Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

УХМР: Зимата ќе биде малку потопла од просекот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
49939034_276406699699199_5996088938685530112_n_276406693032533

Управата за хидрометеоролошки работи го објави сезонскиот преглед за претстојната зима 2025/2026, подготвен врз основа на прогностички материјали од Европскиот Центар за Среднорочна Прогноза на Времето, Виртуелниот Центар за Климатски Промени за Југоисточна Европа и други светски прогностички центри.

Според УХМР, моделите покажува значителна неизвесност за поголемиот дел од Европа, но сепак најголемата доверба (50-60% веројатност) е за развој на позитивни геопотенцијални аномалии над југоисточна Европа. Набљудуваните температури на морската површина и прогнозите за следните три месеци покажуваат повисока веројатност за појава на Ла Ниња услови, со слаб интензитет.

— реклама —

„Зимата 2025/2026 се очекува дека ќе биде со малку над просечната температура на воздух и со количини на врнежи во рамките на многугодишниот просек.

Се очекува зимата 2025/2026 година да биде динамична, карактеризирана со значителни месечни промени кои ќе се одвива во три различни фази: ладен почеток, умерен среден период на сезоната и постуден крај. Најголемото позитивно отстапување на месечните вредности се очекува во месец јануари”, посочуваат од УХМР.

— реклама —

Не се очекува врнежите во декември да го достигнат просекот, но почетокот на 2026 година треба да биде повлажен, со врнежи над просекот во источниот дел во јануари и февруари, истакнуваат од УХМР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sonce-oblaci-1

Променливо облачно со сончеви периоди и засилен северен ветер

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
301161724_590774289354954_6823866186930323195_n

Нестабилно време со дожд и засилен ветер: температурите во пад

Македонија | пред 1 ден

media-library6in59jkg5f4ofLaHqX5

Променливо облачно со врнежи од дожд, темпоература до 21 степен

Македонија | пред 2 дена

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-36-4590PM

Променливо време со дожд и ветер, од вторник нов бран нестабилност

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања