834_7225933260319096832_n

Попова Шапка со 72 сантиметри снег, најстудено утрово во Берово

Утрово најниска температура во земјава е измерена во Берово, каде термометрите покажаа нула степени, додека најмногу снег има на Попова Шапка, каде снежната покривка достигнува 72 сантиметри.Според податоците, температура од 1 степен е измерена во Лазарополе и на Попова Шапка, 3 степени во Струмица, 4 во Крива Паланка, Охрид, Битола, Демир Капија и Маврови Анови, 5 степени во Тетово, Прилеп, Крушево, Велес, Кавадарци и Гевгелија, 6 степени во Скопје-Петровец, Штип и Виница, додека 7 степени се измерени во Скопје-Зајчев Рид.Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе биде засилен.Максималната температура во текот на денот ќе се движи од 11 до 17 степени.Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремени слаби врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Македонија | пред 3 седмици

popova-shapka

Најмногу снег во Попова Шапка, најладно во Берово

Денеска времето во Република Северна Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а максималната дневна температура ќе се движи од 14 до 20 степени.Според најновите мерења, најмногу снежна покривка има во Попова Шапка – 74 cm. Најниска температура утрово е измерена во Берово, каде што се регистрирани 0 степени.Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, слаб северен ветер и максимална температура до 19 степени.

Македонија | пред 3 седмици

download-5

Берово најстудено утрово со минус шест степени

Утринава најниска минимална температура е измерена во Берово, каде што се спуштила до минус шест степени Целзиусови. Под нулата се и во Битола со минус три, како и во Скопје – Петровец, Крива Паланка, Демир Капија и Струмица каде се измерени минус два степени.Минус еден степен е регистриран во Тетово, Претор, Прилеп, Штип, Велес и Гевгелија, додека нула степени се измерени во Охрид, Кавадарци, Маврови Анови и Попова Шапка. Еден степен над нулата има во Скопје – Зајчев Рид, а највисока утринска температура од два степени е измерена во Виница и Крушево.Најмногу снег има на Попова Шапка, каде што снежната покривка изнесува 77 сантиметри.Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб променлив ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 13 до 17 степени.Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и претежно тивко време, а максималната температура ќе достигне до 16 степени.

Македонија | пред 4 седмици

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Стабилно и сончево време со слаба магла во котлините

Според најновата информација од УХМР, денес во земјава се очекува сончево време со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови по пониските котлини и речните долини имаше појава на слаба магла. Дува слаб ветер претежно од југоисточен правец.Максималните температури денес се движат од 7 степени на Попова Шапка, 10 во Крушево, 12 во Берово, Маврови Анови и Лазарополе, 13 во Охрид, Претор и Виница, 14 во Крива Паланка и Прилеп, 15 во Тетово, Штип и Гевгелија, 16 во Скопје–Зајчев Рид, Велес, Битола, Кавадарци, Демир Капија и Струмица, додека во Скопје–Петровец ќе достигне 17 степени. Во Попова Шапка висината на снежната покривка изнесува 84 cm.До крајот на денот ќе продолжи ведро со мала до умерена локална облачност, додека долж Повардарието ќе дува слаб југоисточен ветер.За утре се очекува слично време: сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со услови за појава на магла, а ветерот ќе биде слаб од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од -3 до 6 степени, а максималната од 10 до 15 степени. Во Скопје минималната температура ќе падне до -1, а максималната ќе достигне до 15 степени.УХМР предупредува дека утрата ќе останат постудени, со услови за слаба магла во пониските котлини, додека стабилното и релативно топло време ќе продолжи и во наредните денови.

Македонија | пред 1 месец

download-5

Берово најстудено утрово со -6 степени, 86 сантиметри снег на Попова Шапка

Утрово најниска температура од минус 6 степени е измерена во Берово, додека минус 4 степени се регистрирани во Крива Паланка. Минус 3 степени се измерени во Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Демир Капија, Маврови Анови и на Попова Шапка.Со минус 2 степени утрото го дочекаа Тетово, Куманово, Велес и Штип, додека минус 1 степен е измерен на Скопје-Зајчев Рид, во Охрид, Претор, Кавадарци, Струмица и Крушево. Нула степени се измерени во Виница, а најтопло со 3 степени било во Гевгелија.Снежна покривка има на Попова Шапка, каде што се измерени 86 сантиметри снег.Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла, а ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи од 10 до 16 степени.Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност и слаб променлив ветер, а температурата ќе достигне до 14 степени.

Македонија | пред 1 месец

popova-sapka

Студено утро со минусни температури, 88 сантиметри снег на Попова Шапка

Утрово најниска минимална температура од минус 4 степени е измерена во Берово, додека минус 3 се регистрирани на Попова Шапка и минус 2 во Маврови Анови, Битола и Струмица. Минус 1 степен е измерен во Скопје-Петровец, Охрид, Тетово, Крива Паланка и Крушево.Нула степени се измерени во Демир Капија, Претор, Прилеп, Велес и Пожаране, додека 2 степени во Ѓуриште, Виница, Кавадарци и Гевгелија. Најтопло утрово со 3 степени било во Куманово, Штип и на Скопје-Зајчев Рид.Снежна покривка има само на Попова Шапка, каде се измерени 88 сантиметри снег.Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува, особено во претпладневните часови. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 9 до 16 степени.Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 14 степени.

Македонија | пред 1 месец

popova-sapka

Попова Шапка најстудена утринава, измерени -4 степени

Утринава најниска минимална температура е измерена на Попова Шапка, каде живата на термометарот се спушти до -4 степени Целзиусови.Под нулата утринава било и во Маврови Анови со -2 степени, како и во Охрид со -1 степен. Нула степени се измерени во Битола и во Крушево, додека 1 степен е регистриран во Берово и Претор.Со 2 степени утринска температура се Прилеп, Тетово, Демир Капија, Виница и Крива Паланка. Во Скопје-Петровец, Струмица и Штип се измерени 4 степени, додека 6 степени се регистрирани во Скопје-Зајчев Рид, Велес и Кавадарци. Најтопло утринава било во Гевгелија со измерени 10 степени.Снежна покривка од 89 сантиметри има на Попова Шапка.Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а долж Повардарието повремено засилен, локално со брзина до 50 километри на час. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 10 до 17 степени.Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а во делови од котлината повремено засилен. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 14 степени.

Македонија | пред 1 месец

popova-shapka

Најстудено во Берово со –3 степени, 91 сантиметар снег на Попова Шапка

Утрото во земјава беше најстудено во Берово, каде се измерени –3 степени. Во Скопје – Петровец минималната температура изнесуваше –2 степени, додека –1 степен е регистриран во Крива Паланка, Тетово, Битола, Демир Капија и Струмица.Температура од 0 степени е измерена во Охрид, Претор, Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, Гевгелија и на Попова Шапка, во Скопје – Зајчев Рид е измерен 1 степен, во Маврови Анови 2, а најтопло утрово било во Крушево и Виница со 3 степени.На Попова Шапка има 91 сантиметар снежна покривка.Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекува повремен локален дожд, а на повисоките планини во западните делови ќе има услови за слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, наместа повремено засилен, во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието од северозападен правец. Максималната температура ќе се движи од 11 до 17 степени.Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а кон крајот на денот се очекува повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, попладне во делови од котлината повремено засилен од северен правец, а максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Македонија | пред 1 месец

DSC_0038

Студено утро, Берово и Попова Шапка со –5 степени

Утрово во земјава осамна со минусни температури, при што најстудено беше во Берово и на Попова Шапка со измерени –5 степени. Температура од –4 степени е регистрирана во Битола, Маврови Анови, Демир Капија, Крушево, Крива Паланка и на Скопје – Петровец, додека –3 степени се измерени во Струмица, Претор, Штип и Прилеп.Во Велес, Охрид, Тетово и Виница минималната температура изнесуваше –2 степени, во Скопје – Зајчев Рид, Пожаране и Тополчани –1, а највисока утринска температура од 0 степени е измерена во Ѓуриште и Гевгелија.Според прогнозата, претпладне времето ќе биде претежно облачно, додека попладне се очекува сончево со умерена облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, а во источните од северозападен правец. Максималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 16 степени.Во Скопје, претпладне ќе биде претежно облачно, а попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а максималната температура ќе достигне до 11 степени.

Македонија | пред 1 месец

ladno_toplomer_termometar_sneg_3454-678x381-1

Облачно време со ветер, максималната температура до 11 степени

Минимални температури до минус 6 степени се измерени утринава во земјава, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Најстудено било на Попова Шапка со -6 степени, додека -4 степени се измерени во Маврови Анови и Крушево. Во Берово температурата се спуштила до -2, во Прилеп до -1, а нула степени се измерени во Крива Паланка, Штип, Охрид, Претор и Виница. Еден степен над нулата е измерен во Скопје-Петровец, Велес, Тетово и Битола, два степени во Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Кавадарци, три во Демир Капија, а најтопло било во Гевгелија со 4 степени.Според податоците на УХМР, снежната покривка на Попова Шапка изнесува 97 сантиметри.Од УХМР информираат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во раните претпладневни часови во северозападните делови ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува и локално ќе достигнува брзина до 60 километри на час. Максималната дневна температура ќе се движи од 5 до 12 степени.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди, со умерен, а во одделни делови од котлината повремено засилен северен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 11 степени, соопшти УХМР.

Македонија | пред 1 месец

popova-shapka

На Попова Шапка речиси метар снег, најниска температура измерена утрово

Најниската утринска температура во земјава денеска е измерена на Попова Шапка, каде се измерени -8 степени Целзиусови. Под нулата утринава било и во Крушево и Маврови Анови со -4 степени, додека во Берово и Претор се измерени -1 степен.Нулта температура е измерена во Крива Паланка, Охрид, Битола и Прилеп. Во Штип и Виница се измерени 2 степени, а во Тетово, Куманово и Струмица 3 степени.Во Скопје – Зајчев Рид, како и во Кавадарци и Демир Капија се измерени 4 степени, додека во Скопје-Петровец и Велес температурата достигнала 5 степени. Најтопло утринава било во Гевгелија со 6 степени.Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се измерени во Струмица, 13 литри на метар квадратен, по што следуваат Берово со 11 и Претор и Гевгелија со по 8 литри. Врнежи се регистрирани и во Демир Капија, Битола, Тетово, Пожаране, Крушево, Прилеп, Скопје-Петровец, Крива Паланка, Штип, Виница и на други мерни места низ земјава.Највисока снежна покривка има на Попова Шапка со 97 сантиметри снег. Во Маврови Анови се измерени 3 сантиметри снежна покривка, во Берово 2, а во Ѓуриште 1 сантиметар.

Македонија | пред 1 месец

Nevreme-skopje

Предупредување за силни налети на ветер во текот на ноќта и утре

Управа за хидрометеоролошки работи попладнево издаде итно предупредување за претстојната ноќ и утрешниот ден, 18 февруари, поради најавата за силен северозападен ветер кој ќе зафати делови од државата.Според прогнозата, се очекува умерен до засилен ветер, при што на одредени места брзината ќе надминува 60 километри на час. Најсилни удари се најавуваат во источните делови на земјата, како и во Пелагонискиот регион.Метеоролозите апелираат до граѓаните да бидат внимателни при движење на отворен простор, особено во подрачја изложени на силни налети. Се препорачува обезбедување на предмети на тераси и во дворови кои би можеле да бидат однесени од ветерот или да предизвикаат материјална штета.

Македонија | пред 1 месец

3

Најмногу дожд во Пожаране – 23 литри на метар квадратен за 24 часа

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Пожаране, каде се измерени 23 литри на квадратен метар, а значителни врнежи има и во западните делови од земјава. Според утринските мерења, најстудено било на Попова Шапка со измерени -3 степени, каде снежната покривка достигнала 104 сантиметри.Поголема количина врнежи се регистрирани и во Маврови Анови со 22 литри на метар квадратен и во Тетово со 14, додека во Охрид наврнале 12 литри дожд. Снежна покривка, покрај на Попова Шапка, има и во Маврови Анови со 6 сантиметри, во Лазарополе 5 и во Крушево 1 сантиметар.Минималните температури во повеќе градови се движеле од нула до шест степени, при што најтопло било во Гевгелија со 6 степени, а утрински температури од 3 до 4 степени се измерени во повеќе градови низ земјата.

Македонија | пред 1 месец

media-librarynaivkme172ta35i48SO

УХМР издаде нов метео аларм: Доаѓаат нови врнежи од дожд

Управата за хидрометеоролошки работи издаде нов метео аларм, според кој денес и утре ќе продолжат врнежите од дожд.„Денес во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Утре претпладне ќе дува засилен повремено силен ветер од јужен, а попладне од северен правец“, објавија оттаму.

Македонија | пред 1 месец

49824796_135803717357705_9067964452044800000_n_135803714024372

Студено утро со температури под нулата, најмногу снег на Попова Шапка

Студено утро со температури под нулата е измерено во повеќе делови од државата, а најниска минимална температура од минус 3 степени Целзиусови е регистрирана на Попова Шапка, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.Минимална температура од 0 степени е измерена во Маврови Анови, Лазарополе и Крушево, додека 1 степен е измерен во Пожаране. Во Крива Паланка и Тополчани се измерени 3 степени, а во Берово, Ѓуриште, Тетово, Претор и Охрид 4 степени. Во Скопје на мерното место Зајчев Рид, како и во Битола, Прилеп и Виница, минималната температура изнесуваше 5 степени, додека 6 степени се измерени во Кавадарци, Струмица и Штип. Најтопло утрово било во Гевгелија со 8 степени, како и во Скопје-Петровец, Велес и Демир Капија со 7 степени.Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се измерени во Битола и Гевгелија, каде наврнале 7 литри на квадратен метар. Во Крушево, Претор и Пожаране се измерени 6 литри, во Прилеп и Тополчани 5, додека во Тетово, Ѓуриште, Попова Шапка, Маврови Анови и Лазарополе се измерени 4 литри на квадратен метар. Во Скопје-Петровец и Велес наврнале 3 литри, во Охрид, Скопје-Зајчев Рид и Демир Капија 2, а најмалку врнежи се регистрирани во Штип, Виница и Струмица.Снежна покривка утрово има само на Попова Шапка, каде во 7 часот се измерени 67 сантиметри снег.

Македонија | пред 1 месец

dozd

Минусни температури утрово во Берово и на Попова Шапка, најмногу дожд во Охрид

Утринава најстудено е во Берово и на Попова Шапка каде се измерени -2 степени, додека -1 степен е измерен во Тетово. Температура од 1 степен е регистрирана во Крива Паланка, Битола, Кавадарци, Струмица, Крушево и Лазарополе, а 2 степени во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Штип, Демир Капија и Маврови Анови.Во Охрид, Претор, Виница и Велес се измерени 3 степени, додека највисока утринска температура од 4 степени е регистрирана во Гевгелија.Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се измерени во Охрид – 5 литри на метар квадратен. По 2 литри на метар квадратен наврнале во Крива Паланка, Штип, Виница и на Попова Шапка, додека по 1 литар во Гевгелија, Пожаране, Маврови Анови, Лазарополе и Пожар-Радовиш.

Македонија | пред 1 месец

media-library6ug3fl146464dJlt1Xb

Обилни дождови и релативно високи температури најавени за следната недела

Обилни врнежи од дожд и релативно високи дневни температури ја очекуваат земјава во текот на следната недела, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, најавувајќи нестабилно време под влијание на циклонска активност.Во текот на ноќта и утрешниот ден се очекуваат врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни и ќе надминат 30 литри на квадратен метар, а локално се можни и ретки грмежи. На планинските подрачја врнежите ќе бидат од снег. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, кои од утринските часови утре ќе се засилуваат, а попладне и во текот на ноќта ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а температурите ќе се движат од минимални околу 9 до максимални 11 Целзиусови степени.Во вторник претпладне, во источните делови од земјата се прогнозираат слаби врнежи од дожд во пониските предели, додека на повисоките места и на планините ќе има мешани врнежи од дожд и снег. Попладне се очекува стабилизирање на времето, но кон крајот на средата и во текот на четврток повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Максималните дневни температури во наредните денови ќе достигнуваат до 13 степени.

Македонија | пред 2 месеци

ladno_toplomer_termometar_sneg_3454-678x381-1

Студено утро со минусни температури и снег на планините

Утрово во земјава е измерено студено време со минусни температури во повеќе места. Најстудено е на Попова Шапка со –4 степени, а под нулата се и Скопје-Петровец, Тетово, Маврови Анови, Штип и Берово. Во Гевгелија утрово се измерени 6 степени Целзиусови.На планинските места има снежна покривка, и тоа 25 сантиметри на Попова Шапка, како и по 7 сантиметри во Маврови Анови и Крушево.Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска времето ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со слаб снег. По котлините ќе има појава на магла, а максималната дневна температура ќе се движи од 3 до 8 степени.Во Скопје се очекува променливо облачно време со магла и услови за слаб дожд, со максимална температура до 5 степени.

Македонија | пред 2 месеци

49939034_276406699699199_5996088938685530112_n_276406693032533

УХМР: Зимата ќе биде малку потопла од просекот

Управата за хидрометеоролошки работи го објави сезонскиот преглед за претстојната зима 2025/2026, подготвен врз основа на прогностички материјали од Европскиот Центар за Среднорочна Прогноза на Времето, Виртуелниот Центар за Климатски Промени за Југоисточна Европа и други светски прогностички центри.Според УХМР, моделите покажува значителна неизвесност за поголемиот дел од Европа, но сепак најголемата доверба (50-60% веројатност) е за развој на позитивни геопотенцијални аномалии над југоисточна Европа. Набљудуваните температури на морската површина и прогнозите за следните три месеци покажуваат повисока веројатност за појава на Ла Ниња услови, со слаб интензитет.„Зимата 2025/2026 се очекува дека ќе биде со малку над просечната температура на воздух и со количини на врнежи во рамките на многугодишниот просек.Се очекува зимата 2025/2026 година да биде динамична, карактеризирана со значителни месечни промени кои ќе се одвива во три различни фази: ладен почеток, умерен среден период на сезоната и постуден крај. Најголемото позитивно отстапување на месечните вредности се очекува во месец јануари”, посочуваат од УХМР.Не се очекува врнежите во декември да го достигнат просекот, но почетокот на 2026 година треба да биде повлажен, со врнежи над просекот во источниот дел во јануари и февруари, истакнуваат од УХМР.

Македонија | пред 4 месеци

ladno_toplomer_termometar_sneg_3454-678x381-1

Температури под нула, студена вечер во Македонија

Македонија е под влијание на релативно сува и многу студена воздушна маса која продира од север, што условува пад на температурите и засилување на северниот ветер во одделни подрачја.Според мерењата на УХМР до 19 часот, минусни температури веќе се регистрирани на скијачките центри и на повисоките планински места.Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.Во утринските часови наместа ќе провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.До вторник времето ќе биде претежно облачно и суво, а во среда ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови на државата.

Македонија | пред 4 месеци

3

Од вторник поројни врнежи и ветер над 60 км/ч – следи период на нестабилност

Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), Македонија влегува во период на нестабилни временски услови кои ќе ја одбележат неделата што претстои. Очекувајте магла во утринските часови, локални врнежи од дожд, како и засилен ветер од јужни правци.Од вторник времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, на места и пообилни — над 30 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а долж Повардарието – од југоисточен правец, со удари и над 60 километри на час. „Следува период на нестабилно време со повремени врнежи и ветровито време, кое ќе биде особено изразено во централните и јужните делови на земјата“, соопштија од УХМР.Во понеделник наутро ќе има услови за магла во котлините, а во текот на денот ќе преовладува претежно облачно време. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, во северозападните делови се очекува слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе се движат од -1 до 19 степени.Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има слаба магла, додека во текот на денот ќе преовладува облачно време. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а температурите ќе се движат меѓу 3 и 15 степени.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања