Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Зеленски: Се откажавме од нуклеарното оружје, а не добивме ништо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS
screenshot youtube

Украина направи „голема грешка“ со откажувањето од нуклеарното оружје, изјави Володимир Зеленски, оценувајќи дека за возврат не добила вистински безбедносни гаранции, иако тоа бил клучниот услов.

Во интервју за подкастот „The Rest Is Politics“, Зеленски посочи дека членството во НАТО било минимумот што Украина требало да го добие за откажувањето од нуклеарниот арсенал. Наместо тоа, како што рече, земјата не добила ништо, оценувајќи дека договорот бил неправеден и стратешка грешка.

— реклама —

Тој нагласи дека одговорноста не е само на Украина, туку и на другите потписнички на Будимпештанскиот меморандум, потсетувајќи дека станува збор за нуклеарни сили кои, според него, требало да обезбедат вистински „безбедносен чадор“.

Зеленски додаде дека најголемиот дел од украинското нуклеарно оружје бил префрлен во Русија, оценувајќи дека целиот процес на разоружување на крајот бил „обмана“.

— реклама —

Меморандумот за безбедносни гаранции беше потпишан на 5 декември 1994 година во Будимпешта од страна на Украина, Русија, Обединетото Кралство и САД, во рамки на процесот на пристапување на Украина кон Договорот за неширење на нуклеарно оружје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Донбас станува „Дониленд“?; Зеленски: „Само да не биде Путинленд“

Свет | пред 7 часа

— реклама —
media-library4fivrrlqs37c9z0zFuJ

Зеленски: Нафтоводот Дружба е поправен и може да продолжи со работа

Свет | пред 1 ден

media-library0ste2oguq4gtdQTACnD

(Видео) Зеленски се сретна со шведскиот крал

Свет | пред 5 дена

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски во Берлин: во фокус воена и финансиска помош за Украина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања