Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Зеленски подготвен за директен состанок со Путин, но ја исклучува можноста за територијални отстапки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски изјави дека е подготвен за директен состанок со Путин на неутрална територија, но не во Москва или Киев. За Донбас, тој отфрли територијални отстапки, предупредувајќи на стратешки ризици, можност за проширување на офанзивата и внатрешни поделби што би ја загрозиле независноста. Тој ги поздрави напорите на САД за примирје со Иран поради енергетската криза, но побара продолжување на воената поддршка за Украина. Зеленски ја пофали Мелони и нагласи потреба од долгорочни безбедносни гаранции; избори сега не се можни и бара построги санкции кон Русија.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека е подготвен за директен состанок со рускиот претседател Владимир Путин на неутрална територија.

„Подготвен сум да се сретнам со Путин. Секако, не во Москва, ниту во Киев, но постојат многу други места – на Блискиот исток, во Европа или во САД“, рече Зеленски.

— реклама —

Говорејќи за Донбас, украинскиот лидер ја исклучи можноста за територијални отстапки кон Русија, предупредувајќи дека тоа би ѝ овозможило на руската армија да заземе стратешки позиции без поголеми загуби и потенцијално да ја прошири офанзивата кон други градови, вклучувајќи го и Харков. Тој додаде дека таков потег би предизвикал длабоки поделби во украинското општество и би ја загрозил независноста на земјата.

Во врска со ситуацијата на Блискиот исток, Зеленски ги поздрави напорите на САД за постигнување примирје со Иран, оценувајќи дека тоа може да придонесе за ублажување на глобалната енергетска криза, но нагласи дека воената поддршка за Украина мора да продолжи.

— реклама —

Украинскиот претседател ја пофали и италијанската премиерка Џорџа Мелони, нарекувајќи ја силен лидер и еден од најгласните застапници на помошта за Украина во Европа, истакнувајќи дека нејзините односи со САД можат да придонесат за притисок врз Москва.

Во врска со безбедносните гаранции, Зеленски нагласи потреба од долгорочно присуство на европските и американските партнери, предупредувајќи дека Русија може повторно да покрене офанзива во наредните години.

На прашањето за избори, тој рече дека нивното одржување во моментов не е возможно поради воените услови и безбедносните предизвици, но изрази надеж дека САД ќе ги заострат санкциите кон Русија, и покрај продолжениот извоз на нафта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Свет | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: „Победата е наша“

Свет | пред 1 ден

nafta

Русија го запира извозот на казахстанска нафта кон Германија

Свет | пред 1 ден

kremlj

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања