Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Зеленски: Нафтоводот Дружба е поправен и може да продолжи со работа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Свет
media-library4fivrrlqs37c9z0zFuJ

Нафтоводот „Дружба“, преку кој руската нафта се доставува во Европа, е подготвен да продолжи со работа, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, сигнализирајќи дека Киев сега очекува деблокада на пакет помош од 90 милијарди евра.

„Украина ги заврши поправките на делот од нафтоводот Дружба кој беше оштетен во руски напад. Нафтоводот може да продолжи со работа“, напиша Зеленски на X.

— реклама —

Дискутиравме за нашите приоритети во енергетската соработка со партнерите.

— реклама —

Запирањето на протокот предизвика негодување во Унгарија и Словачка, кои и понатаму зависат од увоз на руска нафта.

Унгарската влада се закани дека како одговор ќе ја укине енергетската помош за Украина, а премиерот Виктор Орбан долго време го блокираше пакетот помош за Киев договорен од Европската комисија.

Зеленски додаде дека Украина, чиј воен буџет во голема мера зависи од странско финансирање, очекува исплата на средствата како што е договорено, по поправката на нафтоводот „Дружба“.

„Тоа го поврзуваме со деблокирањето на европскиот пакет помош за Украина, кој веќе е одобрен од Европскиот совет“, рече тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Донбас станува „Дониленд“?; Зеленски: „Само да не биде Путинленд“

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-library0ste2oguq4gtdQTACnD

(Видео) Зеленски се сретна со шведскиот крал

Свет | пред 5 дена

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски во Берлин: во фокус воена и финансиска помош за Украина

Свет | пред 1 седмица

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски најави нови безбедносни договори со земји од Блискиот Исток

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања