Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Попова Шапка со 72 сантиметри снег, најстудено утрово во Берово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
51263783_235520197391834_7225933260319096832_n

Утрово најниска температура во земјава е измерена во Берово, каде термометрите покажаа нула степени, додека најмногу снег има на Попова Шапка, каде снежната покривка достигнува 72 сантиметри.

— реклама —

Според податоците, температура од 1 степен е измерена во Лазарополе и на Попова Шапка, 3 степени во Струмица, 4 во Крива Паланка, Охрид, Битола, Демир Капија и Маврови Анови, 5 степени во Тетово, Прилеп, Крушево, Велес, Кавадарци и Гевгелија, 6 степени во Скопје-Петровец, Штип и Виница, додека 7 степени се измерени во Скопје-Зајчев Рид.

— реклама —

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе биде засилен.

— реклама —

Максималната температура во текот на денот ќе се движи од 11 до 17 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремени слаби врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryv2n47u6bki0g29Og27B

Попова Шапка најстудена утринава, температурите под нулата во повеќе градови

Македонија | пред 16 часа

dozd-1

Променливо облачно време со дожд и снег на планините

Македонија | пред 2 дена

media-library9qtpdb95l7f931bX0LS

Променливо облачно време со врнежи, најмногу дожд во источните делови

Македонија | пред 3 дена

3-1

Најниска температура денеска е измерена на Попова Шапка со -3°C

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања