Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Дрога спакувана во најлонски и книжни омоти во пластична кофа под маса – четворица осомничени за трговија во Валандовско

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
h_54384372-220098

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничен кој во временскиот период од октомври 2025 година до 23.01.2026 година, во угостителски објект во валандовското село Јосифово, неовластено заради продажба држел 121,40 грама марихуана,  751,99 грама хашиш и 37,44 грама мешавина од хашиш и марихуана.

— реклама —

Дрогата била спакувана во најлонски и книжни омоти ставени во пластична кофа со капак под работната иноксна маса во објектот.  Полициски службеници пронашле и една пластична вага со остатоци од наркотична дрога.

— реклама —

Од тие причини постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

За истото кривично дело се осомничени уште 3 лица, кои меѓусебно препродавале наркотична дрога марихуана во непосредна близина на плантажи со лозје во Јосифово. На 21 јануари едниот осомничен продал 679,97 грама марихуана на вториот осомничен, а тој потоа неовластено ја држел во штала.

Следниот ден дрогата ја однел кај третото лице во селото Пирава, кое требало да ја препакува и да посредува во купопродажбата на марихуаната на крајни корисници – зависници. При претресите полициски службеници ја пронашле дрогата, како и уште дополнителни 65,13 грама марихуана, 110 семки кои потекнуваат од растението канабис и вага со остатоци од наркотична дрога.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени дилери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-39-2680PM

Вишото јавно обвинителство остана без шеф, никој не доби потребна поддршка

Македонија | пред 3 дена

media-librarydpqi2912p5fn4XnUYXr

Парите од измамите за лажни сообраќајки завршувале во Бугарија, приведени четири лица

Македонија | пред 3 седмици

media-librarynrr78uj11n3e5s1L3vA

Наместо прометот да го стави во сеф, си го земал за себе: Менаџер од Чаир присвоил речиси 2,8 милиони денари

Македонија | пред 1 месец

media-library3evk0esuong61cpIaAX

За омраза и отпор ќе одговараат дел од демонстрантите по протестите за одземените возила, вели Обвинителство

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања