Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Попова Шапка најстудена утринава, измерени -4 степени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
popova-sapka

Утринава најниска минимална температура е измерена на Попова Шапка, каде живата на термометарот се спушти до -4 степени Целзиусови.

— реклама —

Под нулата утринава било и во Маврови Анови со -2 степени, како и во Охрид со -1 степен. Нула степени се измерени во Битола и во Крушево, додека 1 степен е регистриран во Берово и Претор.

— реклама —

Со 2 степени утринска температура се Прилеп, Тетово, Демир Капија, Виница и Крива Паланка. Во Скопје-Петровец, Струмица и Штип се измерени 4 степени, додека 6 степени се регистрирани во Скопје-Зајчев Рид, Велес и Кавадарци. Најтопло утринава било во Гевгелија со измерени 10 степени.

— реклама —

Снежна покривка од 89 сантиметри има на Попова Шапка.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а долж Повардарието повремено засилен, локално со брзина до 50 километри на час. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 10 до 17 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а во делови од котлината повремено засилен. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 14 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

vreme

Променливо облачно време со сончеви периоди

Македонија | пред 17 часа

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Облаци и врнежи низ земјава, во Скопје до 13 степени

Македонија | пред 3 дена

vreme

Променливо облачно со дожд и силен јужен ветер – температурите до 21°C

Македонија | пред 4 дена

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Утре силен јужен ветер над 60km/h, а во петок врнежи и услови за грмежи

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања