Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Директорот на „Комунална хигиена“ од вчера е во полициска станица, дали ќе се бара притвор зависи од пријавата од МВР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-librarydm330gh82fa22tey3aN

Директорот на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“, Сабахадин Рустеми, кој вчера беше приведен заедно со уште едно лице од раководството на претпријатието, и денеска се наоѓа во полициска станица.

Според информации од Основното јавно обвинителство – Скопје, двајцата се осомничени за кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ – дело предвидено во член 230 од Кривичниот законик, за кое е пропишана и казна затвор.

— реклама —

„Во однос на ова, лицата се задржани и постапката е во тек. Штом имаме повеќе детали, сите ќе бидете известени“, изјавија за Скопје1 од Обвинителството.

Приведувањата следуваат по неколкудневни активности на полицијата, која по наредба на Обвинителството обезбедуваше докази поврзани со управувањето со отпад и постапувањето на претпријатието во делот на заштита на животната средина.

— реклама —

Од МВР се дознава дека се проверуваат постапки за складирање и транспорт на комунален и индустриски отпад, како и договори со приватни фирми кои се под сомнение дека не биле во согласност со законските процедури.

Обвинителството најави дека по документирањето на случајот ќе се одлучи дали ќе се побара притвор за директорот и неговиот соработник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Киднапирање како на филм во Демир Капија: Му ставиле црна ќеса на глава, му се заканувале со пиштол и со сила барале признание за силување

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library66ntksuu8f0ccZNUhnh

Обвинителската служба доби колективен договор и најавено зголемување на платите

Македонија | пред 3 седмици

media-librarygvjkn3rgmo1q7gRNdgY

Обвинителството: Нема застој во предметите за „Пулс“, ЗНМ да гарантираат воздржаност при јавно коментирање на вакви трагедии

Македонија | пред 3 седмици

media-library6h6ho6cnbg5n1Nuyr4y

Трка за шеф на Вишото обвинителство и обвинители во ОЈО-ГОКК

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања