Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Драма во Штип: Се претставил како полицаец, одзел возило, удрил во паркиран автомобил и нападнал полицаец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
IMG_4867

Полицијата уапси 46-годишен маж од Штип кој лажно се претставил како полициски службеник, одзел возило, предизвикал сообраќајна незгода и при апсењето нападнал полицаец.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска околу 09:00 часот полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.Х.Ј. (46) во угостителски објект на улицата „Сутјеска“ во Штип.

— реклама —

Според информациите, околу 08:00 часот пред влезот на средно училиште во Штип тој го сопрел М.А. од Штип и, претставувајќи се лажно како полицаец, извршил лажен претрес на службено возило „пежо“ со штипски регистарски ознаки, по што му го одзел возилото и се упатил кон населбата Ново Село.

— реклама —

Додека се движел со возилото, Б.Х.Ј. предизвикал сообраќајна незгода на улицата „Маршал Тито“, удирајќи во паркиран автомобил, а потоа продолжил кон центарот на градот.

Околу 08:45 часот на улицата „Сутјеска“ пресретнал жена од Штип која шетала куче и насилно ѝ го одзел кучето, по што се оддалечил од местото.

По преземени мерки од страна на полициските службеници, возилото било лоцирано, а осомничениот уапсен. При лишувањето од слобода, полициски службеник се здобил со телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип.

Од МВР додаваат дека во текот на ноќта истото лице било пријавено и за уште два инциденти – расправија и упатување навреди, како и за оштетување банкомат во објект на улицата „Сутјеска“.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryotrv38dbbpjg0gSI8pf

Трагедија во семеен дом: Син осомничен за убиство на татко во Гостивар

Македонија | пред 23 минути

media-library6t3i1sderu153qZVLGp

Акциска контрола на МВР: 43 санкционирани возачи за пречекорена брзина

Македонија | пред 13 часа

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени осум возачи: шест биле без возачка, а двајца пијани

Македонија | пред 16 часа

policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка во Карпош, кога полицијата интервенирала едно од лицата се заканувало кон службеник, па го привеле

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања