Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„Добар човек, кој прерано заминува“ - политичари и колеги со последни пораки за д-р Виктор Исјановски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Коментари
Screenshot-2025-08-30-at-14.09.36

Со длабока тага и неверување македонската јавност ја прими веста за прераната смрт на д-р Виктор Исјановски, истакнат психијатар, професор, долгогодишен здравствен работник и поранешен претседател на СДСМ Карпош.

Поранешниот премиер и претседател на СДСМ, а сега пратеник, Димитар Ковачевски, во својата порака истакна дека Исјановски ќе биде паметен како позитивен и професионален човек. „Како лекар, тој се грижеше за менталното здравје на граѓаните, а во најтешко време на пандемија успешно ја водеше најголемата здравствена установа во главниот град. Ќе го паметиме како секогаш позитивен, насмеан и професионален семеен човек, лекар и другар,“ напиша Ковачевски, упатувајќи сочувство до семејството, пријателите и колегите.

— реклама —

Од општинската организација на СДСМ – Карпош порачаа дека неговото заминување е ненадоместлива загуба. „Виктор беше пример за човек со визија, знаење и посветеност. Како лекар, тој несебично се грижеше за менталното здравје на граѓаните; како лидер во здравството, со достоинство ги водеше институциите во најтешките времиња, а како партиски активист, беше глас на разумот, единството и напредокот. Почивај во мир, другар Виктор. Твоето дело ќе живее вечно.“

Со зборови на почит се обрати и поранешниот министер за внатрешни работи, а сега пратеник, Оливер Спасовски: „Виктор беше човек со визија, знаење и несебична посветеност кон своите пациенти, колегите и пријателите. Со својот професионализам, добрината и човечноста остави длабока трага кај сите што имаа чест да го познаваат. Неговото заминување е голема и ненадоместлива загуба за здравството и за целото наше општество.“

— реклама —

„Нека му е лесна земја и вечен спомен...“ напиша поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, а со кратка порака се обрати и Бојан Маричиќ: „Почивај во мир другар. Добар човек, кој прерано заминува.“

Исјановски, јавноста најмногу го памети по неговата улога за време на пандемијата на ковид-19, кога го раководеше Здравствениот дом – Скопје и со сите расположливи ресурси ја водеше борбата против вирусот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2dm69fmklhc560F8vVx

Филипче:Здравјето на граѓаните на Крива Паланка мора да биде приоритет, а не бизнисите на донаторите на ВМРО

Македонија | пред 40 минути

— реклама —
media-libraryil7tasdiq4565MuomkL

Филипче: Власта да се откаже од укинување техничка Влада или СДСМ ќе се повлече од работата за Изборниот закон

Македонија | пред 1 час

media-libraryovu8bgneal1r3LXwt6I

Филипче: Власта да се откаже од укинување техничка Влада или СДСМ ќе се повлече од работата за Изборниот закон

Македонија | пред 1 час

media-librarypmuc4rg3to8mcHpc499

„Нова бомба: Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ОКГ“ , вели Кузеска

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања