Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Донбас во фокусот на разговорите меѓу Украина, Русија и САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
c8c0395d-fc13-4585-9165-dfae2cd4763a

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека трилатералните разговори меѓу Украина, Русија и Соединетите Американски Држави, кои денеска се одржуваат во Обединетите Арапски Емирати, ќе бидат фокусирани на статусот на источниот украински регион Донбас.

— реклама —

„Прашањето за Донбас е клучно. За него ќе се разговара, како и за моделите, односно за тоа како го гледаат сите три страни“, изјави Зеленски, осврнувајќи се на разговорите што се одржуваат во Абу Даби, каде што Украина испраќа своја делегација.

— реклама —

Тој нагласи дека овие разговори ги гледа како можен исчекор кон ставање крај на војната, иако, како што рече, исходот не може однапред да се предвиди. „Ова е чекор, се надевам кон завршување на војната, но можни се различни сценарија“, додаде украинскиот претседател.

— реклама —

Зеленски информираше и дека за Донбас разговарал вчера со американскиот претседател Доналд Трамп на маргините на Светскиот економски форум во Давос. Според него, двајцата претседатели во тие разговори ги „финализирале безбедносните гаранции“ за Украина и отвориле прашања поврзани со дополнителни ракети за противвоздушна одбрана, неопходни за пресретнување на руските балистички проектили.

„Се надевам на позитивен исход“, порача Зеленски, оценувајќи дека претстојните разговори можат да имаат значајна улога во идниот развој на мировниот процес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски најави нова ера: Украина потпиша 10-годишни воени договори со заливските држави

Свет | пред 10 часа

ukraina-kiev-1

Смртоносни напади меѓу Русија и Украина: загинати цивили од двете страни

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски: Нема услови за трипартитен состанок со САД и Русија

Свет | пред 2 дена

media-libraryj56fg38ofer7dCxtOxW

Девојката од Украина која барала помош пред маркети во Скопје, ги одбила сите видови понудена помош, објави украинското здружение во земјава

Скопје | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања