Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Димитријевиќ: ВМРО-ДПМНЕ прави дефокус, нема одговор за 5 тони дрога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library36lrv6gi6moo27Cr4KF

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, обвини дека ВМРО-ДПМНЕ свесно ја пренасочува јавноста од, како што рече, најсериозните прашања поврзани со петте тони дрога што поминале преку државната граница.

— реклама —

Тој оцени дека за власта „нема ништо свето“ и дека, според него, се злоупотребуваат и човечки трагедии со цел да се прикријат суштинските теми.

— реклама —

„Немаме одговор како поминаа пет тони дрога преку граница. Немаме одговор на скандалите што ги отвораме, поврзани со фирми блиски до ДПМНЕ, кои, според нашите наводи, водат директно до кабинетот на Мицкоски и до високото раководство на партијата“, изјави Димитријевиќ.

— реклама —

Тој додаде дека, наместо институционален одговор и расчистување на сомнежите, јавноста секојдневно е сведок на, како што рече, „класичен дефокус“ од страна на власта.

Според СДСМ, отсуството на конкретни одговори за начинот на кој голема количина дрога ја поминала границата отвора сериозни дилеми за одговорноста на институциите. Димитријевиќ порача дека партијата ќе продолжи јавно да ги поставува прашањата сè додека, како што истакна, не се добијат јасни и недвосмислени одговори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 12 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 16 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања