Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Студено утро, Берово и Попова Шапка со –5 степени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
DSC_0038

Утрово во земјава осамна со минусни температури, при што најстудено беше во Берово и на Попова Шапка со измерени –5 степени. Температура од –4 степени е регистрирана во Битола, Маврови Анови, Демир Капија, Крушево, Крива Паланка и на Скопје – Петровец, додека –3 степени се измерени во Струмица, Претор, Штип и Прилеп.

— реклама —

Во Велес, Охрид, Тетово и Виница минималната температура изнесуваше –2 степени, во Скопје – Зајчев Рид, Пожаране и Тополчани –1, а највисока утринска температура од 0 степени е измерена во Ѓуриште и Гевгелија.

— реклама —

Според прогнозата, претпладне времето ќе биде претежно облачно, додека попладне се очекува сончево со умерена облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, а во источните од северозападен правец. Максималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 16 степени.

— реклама —

Во Скопје, претпладне ќе биде претежно облачно, а попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а максималната температура ќе достигне до 11 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

vreme

Променливо облачно време со сончеви периоди

Македонија | пред 18 часа

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Облаци и врнежи низ земјава, во Скопје до 13 степени

Македонија | пред 3 дена

vreme

Променливо облачно со дожд и силен јужен ветер – температурите до 21°C

Македонија | пред 4 дена

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Утре силен јужен ветер над 60km/h, а во петок врнежи и услови за грмежи

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања