Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Студено утро со минусни температури, 88 сантиметри снег на Попова Шапка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
popova-sapka

Утрово најниска минимална температура од минус 4 степени е измерена во Берово, додека минус 3 се регистрирани на Попова Шапка и минус 2 во Маврови Анови, Битола и Струмица. Минус 1 степен е измерен во Скопје-Петровец, Охрид, Тетово, Крива Паланка и Крушево.

— реклама —

Нула степени се измерени во Демир Капија, Претор, Прилеп, Велес и Пожаране, додека 2 степени во Ѓуриште, Виница, Кавадарци и Гевгелија. Најтопло утрово со 3 степени било во Куманово, Штип и на Скопје-Зајчев Рид.

— реклама —

Снежна покривка има само на Попова Шапка, каде се измерени 88 сантиметри снег.

— реклама —

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува, особено во претпладневните часови. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 9 до 16 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 14 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

vreme

Променливо облачно време со сончеви периоди

Македонија | пред 18 часа

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Облаци и врнежи низ земјава, во Скопје до 13 степени

Македонија | пред 3 дена

vreme

Променливо облачно со дожд и силен јужен ветер – температурите до 21°C

Македонија | пред 4 дена

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Утре силен јужен ветер над 60km/h, а во петок врнежи и услови за грмежи

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања