Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Девојка што била во „Пулс“ тврди дека „Без обезбедувачите ќе имаше многу повеќе жртви“, преживеаниот Китанов се откажа од нивно гонење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library6nvnengulu3818UZBIV
На фотографијата: еден од обезбедувачите на Пулс

Сведокот Мартина Ристевска на судењето изјави дека обезбедувачите во дискотеката „Пулс“ во Кочани, и покрај лошата состојба, повторно влегувале во објектот за да извлечат луѓе, што според неа спасило многу животи. Таа опиша паника по предупредување дека плафонот гори и кажа дека била изнесена со помош на две лица, а случајно го снимила и почетокот на пожарот. Во пожарот на 16 март 2025 загинаа над 60 лица, а над 200 беа повредени. Преживеаниот Кристијан Китанов не се приклучи во гонењето на обезбедувањето, но се приклучи против другите обвинети. Обвинителството тврди дека обезбедувачите прекршиле прописи, дозволиле малолетници и пречекорен капацитет.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Обезбедувачите во дискотеката „Пулс“ го жртвувале своето здравје за да спасат што повеќе луѓе за време на пожарот во Кочани, изјави на судење 21-годишната Мартина Ристевска, која била присутна во објектот кобната ноќ.

— реклама —

Таа сведочеше дека настанала голема паника кога пејачот им рекол дека плафонот гори и дека треба да излезат надвор. Во гужвата, како што рече, успеала да стигне до излезот каде две лица ѝ помогнале да излезе.

— реклама —

Ристевска изјави дека видела членови на обезбедувањето како извлекуваат луѓе од објектот и покрај тоа што биле во лоша состојба.

— реклама —

„Повраќаа црно, ставаа маица преку устата и носот и повторно влегуваа да извлекуваат луѓе“, рече таа, додавајќи дека без нивната помош бројот на жртвите ќе бил многу поголем.

Таа посочи дека случајно го снимила почетокот на пожарот додека снимала видео од настапот, а подоцна на снимката забележала жар на плафонот.

Во пожарот што избувна на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа повеќе од 60 лица, а над 200 беа повредени.

Кристијан Китанов пак, исто така преживеан, посочи дека не се приклучува во кривичниот прогон за обезбедувањето, а дека се приклучува кон гонењето на сите други обвинети. По ова имаше дискусија меѓу адвокатите кои приговараа, но Обвинителството реагираше дека не може да се бара правно толкување од сведокот.

Обвинителството им става на товар на обезбедувачите дека не постапувале според прописите, па така дозволиле во клубот да влезат и малолетници од кои дел и загинаа, но и поголем број на гости од капацитетот на објектот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryal1bf04gcr551aeZsrH

39-ти „Марш на ангелите“ во Кочани: Додека светот го поместува часовникот напред, за нас времето стои

Македонија | пред 4 дена

puls-12

Сведок на судењето за „Пулс“: Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот

Македонија | пред 5 дена

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Тројца нови сведоци за пожарот во Кочани - продолжува судењето за случајот „Пулс“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Повторно се одложува судењето против деветте полициски службеници обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања