Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Дрон со проектил без експлозив падна во дворот на градинка во Белград

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Балкан
media-libraryh2fqr11uckdb2XmHbgA

Полицијата го обезбеди дворот на градинката „Оаза“ на Батјаничкиот пат во Белград, каде што бил пронајден дрон. Според информациите, дронот бил најден под дрво, а на него имало лежиште со проектил кој немал експлозивно полнење ниту упалувач.

Лидерот на партијата „Србија Центар“ (СРЦЕ), Здравко Понош, на социјалната мрежа X објави дека во дворот на градинката „Оаза“ бил забележан дрон и побара од министерот за одбрана Братислав Гашиќ да одговори дали леталото му припаѓа на српското воено воздухопловство.

— реклама —

Гашиќу, дали ова можеби тебе ти испадна? Можеби не си забележал. Не би било проблем, но изгледа дека паднало во кругот на градинката „Оаза“, напиша Понош.

— реклама —

Војниот аналитичар Александар Радиќ за nova.rs изјави дека станува збор за дрон-камиказа со инертна минофрлачка мина, што значи дека нема експлозив.

Во прашање е дрон камиказа со минофрлачка мина, инертна – без експлозивно полнење, објасни Радиќ, коментирајќи ја објавата на Понош, кој сподели фотографија од проектилот.

Според него, ваков инцидент може да се случи при тестирање на беспилотни летала.

Најверојатно се испитувал системот, изгубиле контрола и тоа се случува, изјави Радиќ.

Од градинката „Оаза“ не сакаа да даваат изјави, објаснувајќи дека нивниот приоритет е грижата за децата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2ro9vqk25vo01oQmliL

Вучиќ и фон дер Лајен разговараа за европскиот пат на Србија

Свет | пред 14 часа

— реклама —
media-library4pds9h0ctsn8cPwbI1B

(Видео) Опозициски критики кон претседателот Вучиќ за односот со Русија

Свет | пред 18 часа

media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

Уапсен 20-годишник, осомничен за учество во војната во Украина

Балкан | пред 19 часа

media-libraryo3atpber2kltbOhFQP9

Малолетник фрлил бомба во Крагуевац за 1.000 евра

Свет | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања