Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ЗЕЛЕНСКИ

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Донбас станува „Дониленд“?; Зеленски: „Само да не биде Путинленд“

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека е клучно Донецката и Луганската област да останат во состав на Украина, коментирајќи медиумски наводи за предлог дел од Донбас да се преименува во „Дониленд“ во чест на американскиот лидер Доналд Трамп.Коментарот следуваше откако „Њујорк тајмс“ објави дека украински претставници за време на неодамнешните мировни преговори изнеле идеја за преименување на дел од регионот со цел да го придобијат Трамп и да го поттикнат на поостар став кон руските територијални претензии, пишува „Киев индипендент“.„Најважно е Донецката и Луганската област да останат дел од Украина, само да не биде Путинленд. Тоа е најважно“, изјави Зеленски пред новинарите, алудирајќи на рускиот претседател Владимир Путин.Според „Њујорк тајмс“, идејата за преименување била изнесена делумно на шега, но и како дипломатски гест. Предложеното име „Дониленд“, кованица од Донецк, Доналд и Дизниленд, би се однесувало на околу 5.000 квадратни километри во северозападниот дел од Донецката област.Зеленски нагласи дека во преговорите користи исклучиво термини како Донецка област, Луганска област, Донбас и територија на Украина, без други називи.Иако деталите од планот не се јасни, наводно било предложено комитет за мир поврзан со Трамп да учествува во управувањето со тој дел, но идејата не е дел од официјални документи.Преговорите со посредство на САД во последните месеци се фокусирани на иднината на Донбас – регион во источна Украина што ги опфаќа делумно окупираните Донецка и Луганска област. Клучното прашање е територијалната контрола, додека Москва врши притисок Украина да се повлече од преостанатите територии.Трамп, кој за време на кампањата ветуваше дека ќе ја заврши војната во рок од 24 часа, повеќе од една година се обидува да постигне договор преку преговори, што предизвикува фрустрации во Киев.По средбата на Трамп и Путин на Алјаска во август 2025 година, американската администрација сигнализираше подготвеност за можен договор што би вклучувал повлекување на Украина од Донецката област.Русија во меѓувреме го промовира т.н. „Договор од Енкориџ“, според кој Донбас би бил предаден на нив.Украина сè уште контролира околу една четвртина од Донецката област и одбива повлекување, предлагајќи прекин на огнот долж постојните линии на фронтот.

Свет | пред 6 часа

media-library4fivrrlqs37c9z0zFuJ

Зеленски: Нафтоводот Дружба е поправен и може да продолжи со работа

Нафтоводот „Дружба“, преку кој руската нафта се доставува во Европа, е подготвен да продолжи со работа, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, сигнализирајќи дека Киев сега очекува деблокада на пакет помош од 90 милијарди евра.„Украина ги заврши поправките на делот од нафтоводот Дружба кој беше оштетен во руски напад. Нафтоводот може да продолжи со работа“, напиша Зеленски на X.Дискутиравме за нашите приоритети во енергетската соработка со партнерите.Запирањето на протокот предизвика негодување во Унгарија и Словачка, кои и понатаму зависат од увоз на руска нафта.Унгарската влада се закани дека како одговор ќе ја укине енергетската помош за Украина, а премиерот Виктор Орбан долго време го блокираше пакетот помош за Киев договорен од Европската комисија.Зеленски додаде дека Украина, чиј воен буџет во голема мера зависи од странско финансирање, очекува исплата на средствата како што е договорено, по поправката на нафтоводот „Дружба“.„Тоа го поврзуваме со деблокирањето на европскиот пакет помош за Украина, кој веќе е одобрен од Европскиот совет“, рече тој.

Свет | пред 1 ден

media-library0ste2oguq4gtdQTACnD

(Видео) Зеленски се сретна со шведскиот крал

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со шведскиот крал Карл XVI Густав, со кого разговараше за воената поддршка за Украина и за зајакнување на одбранбената соработка меѓу двете земји.На средбата, како што соопшти Зеленски, биле разгледани можности за зајакнување на украинските воздухопловни сили, вклучително и потенцијалното воведување на борбени авиони „Грипен“ од Шведска. Разговорите опфатиле и продолжување на хуманитарната и енергетската помош за Украина.Зеленски нагласи дека посебен акцент бил ставен на долгорочна одбранбена соработка, со цел зајакнување на безбедносните капацитети и на Украина и на Шведска. Тој додаде дека Киев е подготвен да ги сподели своите искуства и технологии во одбранбениот сектор.Шведскиот крал Карл XVI Густав во меѓувреме престојува во официјална посета на Лавов. Шведска неодамна ја потврди својата поддршка за формирање на специјален суд за злосторството на агресија против Украина, како и испорака на напредни системи за противвоздушна одбрана „Тридон Мк2“.

Свет | пред 5 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски ја одби американската понуда: „Не сме идиоти“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, остро ги отфрли предлозите според кои безбедносните гаранции од САД би биле условени со откажување од регионот Донбас.Во интервју за германскиот медиум ZDF, Зеленски изјави дека таквите предлози суштински значат капитулација.„Тие велат гаранциите ќе дојдат по крајот на војната – а војната ќе заврши кога ќе се повлечеме од Донбас. Не сме идиоти. Знаеме што значи тоа“, рече тој.Зеленски додаде дека дел од американските функционери, меѓу кои Џаред Кушнер и Стив Виткоф, сметаат дека Русија ја добива војната, но оцени дека таквата проценка е погрешна.И покрај тоа, украинскиот претседател нагласи дека дијалогот со Вашингтон продолжува, додавајќи дека Киев е подготвен на деескалација – вклучително и запирање на нападите врз руската енергетска инфраструктура, доколку Москва возврати со ист чекор.Тој повтори дека Русија ќе мора да ја плати штетата од војната, било преку договор или преку меѓународни економски механизми, нагласувајќи дека територијалните отстапки не се опција за Украина.

Свет | пред 5 дена

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски во Берлин: во фокус воена и финансиска помош за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува подоцна денеска да ја посети Германија, каде што во Берлин ќе разговара со германскиот канцелар Фридрих Мерц, соопшти портпаролот на германската влада.Посетата, која претставува први официјални германско-украински консултации по подолг период, била чувана во тајност од безбедносни причини. Зеленски ќе биде придружуван од неколку министри.Главните теми на разговорите ќе бидат финансиската и воената поддршка за Украина, како и напорите за обнова на земјата и враќање на украинските бегалци.Се очекува двете страни да потпишат и повеќе договори, по што Мерц и Зеленски ќе одржат заедничка прес-конференција.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски најави нови безбедносни договори со земји од Блискиот Исток

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го сослушал извештајот на Рустем Умеров, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана, по првата фаза од активностите на украинската делегација на Блискиот Исток и во регионот на Заливот, по што наложил финализирање на нацртите за повеќе нови безбедносни договори.„Подготвуваме основа за подлабоки безбедносни договори и во Европа – очекуваме резултати веќе оваа недела. Наложив да се завршат нацртите и да се подготват за потпишување“, соопшти Зеленски.Тој додаде дека Украина во моментов води комуникација за безбедносни прашања со Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Јордан, Турција, Сирија, Оман, Кувајт и Бахреин, а поднесени се и барања за соработка со Ирак.Во разговорите биле опфатени и можностите за заедничка соработка со земјите од Кавказот, како и од Источна и Југоисточна Азија и Африка. Заменик-секретарот на Советот, Давит Алојан, изјавил дека повеќе од 200 украински експерти моментално се ангажирани во пет земји од регионот на Персискиот Залив, каде што им помагаат на партнерите, при што нивниот ангажман нема однапред утврден рок.

Свет | пред 1 седмица

zelenski-putin

Путин најави, Зеленски прифати: Кратко велигденско примирје меѓу Русија и Украина

Кратко примирје меѓу Русија и Украина, најавено по повод православниот Велигден, треба да стапи на сила денеска попладне, во услови на забавени дипломатски напори за ставање крај на војната.Според најавите од Кремљ, прекинот на огнот ќе започне во 16 часот по локално време и ќе трае до крајот на неделата, односно вкупно 32 часа. Наредбата за запирање на борбените операции е издадена до руските воени структури во сите правци.Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Украина е подготвена да го почитува договореното примирје.„Украина е подготвена да го почитува ова ретко затишје во непријателствата“, изјави Володимир Зеленски.И покрај ова, претходни искуства покажуваат дека ваквите договори често се прекршуваат, со меѓусебни обвинувања од двете страни. Слично примирје беше најавено и минатата година за Велигден, но не се одржа во целост.Непосредно пред почетокот на примирјето, украинските власти известија за нови напади во регионите Полтава и Суми, при што загинало едно лице, а повеќе од десет биле повредени.Во меѓувреме, мировните преговори остануваат во застој. Разговорите под покровителство на Соединетите Американски Држави не донесоа конкретен напредок, а вниманието на Вашингтон сè повеќе се пренасочува кон кризата со Иран.Москва и понатаму инсистира на територијални и политички отстапки од Киев, кои украинската страна ги одбива, оценувајќи ги како неприфатливи. Од Кремљ посочуваат дека најавеното примирје не е директно поврзано со тековните преговори за завршување на конфликтот.

Свет | пред 1 седмица

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски: Се откажавме од нуклеарното оружје, а не добивме ништо

Украина направи „голема грешка“ со откажувањето од нуклеарното оружје, изјави Володимир Зеленски, оценувајќи дека за возврат не добила вистински безбедносни гаранции, иако тоа бил клучниот услов.Во интервју за подкастот „The Rest Is Politics“, Зеленски посочи дека членството во НАТО било минимумот што Украина требало да го добие за откажувањето од нуклеарниот арсенал. Наместо тоа, како што рече, земјата не добила ништо, оценувајќи дека договорот бил неправеден и стратешка грешка.Тој нагласи дека одговорноста не е само на Украина, туку и на другите потписнички на Будимпештанскиот меморандум, потсетувајќи дека станува збор за нуклеарни сили кои, според него, требало да обезбедат вистински „безбедносен чадор“.Зеленски додаде дека најголемиот дел од украинското нуклеарно оружје бил префрлен во Русија, оценувајќи дека целиот процес на разоружување на крајот бил „обмана“.Меморандумот за безбедносни гаранции беше потпишан на 5 декември 1994 година во Будимпешта од страна на Украина, Русија, Обединетото Кралство и САД, во рамки на процесот на пристапување на Украина кон Договорот за неширење на нуклеарно оружје.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски: Украински тимови соборувале ирански беспилотни летала на Блискиот Исток

Украинскиот претседател Володимир Зеленски откри дека украински тимови биле ангажирани на Блискиот Исток, каде што соборувале ирански беспилотни летала за време на американско-израелскиот конфликт со Иран, што претставува прво јавно признание за ваков вид ангажман надвор од Украина.Според неговата изјава, украинските сили учествувале во активни операции во странство, користејќи беспилотни летала-пресретнувачи од домашно производство, кои претходно биле тестирани во борбени услови.„На некои земји им ги демонстриравме нашите пресретнувачи. Дали уништивме ирански „Шахеди“? Да, уништивме. Дали тоа го направивме само во една земја? Не, во неколку. И според мене, тоа е успех“, изјави Володимир Зеленски.Оваа изјава претставува значаен сигнал за проширување на улогата на Украина во меѓународните безбедносни операции, особено во контекст на соработката со западните сојузници.Досега, Киев официјално не потврдуваше директно учество на свои сили во операции надвор од територијата на Украина, па оваа изјава отвора нови прашања за обемот и природата на украинската воена поддршка во други региони.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски подготвен за директен состанок со Путин, но ја исклучува можноста за територијални отстапки

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека е подготвен за директен состанок со рускиот претседател Владимир Путин на неутрална територија.„Подготвен сум да се сретнам со Путин. Секако, не во Москва, ниту во Киев, но постојат многу други места – на Блискиот исток, во Европа или во САД“, рече Зеленски.Говорејќи за Донбас, украинскиот лидер ја исклучи можноста за територијални отстапки кон Русија, предупредувајќи дека тоа би ѝ овозможило на руската армија да заземе стратешки позиции без поголеми загуби и потенцијално да ја прошири офанзивата кон други градови, вклучувајќи го и Харков. Тој додаде дека таков потег би предизвикал длабоки поделби во украинското општество и би ја загрозил независноста на земјата.Во врска со ситуацијата на Блискиот исток, Зеленски ги поздрави напорите на САД за постигнување примирје со Иран, оценувајќи дека тоа може да придонесе за ублажување на глобалната енергетска криза, но нагласи дека воената поддршка за Украина мора да продолжи.Украинскиот претседател ја пофали и италијанската премиерка Џорџа Мелони, нарекувајќи ја силен лидер и еден од најгласните застапници на помошта за Украина во Европа, истакнувајќи дека нејзините односи со САД можат да придонесат за притисок врз Москва.Во врска со безбедносните гаранции, Зеленски нагласи потреба од долгорочно присуство на европските и американските партнери, предупредувајќи дека Русија може повторно да покрене офанзива во наредните години.На прашањето за избори, тој рече дека нивното одржување во моментов не е возможно поради воените услови и безбедносните предизвици, но изрази надеж дека САД ќе ги заострат санкциите кон Русија, и покрај продолжениот извоз на нафта.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски: Украинската армија ја запре руската офанзива, најдобра ситуација во последните 10 месеци

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата на фронтот е најдобра од средината на минатата година.Иако војната влегува во својата петта година, борбите продолжуваат долж повеќе од 1.200 километри фронт. Руските сили и понатаму ја исцрпуваат украинската одбрана, но Киев не запира со контраофанзиви. Зеленски посочи дека, земајќи ги предвид окупираните и ослободените територии, Украина моментално е во благ „плус“, ослободувајќи околу 20 квадратни километри, без да прецизира временска рамка.„Офанзивата што ја планираа за март беше осуетена од дејствувањето на нашите вооружени сили. Поради тоа Русите сега ќе ги засилат нападите, но во овој момент не гледаме закана од поголеми размери“, изјави Зеленски.Русија контролира нешто помалку од 20 отсто од територијата на Украина, а според податоци од отворени извори, нејзиното напредување е забавено во 2026 година.„Ситуацијата е сложена, но најдобра во последните 10 месеци“, нагласи Зеленски, повикувајќи се на податоци од украинските и британските разузнавачки служби.Руските сили моментално се групираат во близина на логистичкиот јазол Покровск во Донецката област и кај Хуљајполе во Запорошката област. Украинскиот Генералштаб извести за околу 230 борбени судири во последните 24 часа.Со оглед на тоа што борбите обично се интензивираат со доаѓањето на потопло време, Зеленски истакна дека досегашните дипломатски напори не донеле резултат.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Русија порачува: „Зеленски нема да помине како Мадуро“

Русија нема да го киднапира украинскиот претседател Володимир Зеленски како што тоа го направиле Соединетите Американски Држави со претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, изјави денеска претседателката на Советот на Федерацијата на Русија, Валентина Матвиенко.Таа оцени дека ако Русија се однесуваше на тој начин, би ја загубила самата почит кон себе, пренесе ТАС‑С.„Дали предлагате да го киднапираме Зеленски? Не ме провоцирајте да кажам дека треба некого веднаш да киднапираме. Тоа не е нашиот стил. Ние сме земја која најмногу се почитува себе и е најпочитуваната земја во светот. Ако се однесуваме на овој начин, ќе ја изгубиме самопочитта. И второ, Соединетите Американски Држави немаа никаква корист од атентатот на ајатолахот Али Хамнеи. Но стигмата ќе остане засекогаш во историјата“, рече Матвиенко.САД на 3 јануари нападнаa цивилни и воени цели во Венецуела, заробувајќи го претседателот на таа земја Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес, а потоа ги префрлиja во притвор во Њујорк. Мадуро и Флорес се појавиле пред федерален суд во Њујорк на 5 јануари кога се изјасниле дека не се виновни по обвинувањата за вмешаност во трговија со дрога.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски најави нова ера: Украина потпиша 10-годишни воени договори со заливските држави

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина склучила „историски“ одбранбени договори со земји од Блискиот Исток, со кои се отвора ново поглавје во воено-технолошката соработка.Договорите се потпишани со Катар, Саудиска Арабија и Обединети Арапски Емирати и предвидуваат стратешка соработка во период од десет години. Иако деталите не се јавно објавени, Зеленски откри дека тие вклучуваат и украинско искуство во справување со беспилотни летала.Клучен сегмент од соработката е размената на технологии, при што Украина нуди поевтини системи за пресретнување на дронови, како алтернатива на скапите противвоздушни ракети што ги користат земјите од Заливот.Овие договори доаѓаат во време на засилени безбедносни предизвици во регионот, каде беспилотните летала стануваат сè почесто средство во современите конфликти, што ја прави украинската експертиза особено барана на меѓународниот пазар.

Свет | пред 3 седмици

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски пристигна во Доха – нова дипломатска офанзива

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Доха на работна посета, продолжувајќи ја својата дипломатска турнеја на Блискиот Исток.Според информациите на Катарската новинска агенција, Зеленски бил пречекан на Меѓународниот аеродром во Доха од државниот министер за надворешни работи Мохамед бин Абдулазиз ал-Кулаифи, како и од украинскиот амбасадор во Катар, Андриј Кузменко.„Неговата екселенција, претседателот на Украина Володимир Зеленски, пристигна утринава во Доха на работна посета“, се наведува во соопштението.Посетата следува по неодамнешната посета на Обединетите Арапски Емирати, каде Зеленски разговараше за безбедносна и одбранбена соработка.Се очекува во наредниот период да бидат објавени повеќе детали за агендата и средбите во рамки на посетата.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски: Нема услови за трипартитен состанок со САД и Русија

Нема услови за одржување на трипартитен состанок меѓу Украина, САД и Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, посочувајќи дека безбедносните ограничувања и несогласувањата околу локацијата ги блокираат разговорите.Зеленски нагласи дека комуникацијата со американската страна е континуирана, но дека постојат сериозни пречки за директни средби.„Ние секојдневно разговараме со американската страна, нашиот преговарачки тим разговара со своите колеги. Сепак, постои една потешкотија, се чувствуваме како посредници во овој процес, а не како страна во војната. Зошто? Затоа што сме подготвени да се сретнеме било каде, пожелно во трипартитен формат, но американската страна може само во Америка, а Русија може насекаде, но не во Америка“, изјави Зеленски.Тој посочи дека дополнителен фактор е актуелната безбедносна ситуација.„И засега, поради војната на Блискиот Исток и војната со Иран, Американците, односно тимовите, од безбедносни причини не патуваат во странство“, додаде Зеленски.Поради ваквите околности, засега нема утврден датум за нов трипартитен состанок.

Свет | пред 3 седмици

media-library7d31875pjk7ccA0FL8W

Зеленски бара засилување на санкциите против Русија: „Мора да бидат ефикасни“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата ги повика сојузниците да го зголемат притисокот врз Русија преку санкции, во пресрет на вториот ден од разговорите меѓу украинската и американската делегација за ставање крај на четиригодишната војна започната со руската инвазија. Руски претставници не учествуваат во оваа рунда разговори, кои започнаа во саботата на Флорида.Американската делегација ја предводат специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер. Зеленски порача дека санкциите мора да бидат поефикасни, особено против т.н. „сенчеста флота“ на Русија, која се користи за извоз на нафта и обезбедување приходи за финансирање на војната.„Приходите ѝ даваат на Русија чувство на неказнивост и можност да ја продолжи војната. Затоа притисокот мора да продолжи“, напиша Зеленски, додавајќи дека танкерите поврзани со оваа флота треба да бидат запирани и блокирани.Минатата недела, по наредба на француските власти, беше запленет танкер во Средоземното Море, за кој францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е дел од руската „сенчеста флота“, мрежа што ѝ овозможува на Москва да ги заобиколува западните санкции.Во меѓувреме, мировниот план што го поддржуваат САД вклучува можност за одржување претседателски избори во Украина и потенцијални територијални отстапки. Зеленски се соочува со притисок од Доналд Трамп да распише избори, иако украинските закони не дозволуваат изборен процес за време на воена состојба. Тој изјави дека избори би биле можни доколку се обезбеди двомесечен прекин на огнот.Сепак, поранешниот врховен командант на украинската армија Валериј Залужни се спротивстави на оваа идеја, оценувајќи дека на земјата ѝ е потребен „мир, а не избори во војна“, наместо избори во актуелните услови.

Свет | пред 1 месец

putin

Зеленски: На Путин му одговара долг конфликт на Блискиот Исток

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека продолжениот конфликт меѓу САД, Израел и Иран оди во прилог на Русија и на претседателот Владимир Путин, бидејќи ја пренасочува глобалната енергија и ресурси од Украина.Во изјава за Би-Би-Си, Зеленски посочи дека Кремљ има директен интерес од долготрајна нестабилност на Блискиот Исток, особено по одлуката на администрацијата на Доналд Трамп за 30-дневно изземање што овозможува купување руска нафта и деривати.Според него, ваквите потези ѝ носат финансиска корист на Москва, која може да ги искористи средствата за продолжување на војната против Украина.„Путин ќе посакува долг конфликт. За него, долга војна со Иран е плус. Тоа влијае врз цените на енергенсите, но и ги троши американските резерви и капацитетите за противвоздушна одбрана“, изјави Зеленски.Тој нагласи дека ваквата ситуација значи пренасочување на воените ресурси, кои наместо да се користат за поддршка на Украина, се трошат во друг конфликт.„Путину му одговара тие ресурси да не одат во Украина. Тој има цел да нè ослабне, а тоа е долгорочен процес. Блискиот Исток е еден од начините тоа да се постигне“, додаде украинскиот претседател.Русија е под санкции од САД и Европската унија од почетокот на инвазијата врз Украина во февруари 2022 година, но аналитичарите предупредуваат дека евентуалното нивно ублажување би можело значително да ја зајакне руската економија и воен капацитет.Изјавите на Зеленски доаѓаат во период на засилени геополитички тензии, при што паралелните конфликти отвораат прашања за распределбата на глобалната поддршка и ресурси.

Свет | пред 1 месец

media-librarytlcqb15n5hba1m2XP36

Зеленски: Имам многу лошо чувство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази сериозна загриженост дека војната меѓу САД и Израел со Иран го пренасочува вниманието на Вашингтон од руската агресија врз Украина.Во интервју за Би-Би-Си, снимено за време на неговата посета на Лондон, Зеленски оцени дека развојот на настаните на Блискиот Исток има директни последици врз украинската позиција на меѓународната сцена.„Имам многу лошо чувство во врска со влијанието на овој конфликт врз Украина. За жал, Америка сега е повеќе фокусирана на Блискиот Исток отколку на Украина“, изјави Зеленски.Како конкретна последица, тој го посочи застојот во дипломатските активности, нагласувајќи дека планираните трилатерални состаноци се одложуваат.„Нашите дипломатски, трилатерални средби постојано се одложуваат. Причината е само една – војната со Иран“, додаде украинскиот претседател.Сепак, Зеленски истакна дека комуникацијата меѓу Киев и Вашингтон продолжува на дневна основа, како и контактите меѓу САД и Русија.Тој откри дека постоел предлог за состанок на највисоко ниво во САД, кој Украина го прифатила, но бил одбиен од руската страна.„Американската страна предложи да биде домаќин на средба меѓу двете страни. Ние се согласивме, но Русија го одби тој предлог. Затоа сега се чека нов термин и локација“, рече Зеленски, додавајќи дека Украина е подготвена да прифати било кој датум и место, освен Русија.Изјавите на Зеленски доаѓаат во момент кога глобалниот фокус сè повеќе се насочува кон ескалацијата на Блискиот Исток, што, според него, директно влијае врз дипломатската и воената поддршка за Украина.

Свет | пред 1 месец

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Украина испрати 228 експерти на Блискиот исток

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Украина испратила 228 експерти на Блискиот исток за да им помогнат на земјите во одбраната од напади со беспилотни летала, како и дека се работи на склучување „сериозни договори“ со регионалните лидери, објави Reuters.Зеленски најави дека украинските и американските работни групи ќе продолжат да работат на билатерални документи, а за време на викендот во САД ќе се дискутира и за сеопфатен договор за беспилотни летала.Претходно, Русија објави дека преговорите меѓу САД, Русија и Украина за завршување на војната се во „ситуациска пауза“, главно поради конфликтот со Иран. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека станува збор за привремено запирање и дека Москва очекува продолжување на преговорите штом американската страна повторно се фокусира на украинското прашање.Зеленски порача дека преговорите би можеле да започнат веќе овој викенд, откако Вашингтон испратил сигнали за подготвеност за нов круг. Украинскиот преговарачки тим веќе е на пат за САД, иако сѐ уште не е познато во кој формат ќе се одржат разговорите и кои ќе учествуваат.Директорката на американската национална разузнавачка заедница, Тулси Габард, истакна дека Русија сѐ уште има предност на теренот и веројатно ќе ја продолжи стратегијата на исцрпување додека не се постигне договор.Претходно страните веќе преговарале во Турција, а со посредство на САД и во Абу Даби и Женева, но сѐ уште постојат длабоки разлики, особено околу руските територијални барања кои Украина ги одбива.

Свет | пред 1 месец

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски алармира: Војната на Блискиот Исток ја остава Украина без ракети

Украина се соочува со ризик од сериозен недостиг на клучни ракети за противвоздушна одбрана поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски.Тој оцени дека продолжувањето на војната меѓу САД, Израел и Иран директно влијае врз украинската одбрана, бидејќи ги пренасочува американските ресурси и го намалува капацитетот за снабдување со оружје за Киев.„Имам многу лошо чувство. Преговорите постојано се одложуваат, а причината е една – војната со Иран“, изјави Зеленски, додавајќи дека ваквата состојба му оди во прилог на рускиот претседател Владимир Путин.Според него, долготрајниот конфликт на Блискиот Исток значи зголемување на цените на енергенсите, но и исцрпување на американските резерви и производствени капацитети за противвоздушна одбрана.Зеленски посебно предупреди на можен недостиг од ракети за системот „Патриот“, оценувајќи дека тоа ќе претставува сериозен предизвик за украинската одбрана.„Америка произведува околу 60 до 65 ракети месечно. Тоа се 700 до 800 годишно, а само во првиот ден од војната на Блискиот Исток беа употребени повеќе од 800 ракети“, посочи тој.Украинскиот претседател истакна и дека американскиот претседател Доналд Трамп има амбиција да биде посредник во конфликтот со Русија, но дека неговата стратегија на директна комуникација со Путин отвора прашања за позицијата на Украина.Воедно, Зеленски предупреди на ризик од поделби меѓу западните сојузници и повика на поголема координација, нагласувајќи дека фокусот мора да остане на војната во Украина.„Режимите во Русија и Иран се поврзани и делуваат заеднички. Не смееме да дозволиме такви системи да победат или да ја загрозат Европа“, порача Зеленски.

Свет | пред 1 месец

media-libraryhkp5knaee49a2HZXQ6O

Стармер: Не смее да се заборави Украина поради конфликтот во Иран

Британскиот премиер Кир Стармер за време на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Лондон нагласи дека „фокусот мора да остане на Украина“ и покрај тековниот конфликт во Иран. Примачувајќи го Зеленски во Дауннинг Стрит, Стармер посочи дека „Путин не смее да профитира од конфликтот во Иран, ниту преку цените на нафтата, ниту преку укинување на санкциите“.Средбата се одржува во момент кога американско-израелскиот конфликт со Иран влегува во третата недела, додека американскиот претседател Доналд Трамп продолжува со критики кон Обединетото Кралство и други земји за нивниот одговор на ситуацијата.За време на разговорите, двата лидери се договорија за ново одбранбено партнерство насочено кон спречување на напади со евтини дронови. Според соопштението од Дауннинг Стрит, партнерството ќе ја комбинира „украинската експертиза и индустриска база на Обединетото Кралство“ за производство и снабдување со дронови и други воени капацитети, со можност за поширока соработка со трети земји за зајакнување на меѓународната безбедност. Британија ќе обезбеди и 500.000 фунти за финансиирање на Центар за извонредност за вештачка интелигенција во Киев.Стармер потенцира дека поддршката на Обединетото Кралство за Украина останува непоколеблива: „Нашата решеност е несломлива. Јасно е дека на Блискиот исток се одвива конфликт, но не смее да се изгуби од видокруг што се случува во Украина и потребата за нашата поддршка“.Британскиот министер за одбрана Џон Хили додаде дека „се повеќе е важно да се потпреме на украинската експертиза и иновации“, додека Стармер истакна дека дроновите, електронското војување и брзите иновации на бојното поле се клучни за националната и економската безбедност, особено во контекст на конфликтот на Блискиот исток.Зеленски се заблагодари на Обединетото Кралство за поддршката, истакнувајќи дека „бевте со нас во текот на целата тешка зима“. Посетата на Лондон е дел од неговата турнеја по европските престолнини со цел да обезбеди понатамошна поддршка и да го одржи конфликтот со Русија, кој влезе во четвртата година, во центарот на вниманието на сојузниците.Украинскиот претседател нагласи дека Киев има „најголемо искуство во светот во спречување на напади со дронови“, користејќи евтини, масовно произведени дронови пресретачи за заштита на своето небо, а неговите воени експерти се испратени во Катар, ОАЕ и Саудиска Арабија за помош во одбраната од дронови лансирани од Иран.

Свет | пред 1 месец

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски ја прифати помошта од ЕУ за поправка на нафтоводот „Дружба“

Украина се согласи на надворешна инспекција на оштетениот нафтовод „Дружба“, која ќе биде финансирана од Европска Унија, потврдија денеска од Брисел. Овој чекор доаѓа само два дена пред клучниот самит на европските лидери, каде што се бара решение за деблокирање на заемот за Украина во вредност од 90 милијарди евра, кој е блокиран поради вето од Унгарија.Политичкиот исчекор се случува во пресрет на состанокот на лидерите на ЕУ, на кој во фокусот ќе биде токму унгарската блокада. Европската Унија се обидува да обезбеди исплата на заемот договорен уште во декември, но ветото на Будимпешта сè уште го попречува процесот. Во заедничка изјава, претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, наведоа дека ЕУ ѝ понудила техничка и финансиска поддршка на Украина, што украинската страна ја прифатила, додавајќи дека европските експерти се веднаш достапни.Унгарскиот премиер Виктор Орбан тврди дека нафтоводот, преку кој се транспортира евтина руска нафта, е функционален и дека украинскиот претседател Володимир Зеленски го блокира од политички причини поврзани со претстојните избори во Унгарија на 12 април. Зеленски, пак, изјави дека е под притисок од европските сојузници повторно да го отвори нафтоводот, што го оцени како лоша идеја, иако нагласи дека станува збор за негов личен став.Во писмо до европските лидери, Зеленски ги отфрли обвинувањата на Орбан како неосновани и посочи дека прекинот во снабдувањето е последица на руски напади врз нафтоводот и придружната инфраструктура кон крајот на јануари. Според него, пумпната станица Броди во источна Украина претрпела сериозни оштетувања, што го прави безбедниот транспорт на нафта невозможен. Тој додаде дека поправката би траела околу месец и половина, доколку не дојде до нови напади.Европските лидери нагласија дека поправката на „Дружба“ станала уште поважна поради нестабилноста на енергетските пазари, поттикната од конфликтите на Блискиот Исток, кои ја зголемија цената на нафтата над 100 долари за барел. Во меѓувреме, одлуката на Соединети Американски Држави да ги ублажи санкциите за руската сурова нафта предизвика критики од европските сојузници.И покрај неизвесноста, Брисел се надева дека новиот компромис ќе помогне да се надмине ќор-сокакот и да се овозможи брза санација на нафтоводот. Сепак, засега останува нејасно дали овој потег ќе биде доволен Виктор Орбан да го повлече ветото пред изборите во април.

Свет | пред 1 месец

media-library54ga6e29pir3diXi9yC

Зеленски: Русија му помогнала на Иран

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Русија му помогнала на Иран да ги унапреди дроновите „Шахед“, кои денес претставуваат закана за земјите на Блискиот Исток.Во интервју за „Jерусалем пост“, што го пренесува Украинформ, Зеленски наведе дека овие дронови значително напредувале во однос на почетните верзии користени на почетокот на војната во Украина.Тој изјави дека Иран, и покрај претходните негирања, испорачал дронови на Русија, ги обучил руските сили за нивна употреба и споделил технологија и лиценци за производство.Според него, Русија сега возвраќа со обезбедување унапредени верзии и техничко знаење за Иран.„Ова е огромна количина знаење од бојното поле. Тоа се нови технологии засновани на иранските развои и сето тоа ќе има влијание врз други региони. Секогаш сум зборувал за Африка, Блискиот Исток и Европа“, додаде украинскиот лидер.Зеленски предупреди дека заканата од дронови се проширила надвор од Украина и сега ги погодува Израел, земјите од Персискиот Залив и американските сили во регионот, оценувајќи дека искуствата од бојното поле доведуваат до развој на нови технологии што влијаат врз повеќе региони во светот.

Свет | пред 1 месец

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Иран: Зеленски се обидува да ја вовлече Украина во конфликт со Техеран

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаеи изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски веќе четири години го вовлекува украинскиот народ во постојана војна со Русија и се обидува да вовлече и други држави во конфликтот.„Со жалење забележуваме дека народот на Украина навистина падна под влијание на човек кој веќе четири години ја води оваа земја – иако немаме проблем со украинскиот народ – кон неизбежна војна и постојано инсистира на продолжување на тој пат. Бидејќи не успеа да ги постигне целите што му беа наметнати од други, за жал, постојано се обидува да вовлече и други земји во конфликтот“, изјави Багаеи на брифинг, одговарајќи на прашање за изјавите на Зеленски за испраќање воени советници.Тој реагираше на најавите дека украински воени советници би можеле да им помогнат на американските сојузници во одбраната од ирански дронови.„Од самиот почеток изјавивме дека не играме никаква улога и дека не се мешаме во конфликтот во Украина“, додаде тој, истакнувајќи дека обвинувањата дека Иран е вмешан во војната се неосновани.Според него, Зеленски, „заглавен во мочуриштето на војната со Русија“, се обидува да го вовлече украинскиот народ и во конфликт со Иран преку испраќање воени советници на Блискиот Исток за борба против ирански беспилотни летала.Во меѓувреме, тензиите во регионот дополнително се зголемија откако САД и Израел на 28 февруари изведоа серија напади врз цели на територијата на Иран, вклучително и во Техеран. Во нападите имало и цивилни жртви, по што Иран возврати со ракетни напади врз израелска територија и врз американски воени објекти на Блискиот Исток.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2025-08-17-at-20.54.17

Зеленски: Притисокот да се отвори рускиот нафтовод во замена за оружје е уцена

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска им порача на европските сојузници дека притисокот повторно да се отвори нафтоводот Дружба, кој транспортира руска нафта, претставува „вид уцена“.Киев тврди дека нафтоводот од советската ера, кој минува низ Украина, бил оштетен во руски напад во јануари. Според украинските власти, поправките може да траат и до шест недели, што предизвика незадоволство кај Унгарија и Словачка, кои значително зависат од овој нафтовод за своите енергетски потреби.Двете земји се заканија дека ќе ја блокираат помошта на Европска Унија за Украина доколку нафтоводот не биде брзо повторно пуштен во употреба. Во меѓувреме, Европска комисија предложи испраќање мисија која ќе ја процени штетата, дополнително вршејќи притисок врз Киев.„Ако сме решиле повторно да пуштиме руска нафта на пазарот, тогаш сакам да знаат дека сум против тоа. Но ако се поставуваат услови дека Украина нема да добие оружје, тогаш, извинете, немоќен сум – тоа се нарекува уцена“, изјави Зеленски пред новинарите.Тој воедно ја критикуваше и владата на Виктор Орбан, обвинувајќи ја дека шири „антиукраински чувства“. Односите меѓу Киев и Будимпешта дополнително се влошија во последните недели поради спорот околу нафтоводот.Во меѓувреме, војната меѓу Израел и Иран сериозно ги потресе глобалните енергетски пазари. Стратешкиот Ормуски теснец, преку кој некогаш минуваше околу една петтина од светската нафта, е речиси парализиран поради конфликтот.Украина, која испрати експертски тимови за одбрана од дронови кај сојузниците на Вашингтон во Персискиот Залив, изрази стравување дека фокусот на Соединетите Американски Држави кон Блискиот Исток може да ја намали поддршката за Киев.Во исто време, Русија продолжува со нападите врз Украина. Во неделата рано наутро, во напад со руски дрон врз возило на брза помош во регионот Харков загинаа двајца медицинари, соопшти локалната полиција.Зеленски изјави дека само во изминатата недела Русија ја нападнала Украина со илјадници дронови и воздушни бомби, како и со десетици ракети. Во меѓувреме, украински дрон предизвикал пожар во складиште за нафта во рускиот Краснодарски крај. Тој најави и дека Франција до крајот на годината ќе ѝ испорача на Украина систем за противвоздушна одбрана способен да пресретнува балистички ракети.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања