Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најладно утрово во Берово: измерени -4 степени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
berovo

Утрово најниска температура во земјава е измерена во Берово, каде термометрите покажале -4 степени Целзиусови, информираат од метеоролошките служби. Студено било и во Маврови Анови со -2 степени, како и на Попова Шапка, во Крива Паланка и Лазарополе каде се измерени -1 степен.

— реклама —

Температура од 0 степени е регистрирана во Битола, Тетово и Крушево, додека 1 степен се измерени во Струмица, Скопје-Петровец, Прилеп, Пожаране, Велес и Претор. Со 2 степени утрото го дочекаа Куманово, Охрид, Ѓуриште, Кавадарци и Гевгелија, а 3 степени се измерени во Виница, Штип, Тополчани и Демир Капија. Најтопло утрово било во Скопје-Зајчев Рид со 4 степени.

— реклама —

На Попова Шапка има и снежна покривка од 51 сантиметар.

— реклама —

Според прогнозата, претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а на одделни места ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе се движи од 13 до 19 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, додека попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а максималната температура ќе достигне до 17 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryv2n47u6bki0g29Og27B

Попова Шапка најстудена утринава, температурите под нулата во повеќе градови

Македонија | пред 15 часа

dozd-1

Променливо облачно време со дожд и снег на планините

Македонија | пред 2 дена

media-library9qtpdb95l7f931bX0LS

Променливо облачно време со врнежи, најмногу дожд во источните делови

Македонија | пред 3 дена

3-1

Најниска температура денеска е измерена на Попова Шапка со -3°C

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања