Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најстудено во Берово со –3 степени, 91 сантиметар снег на Попова Шапка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
popova-shapka

Утрото во земјава беше најстудено во Берово, каде се измерени –3 степени. Во Скопје – Петровец минималната температура изнесуваше –2 степени, додека –1 степен е регистриран во Крива Паланка, Тетово, Битола, Демир Капија и Струмица.

— реклама —

Температура од 0 степени е измерена во Охрид, Претор, Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, Гевгелија и на Попова Шапка, во Скопје – Зајчев Рид е измерен 1 степен, во Маврови Анови 2, а најтопло утрово било во Крушево и Виница со 3 степени.

— реклама —

На Попова Шапка има 91 сантиметар снежна покривка.

— реклама —

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекува повремен локален дожд, а на повисоките планини во западните делови ќе има услови за слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, наместа повремено засилен, во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието од северозападен правец. Максималната температура ќе се движи од 11 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а кон крајот на денот се очекува повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, попладне во делови од котлината повремено засилен од северен правец, а максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

vreme

Променливо облачно време со сончеви периоди

Македонија | пред 18 часа

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Облаци и врнежи низ земјава, во Скопје до 13 степени

Македонија | пред 3 дена

vreme

Променливо облачно со дожд и силен јужен ветер – температурите до 21°C

Македонија | пред 4 дена

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Утре силен јужен ветер над 60km/h, а во петок врнежи и услови за грмежи

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања