Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Дипломатска тензја меѓу Италија и Швајцарија поради ослободувањето на сопственикот на барот со кауција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarysdcs49uqho91fXOoqEd

Италија официјално вложи протестна нота поради одлуката сопственикот на барот во кој на Нова година изби смртоносен пожар во Швајцарија да биде пуштен на слобода со кауција. Како дополнителна мерка, Рим го повлече својот амбасадор од Берн, по што следуваа остри реакции и критики во двете земји, јавува Ројтерс.

Жак Морети и неговата сопруга Џесика, сопственици на барот „Ле Констелацион“ во Кран-Монтана, се под истрага за убиство од небрежност и други кривични дела поврзани со пожарот во кој загинаа 40 лица, а повеќе од 100 беа повредени. Морети беше уапсен на 9 јануари, но судот донесе одлука тој да биде пуштен на слобода со кауција, што предизвика силни реакции во италијанската јавност.

— реклама —

Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја оцени одлуката како навреда за споменот на жртвите и за нивните семејства. Во трагедијата животот го загубија шест италијански државјани, а уште десет беа повредени. Во официјалното соопштение на италијанската влада се наведува дека Мелони и министерот за надворешни работи Антонио Тајани му наложиле на амбасадорот на Италија веднаш да стапи во контакт со главниот обвинител во швајцарскиот кантон Вале и да го пренесе, како што е наведено, силното негодување на Италија поради ваквата судска одлука.

Во соопштението се потенцира дека судот донел одлука и покрај сериозноста на делата што му се ставаат на товар, ризикот од бегство и можноста за компромитирање на доказите. Италијанската влада истакнува дека целата земја бара вистина и правда и повикува на мерки што ќе одговорат на размерите на катастрофата, со целосно почитување на болката и очекувањата на семејствата на жртвите.

— реклама —

Како дел од дипломатските чекори, на амбасадорот Џан Лоренцо Корнадо му било наложено да се врати во Рим, каде ќе се разгледуваат натамошните потези на италијанската дипломатија. Морети беше пуштен со кауција од 200.000 швајцарски франци и обврска секојдневно да се јавува во полиција. Адвокатите на жртвите и на нивните семејства изразија сериозна загриженост, наведувајќи дека тешко можат да ја разберат одлуката и дека постои ризик од исчезнување на клучни докази.

Одбраната на Морети соопшти дека сопружниците изразуваат жалење за трагедијата и дека ќе соработуваат целосно со обвинителството, додавајќи дека ќе ги почитуваат сите барања на надлежните институции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygf7pds210ivvcwqCVGD

(Видео) Вооружен грабеж во банка во Неапол со 25 заложници

Свет | пред 5 дена

— реклама —
dzordza-meloni

Мелони: Воспоставувањето слободна пловидба низ Ормускиот теснец е клучно за Италија и ЕУ

Свет | пред 1 седмица

media-libraryh53oqimfdn4j6WFg8Fu

(Видео) Бродови во близина на Италија спасиле 32 мигранти

Свет | пред 2 седмици

media-library8dj04sgisio52NpdMMr

Италија со итни мерки поради недостиг од авионско гориво: ограничувања на четири аеродроми до 9 април

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања