Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Димитријевиќ: Одговорноста за картелскиот скандал со 5 тони дрога води директно до врвот на власта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryod8jha00559t6yk7q50

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција нагласи дека одговорноста за картелскиот скандал со 5 тони дрога која од Македонија завршила во Србија води директно до врвот на власта, затоа цела недела нема информации, а а јавноста е сведок на организирана владина медиумска кампања  за дефокус

— реклама —

Димитријевиќ посочи дека цела недела нема одговор на клучното прашање, како толкава количина дрога поминала преку македонската граница и кој ќе одговара за тоа.

— реклама —

„ Нема приведени, нема осомничени. Има само дефокус.Од јавно објавените фотографии може да се види дека запленетата дрога во Србија била пакувана во големи картонски кутии со димензии 60 на 40 сантиметри, со по 4 до 5 килограми марихуана во најлонски кеси. Тоа значи многу пратки, и многу возила, камиони. Пет, десет, можеби и повеќе шлепери или камиони требало да ја поминат границата. Како?“, рече Димитријевиќ.

— реклама —

Притоа, Димитријевиќ истакна  дека и за последните акции за запленет, одговорноста е кај власта.

„МВР молчи за тоа како 5 тони преминале преку македонската граница ама објавува дека заплениле 40 тони канабис во земјава. Ако навистина се запленети 40 тони нелегално произведен и складиран канабис во Македонија, тогаш повторно одговорноста е кај власта и кај никој друг.“

Тој нагласи дека без поддршка и заштита од институциите, ваков шверц не е возможен.

„Без поддршка, заштита и логистика од врвот на власта шверцот на огромна количина дрога преку границата не било возможно. Од Скопје до Табановце има 48 километри, со гранична и царинска контрола. Каде се камерите на „Safe City“? Каде е полиција? Каде се екипите на Мобилна царина? Каде се контролите?“, рече Димитријевиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 13 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 18 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања